Упатство за идни крводарители

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
За еден ден ќе пунам 18 години, кај нас во гимназијата се организира крводарителска акција. Имам околу 70 кила и 161 хемоглобин. Здрав сум. Дајте совет дали да давам крв? Јас сакам да давам.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
За еден ден ќе пунам 18 години, кај нас во гимназијата се организира крводарителска акција. Имам околу 70 кила и 161 хемоглобин. Здрав сум. Дајте совет дали да давам крв? Јас сакам да давам.
кога ќе појдеш ќе ти измерат притисок и ако е во ред ќе ти дадат да пополниш прашалник во последно време дали си боледувал од некоја болест дали си земал некои лекови итн, појди си ќе те проверат прво па ако е се во ред ќе ти земат крв

eve na linkov go imas prasalnikothttp://www.itm.org.mk/mk/prasalnik.asp
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
кога ќе појдеш ќе ти измерат притисок и ако е во ред ќе ти дадат да пополниш прашалник во последно време дали си боледувал од некоја болест дали си земал некои лекови итн, појди си ќе те проверат прво па ако е се во ред ќе ти земат крв

eve na linkov go imas prasalnikothttp://www.itm.org.mk/mk/prasalnik.asp
Тоа е се во ред. Не сум бил болен бааги време. Ниту лекови сум зимал. Онака прашав за мојта возраст дали е добро да се дава?
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
Тоа е се во ред. Не сум бил болен бааги време. Ниту лекови сум зимал. Онака прашав за мојта возраст дали е добро да се дава?
јас првиот пат кога давав имав 18 години и 2 месеца и немав никаков проблем но сепак зависи секој организам е различен, досега имам 11 пати и никогаш не сум почуствувал после дарувањето некои мачнини или некој друг проблем
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
ако на некој крводарител некогаш му затреба крв ќе треба да плати за да му дадат и дали би имал некоја предност при наоѓањето крв за него?
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Јас колку знам, не се плаќа за крв, а доколку има потреба, има предност.
Не знам дали е ова системски решено, ама сум бил сведок кога сум замолил за неколку единици за член на семејството - во ИТМ веднаш ми обезбедија крв. Повторувам, не знам дали е законска обрска да најдат крв за крводарител, ама во ИТМ особено се секогаш (цел тим) исклучително позитивно настроени кон крводарителите.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Дали може да давам крв кога ке ми текне, или морам да чекам некоја акција? На пр. утре сакам да отидам и да дадам, може?

И дали може да дадеш крв онака, колку да ти се прочисти твојата, бидејки јас на пр. имам високи триглицериди во крвта и ми кажаа како еден од лековите дека е давањето на крв со што во едно ти се создаваат нови и чисти крвни зрнца (нормално и пазење на исхрана и сл. али тоа друга прикаска е) а чисто сумјам дека мојата крв може после некој да ја искористи со таа доза на мрснотии во неа, мислам ако може ушто подобро.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Крв можеш да даруваш било кога, ќе отидеш во ИТМ (Институт за трансфузиона медицина, порано се викаше Републички Завод за трансфузиологија), во Скопје во Клинички, или во болниците по другите градови.
Ќе пополниш прашалник според кој, (ако си пиел алкохол претходните 48 часа, ако земаш антибиотици, други лекови или имаш други здравствени ризици) ќе се „квалификуваш“ за следен чекор - проверка на крвен притисок и работа на срце.
Нормално, лекарот ќе те праша за евентуални заболувања или состојби и ќе одлучи дали ти си доволно здрав да даруваш крв. Ќе ти земат крв од прст, да видат каква ти е крвта (хемоглобин), и ќе ти наместат систем за земање крв.
Земената крв соодветно се обработува, така што...
Ако си решил да даруваш, оди.
Ако лекарот трансфузиолог смета дека не смееш да даруваш крв, ќе ти каже, ако смееш, ќе ти земат крв и толку.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Малку офтопик ова, ама да не знае некој кај можам да најдам распоред за планирани крводарителски акции? Порано имаше на сајтот на Институтот за трансфузиона медицина, ама последниве неколку недели нема информации, а обично таму гледав кога ќе има некоја акција во близина за да не шетам до Клинички.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Јас сакав (сакам) да бидам крводарител, имам три пати пробано, три пати ме одбиваат за слаб хемоглобин и некои други работи, од последниот пат имаат поминато 2 години, па ќе пробам пак можда ќе бидам поподобен. :)
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Првиот пат кога давав беше 2008. Бев 4-та година, и немав 18 г. Така да морав да потпишам согласност од родител. Искрено првиот пат беше да си ја проверам крвната група.

Втор пат пред нецел месец на работа. Претпоставувам дека тоа 166 е хемоглобин :)
 
A

aye

Гостин
Не е баш за тука прашањево ама искрено ме мрзи да барам дали има некоја соодветна тема изморена сум туку кажете ми како да си ја зајакнам крвта поточно хемоглобинот за да станам крводарител? Се имам пробано и никако не сака хемоглобинот да дојде до 125. :/ А имам дарувано крв, два пати и преку 10 пати ме имаат вратено :/
 
А

Атомската мравка

Јади повеќе месо, леќа, јаткасти плодови, спањак, цвекло, брокули итн. Исто така конзумирај и повеќе храна која содржи витамин ц за да се подобри апсорбцијата на железо а намали кафе/млеко како и другите производи што содржат калциум оти тие ја спречуваат апсорпцијата на железо..
Сепак најдобро е да се советуваш со лекар, има и лекови ако ептен ти е низок хемоглобинот (инаку нормално за жени мислам дека беше од 120 до 140).
 
Јадам и пијам и се што треба ама пак нема некои резултати од 108 до 118 не мрдам. Нормален ми е хемоглобинот па и цела крва слика ми е добра, ама ете малер никако да ја достигнам границата за да можам да дарувам крв. :/
Е пиев малку повеќе кафе па изгледа добив алергија и ќе мора да го прекинам некое време па белким ќе почне да се зголемува (барем малку) хемоглобинот. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom