Употребена физичка сила врз малолетник

Член од
12 ноември 2007
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дејствито се случува околу 23 часот, во познат угостителски објект во град Скопје.
Друштво од четири момчиња (сите на возраст околу 14 години) ,седат на маса во угостителскиот објект, и како и во секое друштво си кажуваат шеги и случки од нивното секојдневие. Нормално, на тоа и се смеат.
До нивната маса седат две машки полнолетни лица (двајцата на возраст од околу 25-30 години), и на детската смеа, двете машки полнолетни лица дрско им викаат "што се смеете бе". На тоа, малолетникот што подоцна бил истепан, им одговара дека не им се смеат ним, и веднаш децата престануваат да се смеат и шегуваат. Но деца како деца по некое време повторно се насмеале и едниот од двете машки полнолетни лица доаѓа до малолетникот и му удира многу јак шамар на малолетникот. Детето успева да се задржи за масата да не падне и му вели на тој што го удрил, зашто го мава. Во тој момент станува другото машко полнолетно лице и со уште поголема сила, со бокс, го удира малолетникот, и малолетникот паѓа на земја.
Децата видно уплашени (престрашени од дејствието),му помагаат да стане на нивниот другар и малолетникот после неколку секунди кога станал, двете машки полнолетни лица повторно го малтретираат, едниот го дрмал за вилица и го влечеле велејќи му ајде дојди со нас во кола. Отргнувајќи се од нив, престрашениот малолетник останува со своите исто така уплашени другари. Двете машки полнолетни лица бегаат од местото на случајот, влегуваат во автомобил и со навредливи зборови кон децата си заминуваат во непознат правец.
Што ме натера да го напишам ова????
Како прво,ме иритира како никој од вработените не го видел тоа(???), и ако го видел зошто не реагирал, како второ каде било обезбедувањето што тој локал го има, и како трето како никој од присутните не реагирал на тоа малтретирање што е извршено ВРЗ МАЛОЛЕТНИК...........
Случајот е пријавен во полиција, но сеуште, еве веќе десет дена нема никаков одговор од страна на полицијата.
Едно не ми е јасно дали полицијата ќе ги информира за тоа или тие самите ќе треба да побараат одговор, односно да постапат на некој начин??, а кој е тој ве молам дајте совет.
ВИ БЛАГОДАРАМ.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
451
Не ги интересирало друже тоа ни вработените ни некој друг внатре, шо ќе влегува во туѓи манџи од кај знае што све сте правеле вие таму.
Имам јадено ќутек у автобус ко магаре од незнам колку беа па никому ништо. Полицијата не ти помага доколку немаш некои јаки врски таму, ти чекаш 10 дена а јас чекам 2 години за една тепачка и тоа пријавив со име и презиме....џабе друже, си кркал ќутекот другпат памет у глава и после 23:30 во петок и сабота не смееш а преку недела до 22:00....да си знаеш само така ми кажаа и на мене на времето кога бев у полиција
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
11.448
Поени од реакции
14.221
Aко тепаниот нема врски во полиција што би дошле во локалот да изнудат информации за тепачот и после да го донесат да одговара,ке мора да се задоволиш со старите “така се расте’’ и “и ќутекот од рај искочил’’....
Жално е греота е малоумно е ама тоа е,ке мора да сватиш на овој или на оној начин дека кај нас така функционираат и меѓучовечки односи и правен систем,кратко и едноставно или ке газиш или ке те газат.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
