AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.574
Поради многуте прашања кои се поставуваат на повеќе различни теми, оваа тема нека биде „упатство“ за дарување на крв. Ќе напишам неколку основни работи, текстот е подолг, но немојте да правите tl;dr, ако навистина ве интересира - прочитајте, одговорени се повеќето најчести прашања. Доколку имате некое неодговорено прашање, поставете го овде.
Како се станува крводарител?
За да станете крводарител, потребна е желба и мал дел од вашето време.
Да се спаси нечиј живот е многу хуман гест. Имајте на ум дека со само една дарувана кеса крв можете да спасите и до 3 или 4 животи. Тоа е затоа што од една единица полна крв се прават повеќе производи.
Информирајте се на веб страната на ИТМ и од другите средства за јавно информирање во врска со акциите за дарување крв кои се одвиваат во ваша близина.
Доколку ви одговара, може и да поминете и до трансфузиолошката служба во вашиот град,
Исто така, крв може да се дарува и во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје (ИТМ-Скопје) секој работен ден од 7:30 до 19:00 часот, а сабота од 9:00 до 14:00 часот.
За да станете крводарител треба да ги исполните следните задолжителни услови:
• Да бидете здрав и да сте на возраст од 18 до 65 години.
• Пред дарувањето потребно е да пополните прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат на вашето здравје, прележани болести и животни навики. Неопходно е искрено да одговорите на поставените прашања, бидејќи на тој начин го штитите сопственото здравје, но и здравјето на тој што ја прима вашата крв.
Доколку имате некое заболување/состојба или земате некои лекови, на оваа листа проверете дали ќе ви биде дозволено да дарувате крв.
• По пополнувањето на прашалникот се пристапува кон боцкање на прст за да се земе крв и да се исконтролира нивото на хемоглобин во крвта.
• После следи разговор со лекарот, кој го разгледува прашалникот што сте го пополниле, Ви мери крвен притисок и ја слуша работата на Вашето срце. Со сето ова се проверува Вашето здравје, бидејќи крв може да даде само здрав човек.
По извршениот преглед лекарот треба да даде согласност за да дарувате крв.
• Доколку е се во ред, се пристапува кон актот на дарување крв што се изведува во лежечка положба. За дарување се користат тројни или четворни кеси, а се дарува само во едната кеса, додека во останатите две односно три се приготвуваат крвни компоненти. Сетот за дарување е стерилен и за една употреба, што значи дека не постои начин да се заразите. Нашиот персонал е добро обучен така што убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. При дарувањето нема да ја чувствувате иглата додека Ви е во вена. Најдобро би било додека трае дарувањето да разговарате со нашиот персонал или да размислувате за нешто за Вас пријатно, а ние ќе се потрудиме да Ви биде што поудобно. По дарувањето полежете 5-10 минути. Потоа следи освежување со кафе, сок и лесен оброк.
• Пред дарувањето пожелно е да јадете лесен оброк (кифла, геврек..). Доколку претходно сте јаделе помасен оброк, не ќе бидеме во можност да добиеме квалитетна крв и крвни продукти од крвта што сте ја дарувале.
• Со дарувањето крв не може да се заразите, бидејќи сетот за дарување е стерилен и е за една употреба. Убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. Иглата не се чувствува додека е во вената. Дарувањето трае околу 5 - 10 минути. Се дарува 450 мл. крв. Имајте предвид дека човек со околу 70 кг. има околу 5 литри крв. Постои и можност при строго одредени услови да се дарува и помала количина на крв, на пример 350 мл, што се врши во кеси наменети за таа намена.
• После дарувањето на крв можете да се вратите на вашите секојдневни обврски и работи.
Течниот дел од крвта - плазма се надоместува за 24 часа. Крвните клетки (еритроцити, тромбоцити, леукоцити) се надоместуваат постепено во текот на неколку недели, во зависност од видот на клетките. Затоа е задададен временски интервал помеѓу две дарувања од 3 месеци за мажи и 4 месеци за жени.
Но сепак запаметете неколку совети:
- Не треба да пушите цигара 30 минути до 2 часа после дарувањето на крв, не треба да конзумирате алкохол најмалку 8 до 12 часа, особено не ако сте гладни.
- Завојот на местото на убодот не го вадете 2 часа.
- Во наредните 8 часа да не се излагате на тежок физички напор, а некои опасни или специфични професии (рудари, градежни работници, пилоти, лица кои ракуваат со огнено оружје и слично, бараат да се воздржите од истие во текот на 48 часа. Истото се однесува и на екстремните спортови или боречки вештини.
- Доколку почувствувате мачнина, седнете или легнете, тоа е минливо и нема да имате последици.
- Пијте повеќе течности во првите 4 часа, или до крајот на денот.
- Ако во тек на наредните 3 дена се разболете, јавете се во службата на ИТМ. Тоа сигурно не ви е последица од дарувањето но може да користи во проценката на безбедноста на продуктите кои се изработени од Вашта крв односно може да се укаже дека истата не е погодна за трансфузија .
• Крвта по дарувањето се испитува за присуство на заразни заболувања преносливи со крв - жолтица Б и Ц, сифилис, сида. Секоја единица на крв која била позитивна на било кој од овие тестови безбедно се уништува. Освен ова се одредува крвна група, Rh фактор и антитела кај секоја единица крв.
Сите резултати од тестирањата се достапни за увид само на дарителот и на медицинските лица кои непосредно ги изведуваат тие тестови или се одговорни за контрола на квалитетот на добиените крвни компоненти, т.е. има апсолутна анонимност и дискреција. Лицата кај кои се утврдило дека било кој тест од оние наменети за заразни болести преносливи со крв е позитивен, се повикуваат по писмен пат да дојдат за повторно тестирање или за упатување во некоја друга институција која е задолжена за лекување или дополнително испитување.
Крвни групи и Rh фактори, или „Дали може да донирам ако сум различна крвна група?“
На црвените крвни клетки (но и на другите клетки) се наоѓаат многу молекули, наречени крвногрупни антигени, кои определуваат одредени својства на овие клетки. Постојат голем број на крвни групи, а од нив најважни се АБО и Рх крвните групи.
Во АБО крвногрупниот систем се А, Б, АБ и О, а тоа се четирите главни крвни групи кои се наоѓаат на еритроцитите на човекот.
Често кога има потреба од одредена крвна група, на повеќе теми на форумот прашувате „ако сум А-, а потребна е крв од АБ-, може ли да донирам?“ /карикиран пример/.
Вашата желба да помогнете е одлична! Но, веќе одамна е исфрлен од примена системот за давање крв од различна крвна група освен во екстремни околности (се наоѓате на Северен Пол и нема друг избор). Доколку имате желба да дарувате крв, направете го тоа не само кога ќе се појави итна потреба, туку редовно дарувајте, така нема да се појави недостаток на крв.
На веб страната на ИТМ секогаш има увид во резервите на крв, може и да се јавите и да прашате дали се потребни повеќе единици од вашата крвна група и да отидете и сами да донирате.

Последно уредено: