Дејствито се случува околу 23 часот, во познат угостителски објект во град Скопје.
Друштво од четири момчиња (сите на возраст околу 14 години) ,седат на маса во угостителскиот објект, и како и во секое друштво си кажуваат шеги и случки од нивното секојдневие. Нормално, на тоа и се смеат.
До нивната маса седат две машки полнолетни лица (двајцата на возраст од околу 25-30 години), и на детската смеа, двете машки полнолетни лица дрско им викаат "што се смеете бе". На тоа, малолетникот што подоцна бил истепан, им одговара дека не им се смеат ним, и веднаш децата престануваат да се смеат и шегуваат. Но деца како деца по некое време повторно се насмеале и едниот од двете машки полнолетни лица доаѓа до малолетникот и му удира многу јак шамар на малолетникот. Детето успева да се задржи за масата да не падне и му вели на тој што го удрил, зашто го мава. Во тој момент станува другото машко полнолетно лице и со уште поголема сила, со бокс, го удира малолетникот, и малолетникот паѓа на земја.
Децата видно уплашени (престрашени од дејствието),му помагаат да стане на нивниот другар и малолетникот после неколку секунди кога станал, двете машки полнолетни лица повторно го малтретираат, едниот го дрмал за вилица и го влечеле велејќи му ајде дојди со нас во кола. Отргнувајќи се од нив, престрашениот малолетник останува со своите исто така уплашени другари. Двете машки полнолетни лица бегаат од местото на случајот, влегуваат во автомобил и со навредливи зборови кон децата си заминуваат во непознат правец.
Што ме натера да го напишам ова????
Како прво,ме иритира како никој од вработените не го видел тоа(???), и ако го видел зошто не реагирал, како второ каде било обезбедувањето што тој локал го има, и како трето како никој од присутните не реагирал на тоа малтретирање што е извршено ВРЗ МАЛОЛЕТНИК...........
Случајот е пријавен во полиција, но сеуште, еве веќе десет дена нема никаков одговор од страна на полицијата.
Едно не ми е јасно дали полицијата ќе ги информира за тоа или тие самите ќе треба да побараат одговор, односно да постапат на некој начин??, а кој е тој ве молам дајте совет.
ВИ БЛАГОДАРАМ.