44
Дејствито се случува околу 23 часот, во познат угостителски објект во град Скопје.
Друштво од четири момчиња (сите на возраст околу 14 години) ,седат на маса во угостителскиот објект, и како и во секое друштво си кажуваат шеги и случки од нивното секојдневие. Нормално, на тоа и се смеат.
До нивната маса седат две машки полнолетни лица (двајцата на возраст од околу 25-30 години), и на детската смеа, двете машки полнолетни лица дрско им викаат "што се смеете бе". На тоа, малолетникот што подоцна бил истепан, им одговара дека не им се смеат ним, и веднаш децата престануваат да се смеат и шегуваат. Но деца како деца по некое време повторно се насмеале и едниот од двете машки полнолетни лица доаѓа до малолетникот и му удира многу јак шамар на малолетникот. Детето успева да се задржи за масата да не падне и му вели на тој што го удрил, зашто го мава. Во тој момент станува другото машко полнолетно лице и со уште поголема сила, со бокс, го удира малолетникот, и малолетникот паѓа на земја.
Децата видно уплашени (престрашени од дејствието),му помагаат да стане на нивниот другар и малолетникот после неколку секунди кога станал, двете машки полнолетни лица повторно го малтретираат, едниот го дрмал за вилица и го влечеле велејќи му ајде дојди со нас во кола. Отргнувајќи се од нив, престрашениот малолетник останува со своите исто така уплашени другари. Двете машки полнолетни лица бегаат од местото на случајот, влегуваат во автомобил и со навредливи зборови кон децата си заминуваат во непознат правец.
Што ме натера да го напишам ова????
Како прво,ме иритира како никој од вработените не го видел тоа(???), и ако го видел зошто не реагирал, како второ каде било обезбедувањето што тој локал го има, и како трето како никој од присутните не реагирал на тоа малтретирање што е извршено ВРЗ МАЛОЛЕТНИК...........
Случајот е пријавен во полиција, но сеуште, еве веќе десет дена нема никаков одговор од страна на полицијата.
Едно не ми е јасно дали полицијата ќе ги информира за тоа или тие самите ќе треба да побараат одговор, односно да постапат на некој начин??, а кој е тој ве молам дајте совет.
ВИ БЛАГОДАРАМ.
Прво, забележав дека многу детали наведуваш од случајот и прво што ми паѓа на ум е дека или си еден од тепаните или пак негов близок (татко,брат и сл.)...Бидејќи случајот е пријавен во полиција, тој што го пријавил треба да ги посочи сите кои биле сведоци на тој настан ( келнери, шанкери...). Сигурно некој видел со каква кола избегале, а многу веројатно се и редовни гости, кога веќе си земале слобода да тепаат покрај тоа што имало обезбедување, кое пак морало да реагира. За нивниот однос, ако веќе се обележани како припадници на некоја агенција за обезбедување, треба да бидат пријавени во агенцијата (мислам дека има и некоја комора надлежна за сите агенции). Полицијата сигурно ќе ве информира доколку дојде до некои сознанија или и се потребни дополнителни појаснувања ( под услов да е заангажирана за случајот ), ама можете и самите од време на време да прашате дали има новости во истрагата. Доколку пак мислите дека поединци од полицијата намерно го забошотуваат случајот или пак сакаат да ги заштитат тепачите ( за што ќе требаат и докази ) може да поднесете писмена претставка до МВР, поточно до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Се плашам дека и овој случај инаку може да се најде Ад Акта.:toe:
 
