Упатство за идни крводарители

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Поради многуте прашања кои се поставуваат на повеќе различни теми, оваа тема нека биде „упатство“ за дарување на крв. Ќе напишам неколку основни работи, текстот е подолг, но немојте да правите tl;dr, ако навистина ве интересира - прочитајте, одговорени се повеќето најчести прашања. Доколку имате некое неодговорено прашање, поставете го овде.

Како се станува крводарител?
За да станете крводарител, потребна е желба и мал дел од вашето време.
Да се спаси нечиј живот е многу хуман гест. Имајте на ум дека со само една дарувана кеса крв можете да спасите и до 3 или 4 животи. Тоа е затоа што од една единица полна крв се прават повеќе производи.
Информирајте се на веб страната на ИТМ и од другите средства за јавно информирање во врска со акциите за дарување крв кои се одвиваат во ваша близина.
Доколку ви одговара, може и да поминете и до трансфузиолошката служба во вашиот град,
Исто така, крв може да се дарува и во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје (ИТМ-Скопје) секој работен ден од 7:30 до 19:00 часот, а сабота од 9:00 до 14:00 часот.

За да станете крводарител треба да ги исполните следните задолжителни услови:

• Да бидете здрав и да сте на возраст од 18 до 65 години.

• Пред дарувањето потребно е да пополните прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат на вашето здравје, прележани болести и животни навики. Неопходно е искрено да одговорите на поставените прашања, бидејќи на тој начин го штитите сопственото здравје, но и здравјето на тој што ја прима вашата крв.
Доколку имате некое заболување/состојба или земате некои лекови, на оваа листа проверете дали ќе ви биде дозволено да дарувате крв.

• По пополнувањето на прашалникот се пристапува кон боцкање на прст за да се земе крв и да се исконтролира нивото на хемоглобин во крвта.

• После следи разговор со лекарот, кој го разгледува прашалникот што сте го пополниле, Ви мери крвен притисок и ја слуша работата на Вашето срце. Со сето ова се проверува Вашето здравје, бидејќи крв може да даде само здрав човек.
По извршениот преглед лекарот треба да даде согласност за да дарувате крв.

• Доколку е се во ред, се пристапува кон актот на дарување крв што се изведува во лежечка положба. За дарување се користат тројни или четворни кеси, а се дарува само во едната кеса, додека во останатите две односно три се приготвуваат крвни компоненти. Сетот за дарување е стерилен и за една употреба, што значи дека не постои начин да се заразите. Нашиот персонал е добро обучен така што убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. При дарувањето нема да ја чувствувате иглата додека Ви е во вена. Најдобро би било додека трае дарувањето да разговарате со нашиот персонал или да размислувате за нешто за Вас пријатно, а ние ќе се потрудиме да Ви биде што поудобно. По дарувањето полежете 5-10 минути. Потоа следи освежување со кафе, сок и лесен оброк.

• Пред дарувањето пожелно е да јадете лесен оброк (кифла, геврек..). Доколку претходно сте јаделе помасен оброк, не ќе бидеме во можност да добиеме квалитетна крв и крвни продукти од крвта што сте ја дарувале.

• Со дарувањето крв не може да се заразите, бидејќи сетот за дарување е стерилен и е за една употреба. Убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. Иглата не се чувствува додека е во вената. Дарувањето трае околу 5 - 10 минути. Се дарува 450 мл. крв. Имајте предвид дека човек со околу 70 кг. има околу 5 литри крв. Постои и можност при строго одредени услови да се дарува и помала количина на крв, на пример 350 мл, што се врши во кеси наменети за таа намена.

• После дарувањето на крв можете да се вратите на вашите секојдневни обврски и работи.
Течниот дел од крвта - плазма се надоместува за 24 часа. Крвните клетки (еритроцити, тромбоцити, леукоцити) се надоместуваат постепено во текот на неколку недели, во зависност од видот на клетките. Затоа е задададен временски интервал помеѓу две дарувања од 3 месеци за мажи и 4 месеци за жени.
Но сепак запаметете неколку совети:
- Не треба да пушите цигара 30 минути до 2 часа после дарувањето на крв, не треба да конзумирате алкохол најмалку 8 до 12 часа, особено не ако сте гладни.
- Завојот на местото на убодот не го вадете 2 часа.
- Во наредните 8 часа да не се излагате на тежок физички напор, а некои опасни или специфични професии (рудари, градежни работници, пилоти, лица кои ракуваат со огнено оружје и слично, бараат да се воздржите од истие во текот на 48 часа. Истото се однесува и на екстремните спортови или боречки вештини.
- Доколку почувствувате мачнина, седнете или легнете, тоа е минливо и нема да имате последици.
- Пијте повеќе течности во првите 4 часа, или до крајот на денот.
- Ако во тек на наредните 3 дена се разболете, јавете се во службата на ИТМ. Тоа сигурно не ви е последица од дарувањето но може да користи во проценката на безбедноста на продуктите кои се изработени од Вашта крв односно може да се укаже дека истата не е погодна за трансфузија .

