Кој може да ми каже што се купува за матура? Никогаш не сум била на матура и не знам какви поклони се купуваат досега а дечко ми ќе ја прославува во кафана и ќе ме вика со семејството и неговите најблиски. Обожава теретана, трчање, кучиња, патувања... Многу сака животни ама не знам дали таков поклон се вклопува за матура. Заедно сме една година и неколку месеци, сакам да му купам нешто уникатно што ќе остане во сеќавање дали имате некои идеи? Кој поклон од вашата матура го паметите како оригинален?