Паѓаш во замката на колективно размислување, карактеристично за еусоцијалните заедници. Сите Албанци се бунат за Алмир и Сопот, меѓу кои и ти.
До сега не слушнав ниту еден Албанец, поединечно, а камо ли колективно, да се побуни за жртвите од поплавата во Стајковци (директна човечка грешка на оние што пуштиле технички прием на несоодветно испроектирана Обиколница), да се побуни за жртвите од автобуската несреќа кај Ласкарци (исто човечка грешка), да се побуни за децата од кичевско и гостиварско искасани до смрт од кучиња , да се побуни за убиеното дете од распеан свадбар, некаде во липковско беше, да се побуни за работниците во Чаир што загинаа затрпани од земја, чиј работодавач не ги почитувал прописите за заштита при работа.
Или пак да се побуни за жртвите од загаден воздух, или за работниците кои гинат на своите работни места, бидејќи работат без соодветна заштита, на необезбедени локации или незаконски многу часови прекувремено. Или да се побуни за прегазените во сообраќајни несреќи како последица што тој што ги прегазил возел недозволено брзо, без дозвола, пијан итн.
Се чудам зашто ниеден Албанец не изреагира досега на сево ова. Дали чекаат нивната матица, било да е тоа верски лидер, политички лидер, Клинтон, истакнат член на ИСИС или Ал Каеда, или угледен криминалец од нивните редови, да им каже дека и овие проблеми дирекно ги засегаат и животно ги загрозуваат Албанците, за воопшто да допрат до вашата свест, и овие жртви да го заслужат вашето внимание и да бидат предмет на дискусија?