• Крвта по дарувањето се испитува за присуство на заразни заболувања преносливи со крв - жолтица Б и Ц, сифилис, сида. Секоја единица на крв која била позитивна на било кој од овие тестови безбедно се уништува. Освен ова се одредува крвна група, Rh фактор и антитела кај секоја единица крв.
Сите резултати од тестирањата се достапни за увид само на дарителот и на медицинските лица кои непосредно ги изведуваат тие тестови или се одговорни за контрола на квалитетот на добиените крвни компоненти, т.е. има апсолутна анонимност и дискреција. Лицата кај кои се утврдило дека било кој тест од оние наменети за заразни болести преносливи со крв е позитивен, се повикуваат по писмен пат да дојдат за повторно тестирање или за упатување во некоја друга институција која е задолжена за лекување или дополнително испитување.

Крвни групи и Rh фактори, или „Дали може да донирам ако сум различна крвна група?“
На црвените крвни клетки (но и на другите клетки) се наоѓаат многу молекули, наречени крвногрупни антигени, кои определуваат одредени својства на овие клетки. Постојат голем број на крвни групи, а од нив најважни се АБО и Рх крвните групи.
Во АБО крвногрупниот систем се А, Б, АБ и О, а тоа се четирите главни крвни групи кои се наоѓаат на еритроцитите на човекот.
Често кога има потреба од одредена крвна група, на повеќе теми на форумот прашувате „ако сум А-, а потребна е крв од АБ-, може ли да донирам?“ /карикиран пример/.
Вашата желба да помогнете е одлична! Но, веќе одамна е исфрлен од примена системот за давање крв од различна крвна група освен во екстремни околности (се наоѓате на Северен Пол и нема друг избор). Доколку имате желба да дарувате крв, направете го тоа не само кога ќе се појави итна потреба, туку редовно дарувајте, така нема да се појави недостаток на крв.
На веб страната на ИТМ секогаш има увид во резервите на крв, може и да се јавите и да прашате дали се потребни повеќе единици од вашата крвна група и да отидете и сами да донирате.
 
Последно уредено:
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Море кажи дека со давањет крв ќе те проверат од сите болести.... Па така добиваш бесплатен преглед :)
Иначе јас лично дарував крв додека имав лесен пристап кон крводарителските акции. Сега треба посебно да се ангажирам за да дадам крв....а баш за тоа немам време.
Треба некако да се направи екипа на повик. Да се јавам и тие да дојдат да ми земат крв....
Би можело да се разгледа како предлог.
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
Ме интересира едно прашање:
Дали е вистина дека можеш да се онесвестиш, без да се осетиш, па дури и опасност да паднеш во кома, ако заспијаш во тие 2 часа после дарувањето.
Нели после тоа како нормална реакција на организмот ти се приспива, ти паѓа притисокот.
Мислам дека тоа го слушнав од некоја докторка за време на акциите, ама не сум сигурна. Се препорачува ли спиење во наредните два часа после дарување крв?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ме интересира едно прашање:
Дали е вистина дека можеш да се онесвестиш, без да се осетиш, па дури и опасност да паднеш во кома, ако заспијаш во тие 2 часа после дарувањето.
Нели после тоа како нормална реакција на организмот ти се приспива, ти паѓа притисокот.
Мислам дека тоа го слушнав од некоја докторка за време на акциите, ама не сум сигурна. Се препорачува ли спиење во наредните два часа после дарување крв?
Не, не може да се падне во кома ако заспиеш по дарувањето. Нема никаква штета од спиењето ;)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ме интересира едно прашање:
Дали е вистина дека можеш да се онесвестиш, без да се осетиш, па дури и опасност да паднеш во кома, ако заспијаш во тие 2 часа после дарувањето.
Нели после тоа како нормална реакција на организмот ти се приспива, ти паѓа притисокот.
Мислам дека тоа го слушнав од некоја докторка за време на акциите, ама не сум сигурна. Се препорачува ли спиење во наредните два часа после дарување крв?

Нормално е да ти се симне крвниот притисок после дарување, нели ти извадиле 300мл течност од тебе.
Ама, како што Загоритенџерето напишала во насловниот пост, важно е да се внесуваат течности после дарувањето, токму за да се избегнат било какви можности за посериозен пад на притисок и другикомпликации.
Инаку, ти проверуваат и крвен притисок пред дарување, така што, ако и претходно ти е низок, може и да те одбијат, т.е. да не ти дозволат да даруваш ако лекарот оцени дека би било премногу ризично по твоето здравје.
 
Член од
22 април 2012
Мислења
74
Поени од реакции
54
Имам 19 години, до сега немам дарувано крв али пред некој ден бев на контрола и хемоглобинот ми беше 178, па дали би можел да дарувам крв и каде поточно..
 