P

Princ

Гостин
Јас пак забележав еден друг детал
Дејствито се случува околу 23 часот, во познат угостителски објект во град Скопје.
Друштво од четири момчиња (сите на возраст околу 14 години)
Децата не заслужиле ќотек. Но, хипотетички зборено (и правно), да си биле тие кај што им е место на 14 годишни деца во 23 часот (дома) на нивната маса во угостителскиот објект ќе седеле 24 годишни "деца". Приказнава би имала сосема различен хепиенд.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
44
Јас пак забележав еден друг детал

Децата не заслужиле ќотек. Но, хипотетички зборено (и правно), да си биле тие кај што им е место на 14 годишни деца во 23 часот (дома) на нивната маса во угостителскиот објект ќе седеле 24 годишни "деца". Приказнава би имала сосема различен хепиенд.
Тоа и јас го забележав, туку нејсе...Не значи дека некој копук може да ги превоспитува.
 
P

Princ

Гостин
Далеку од превоспитување. Случајов е за секоја осуда и сите оние други термини кои често ги користат политичариве.
Само нелогично ми изгледа да бараш правда индиректно причинета од твое непочитување на законите. Реков, ако во 23 часот 14 годишните деца си биле дома, на нивната маса во истиот угостителски објект ќе седеле 24 годишни деца. Не верувам дека некој ќе се осмелел така да се заебава со вториве.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
44
Далеку од превоспитување. Случајов е за секоја осуда и сите оние други термини кои често ги користат политичариве.
Само нелогично ми изгледа да бараш правда индиректно причинета од твое непочитување на законите. Реков, ако во 23 часот 14 годишните деца си биле дома, на нивната маса во истиот угостителски објект ќе седеле 24 годишни деца. Не верувам дека некој ќе се осмелел така да се заебава со вториве.
ОК, не навлегуваме во детали, бидејки пишува околу 23 часот...Ако тие деца го пречекориле своето излегување, постојат прекршочни пријави, а никако тоа да се користи како алиби за непреземање мерки против фраерите од страна на полицијата. Таа фраза „ а што си барал ти таму ? да си седел дома немало никој да те тепа„ не пали.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.964
Поени од реакции
359
Тепање на малолетници е се почесто како што приметувам . Пред некој ден поминував со двајца другари низ старото основно школо и видов еден продавач како ги мава децата со шамари , деца од 7-8 одделение . Ама не се сите толку трпеливи , само што бев сведок како дете му извади пиштол на продавачот со закани дека ако уште еднаш го допре ќе пука ..
Подоцна случајот беше пријавен во полицијата и уште никој нема чуено што превзема полицијата нити против нелегалното користење на оружје , нити против употреба на физичка сила врз малолетник.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Случката е страшна, и да и мене ме чуди како никој ако не од гостите барем од вработените не превземале ништо.Најверојатно дечките (фаците) се маалски тепачи и немаат што да прават на 30 години па тепаат 14 годишни деца.Само лошото е дека тие деца можат да пријавуваат колку сакаат, никој ништои нема да превземе.Не е ни прв ни последен пат. Тепањето во нашата држава е како такво прифатено дали зборуваме за домашно тепање или на улица.И незнам што сте се фатила за времето во кое седеле.Прво ко никој од нас да не седел после дозволеното време надвор, второ истово би се случило и во 20 часот.
Фамилијата на децава може ако сака секој ден да иде до полиција да види дали има нешто ново, според мене за џабе ќе иде.Тоа е тоа..Македонија.Несакам да навлегувам зашто и како зашто ќе треба да се оправаме дали е вмро и сдсм крив..
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.298
Тепањето во нашата држава е како такво прифатено дали зборуваме за домашно тепање или на улица.И незнам што сте се фатила за времето во кое седеле.Прво ко никој од нас да не седел после дозволеното време надвор, второ истово би се случило и во 20 часот.
Епа да се фатиме, ако не за добриот коњак што го нудат во локалот. Законот е поставен за да се почитува. Или малолетникот смее да го крши, полнолетникот не смее. Малите смеат да седат по 23, големите не смеат да тепаат. Мајката?! :tapp:

Плус, прочитана е само една страна од приказната. Што навистина се случило не знаеме. И ако 14 годишните “момци“ сакаат да бидат големи и јаки фраери, треба да се соочат со тоа што и вистинските момци фраери го доживуваат во скопските локали околу 23... веројатноста да изедат ќутек.

Благодарам и пријатно. Со среќа со жалбите...
 
P

Princ

Гостин
Прво ко никој од нас да не седел после дозволеното време надвор
Јас не сум седел. И не ме тепале досега фала богу. Океј?
второ истово би се случило и во 20 часот.
Не, истово во никој случај не би се случило во 20 часот. Истово ни денес во 23 часот (исто време) не би се случило. Како викаа... вистинско место во вистинско време.
Туку правилата се тука за да ги почитуваме. Јас кога почнав да мрчам поентата ми беше: Истиве овие 14 годишни момци да ги почитувале нивните правила (23:00, дома.) и оние другине ќе морале да ги почитуваат нивните, односно да не тепаат деца. Реков, ќе истепале можеби со некој постар, па он ќе викнел друштво па ќе ги помочале од ќотек, и после брат му на овој што му скршиле кичмата ќе дошол и ќе му ја скршил кичмата на овој првиот и.... што ми беше муабетот? :uvo:
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Плус, прочитана е само една страна од приказната.
Да до негде си во право.Многу малолетници (сега можеби ќе звучи грубо) си го заслужуваат ќотекот.Јас ко помала кога одев во основно несмеев да ги погледнам постарите накриво а камо ли да им преречам нешто.Не дека ќе ме тепале едноставно од почит,постари се.Е сега од каде да знаеме дали стварно децава не ги испровоцирале, бидејќи често гледам и ми се има случено да баш тие деца кои после ќе бидат претепани си го бараат да не речам со боринче.навредувања или гребење по коли од курташак е секојдневна појава.Сепак мислам дека никогаш нема да се дознае што било бидејќи полицијата нема да почне истрага..
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Детево што му се случи ова ми е другар, мирно дете е го знам и ова се случи во Mc Donalds во Аеродром околу 15 за 10 - 11 часот...
едит:
момците кој што го истепаа биле албанци...
 
На врв Bottom