можеш да даруваш во трансфузиологија или пак на некоја крводарителска акција на училиште/факултет. Хемоглобинот тие одличен за дарување така да само желба и давај убаво е чувството :D
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Нормално е да ти се симне крвниот притисок после дарување, нели ти извадиле 300мл течност од тебе.

• Со дарувањето крв не може да се заразите, бидејќи сетот за дарување е стерилен и е за една употреба. Убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. Иглата не се чувствува додека е во вената. Дарувањето трае околу 5 - 10 минути. Се дарува 450 мл. крв. Имајте предвид дека човек со околу 70 кг. има околу 5 литри крв. Постои и можност при строго одредени услови да се дарува и помала количина на крв, на пример 350 мл, што се врши во кеси наменети за таа намена.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.252
Поени од реакции
29.731
Постои и можност при строго одредени услови да се дарува и помала количина на крв, на пример 350 мл, што се врши во кеси наменети за таа намена.
Појаснување малку за ова, дали ова е личен избор или подложи на некои услови?
Што ако сакам да дадам двапати (или повеќе) по 350мл, со месечни паузи, наместо еднаш по 450мл...?
 
M

Muranyi

Гостин
Појаснување малку за ова, дали ова е личен избор или подложи на некои услови?
Што ако сакам да дадам двапати (или повеќе) по 350мл, со месечни паузи, наместо еднаш по 450мл...?
Обично на првото дарување се зема по 300-350 милилитри крв,после тоа се дарува целосна количина.Не знам дали е можно по желба да се дарува помала количина,ќе те известам утре.Ти секако мораш да чекаш да поминат три месеци,ова важи за мажи а за жени е четири месеци паузата.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.252
Поени од реакции
29.731
Обично на првото дарување се зема по 300-350 милилитри крв,после тоа се дарува целосна количина.Не знам дали е можно по желба да се дарува помала количина,ќе те известам утре.Ти секако мораш да чекаш да поминат три месеци,ова важи за мажи а за жени е четири месеци паузата.
Знаеш малку нелогично е иста количина да се зема од маж 2+метраш од 150 кила жива мера, и од девојка од метар и половина со 40-45 кила... ;)

Сега јасно ми е дека мора од практични причини да се стандардизираат величините на кесите, ама малку нелогично е што нема барем 3 величини, соодветни на различни килажи.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
за мажи: Дали до сега сте имале однос со друг маж?
за жени: Според Вашето сознание, дали било кој маж со кој сте имале сексуален однос во изминатите 12 месеци имал однос со друг маж?
Ме интересира како овие прашања влијаат на безбедноста за лицето кое ќе прима нечија крв?
И зошто нема прашање за жени дали имале тие односи со други жени ако веќе одиме по оваа аналогија?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ме интересира како овие прашања влијаат на безбедноста за лицето кое ќе прима нечија крв?
И зошто нема прашање за жени дали имале тие односи со други жени ако веќе одиме по оваа аналогија?
зошто значително поголем е бројот на хив позитивни лица што се хомосексуалци. Жени немаат никаков intercourse.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Појаснување малку за ова, дали ова е личен избор или подложи на некои услови?
Што ако сакам да дадам двапати (или повеќе) по 350мл, со месечни паузи, наместо еднаш по 450мл...?

Не може да даруваш порано од 90 дена од последното дарување. Од ова се прави исклучок само во вонредни ситуации, ако се зема само плазма или поединечни крвни елементи (плазма, тромбоцити...), но не и полна крв. Причината е едноставна и е поврзнаа со животниот век на еритроцитите. Кај жени периодот е подолг заради редовната загуба на крв месечно.

Јас мислам дека последниот пат кога дарував ми напомнаа дека ќе ми земат 300мл. Може сукм и грешка.
Сеедно, како и да е...
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Мене кога ми земаат, обично околу 420 грама, на другар ми, му земаат околу 350-370 грама, на другарка ми, околу 300-330 максимум. Само два пати ми земале над 450 грама. Еднаш интервентно рамно полкило, ако не и кусур, требаше итна трансфузија за едне повреден (потоа ми рекоа да паузирам плус едне месец од трите редовни) а еднаш 470 (тука некаде) грама бидејќи штојазнам мамлазот рече дека нема гајле и тро поќе.
Скоро никогаш во моето искуство освен во екстремни случаи, не земаат скроз наскроз полни вреќулиња. Секогаш помалку. Тро помалку.
И во зависност од јачината на крвта, хемоглобинот, притисокот, итн итн.
А најако е кога ми е време за давање, секогаш ми е темпирано (скоро секогаш де) околу некој државен празник (ако не успеам да искамчам без датум потврда, иако и тоа бива, но ги стегнаа со контроли), па бар три пати, ако не и четирите во годината, си правам extra loooong weekends.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom