Универзум, бесконечност

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Gregg Braden - The Holographic Nature of The Universe
 
S

smart ass

Гостин
Ама Смарт ес, и Биг Бенгот е само теорија. Ништо не е докажано.
Досега сите закони на физиката укажуваат на тоа т.е ние знаеме кога почнало се..но не и бар некоја минута пред биг бенг-от:)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6
Поени од реакции
1
abe i jas ednas taka so mislite trgnav da go baram krajot na univerzumot,ama koga se vrativ, veke bev sednat na psihijatrisko stolce.
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
540
Поени од реакции
72
Што те чуди кај универзумов???


Ај вака како прво се шири со МНОГУ ПОГОЛЕМА брзина од Светлината!!!

Има две теории,едната е дека ширењето ќе продолжи до бескрај т.е се додека не ја снема материјата..согласно ајнштајн(оваа има мод дека ширењето може да престане ако се постигне т.н Гравитационен баланс...како некое статус кво каде ете веќе гравитацијата го победи биг бенг),втората е дека нема да има Ниту статускво туку едноставно гравитацијата ќе биде помоќна и ќе предвизвика приближување се до колапс во една точка(или повеќе) а со тоа продуцирајќи најверојатно нов сингуларитет а со тоа и нов универзум.

Математички за овие опции имаме време хехаааа...така да немај мака.

Инаку јас гледам тебе очите те лажат...имај предвид дека секоја материја си има "отпечаток"во ЕМ-спектарот..значи
Ако си толку сигурен дека универзумот се шири, нека биде така. Но каде се шири? Мора и тој да се наоѓа во нешто.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Gregg Braden - The Holographic Nature of The Universe
Токму така.Човекот неможе да го разбере тоа бидејќи се пркоси со неговата логика.Кога ќе прифати дека не постои нешто такво како логика или закон се ќе стане полесно за сваќање и гледање.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Ако си толку сигурен дека универзумот се шири, нека биде така. Но каде се шири? Мора и тој да се наоѓа во нешто.
Или:
Просторно-временскиот континиум се шири во..............? :)

--- надополнето ---

Досега сите закони на физиката укажуваат на тоа т.е ние знаеме кога почнало се..но не и бар некоја минута пред биг бенг-от:)
Види теорија како теорија.... требаат многу повеќе докази.
Биг Бенгот - почеток на времето и просторот. А пред, околу тоа? Друг Универзум ха?

Уште сме на почеток......во откривање на тајните на универзумот. Сигурен сум дека ќе следат повеќе теории. :)
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
.....
Ако си толку сигурен дека универзумот се шири, нека биде така. Но каде се шири? Мора и тој да се наоѓа во нешто.
.....
Просторот се шири со ширењето на Универзумот.
-Надвор од него- како термин не постои, бидејќи истиот е закривен и се што постои е тој простор.
Примерот со балонот на почетокот на темава ќе ти даде некое објаснување за тоа како треба да ги гледаш работите.
 
S

smart ass

Гостин
[/COLOR]
Види теорија како теорија.... требаат многу повеќе докази.
Биг Бенгот - почеток на времето и просторот. А пред, околу тоа? Друг Универзум ха?
Си чул за сингуларитет ха???

Уште сме на почеток......во откривање на тајните на универзумот. Сигурен сум дека ќе следат повеќе теории. :)
Веќе испаднаа математички набилдани филозофии....знаеш на која мислам:)

Инаку како што кажав сите закони на физиката..ма сите НАУЧНИ закони укажуваат дека имало биг бенг(бекграунд зрачење исто) по што како последица од истиот универзумот се шири...прашањето е дали гравитацијата ќе го сопре тој процес или уште поинтересно ако веќе истата преовладее ќе следи повторно колапс на материјата во една точка-од каде логичен е нареден биг бенг:)
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Ако си толку сигурен дека универзумот се шири, нека биде така. Но каде се шири? Мора и тој да се наоѓа во нешто.
Или:
Просторно-временскиот континиум се шири во..............? :)
Ne znam zosto se obiduvate da osporuvate i problematizirate nesto na eftin i laicki nacin.

Postoi odgovor na vaseto prasanje, sekako, vo ramkite na Big Bang teorijata.

Big Bang-ot ne e lokalen fenomen, tuku globalen, ne se slucil "nekade", tuku "sekade". :toe:

p.s. ubavo toa i Nikola go kaza.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Ne znam zosto se obiduvate da osporuvate i problematizirate nesto na eftin i laicki nacin.

Postoi odgovor na vaseto prasanje, sekako, vo ramkite na Big Bang teorijata.

Big Bang-ot ne e lokalen fenomen, tuku globalen, ne se slucil "nekade", tuku "sekade". :toe:

p.s. ubavo toa i Nikola go kaza.
Биг Бенгот е само теорија дадена од еден научник пред околу седумдесеттина години, што не мора да значи дека е точна!
И нема одговор на сите прашања...

--- надополнето ---

Си чул за сингуларитет ха???
Ама види, и тоа да ти е теорија...
Како на пример теоријата со паралелни универзуми...

--- надополнето ---

Инаку како што кажав сите закони на физиката..ма сите НАУЧНИ закони укажуваат дека имало биг бенг(бекграунд зрачење исто) по што како последица од истиот универзумот се шири...прашањето е дали гравитацијата ќе го сопре тој процес или уште поинтересно ако веќе истата преовладее ќе следи повторно колапс на материјата во една точка-од каде логичен е нареден биг бенг:)
Точно, универзумот се шири, докажано е, и како последица на тоа се доаѓа до теоријата на Биг Бенг, т.е. дека денешниот Универзум настанал пред околу 13+ милијарди години од една точка......и дека се шири со брзина поголема од брзината на светлината......итн...
Исто така Биг Бенгот кажува дека во тој момент на настанување на универзумот почнал просторно-временскиот континиум каков што го познаваме денес...
И сега викаш сингуларитет.... а немаш време, (еве, време како димензија)... Која е разликата (временска или просторна) помеѓу 2 (два) Универзума?
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Или:
Просторно-временскиот континиум се шири во..............?
се шири во....? Во што ?

Толку добро прашање (дали универзумот е бесконечен или не) , а никој не го знае со сигурност одговорот , само пусти теории.
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Човековиот ум не може да ги сфати овие работи. Еве си тргнувам од себе, кога ќе замислам дека вселената нема крај и дека колку и да талкаш и талкаш и талкаш и колку и време да потрошиш нема да стасаш, едноставно кога ќе замислиш дека тука просторот и времето не значат ништо, добивам некое неубаво чувство, као тоа ми доаѓа-Мораш да се помириш со тоа... И некако безвезе ми е да дискутираме за ова зошто секогаш едната страна ќе тврди едно, другата друго. Најдобро е да не се замараме за такви работи зошто сепак нашата технологија иако стигнала далеку сепак изгледа дека НЕ СТИГНАЛА НИКАДЕ.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
одев на курс по медитација, и на часовите имавме разговарано на вакви теми, за вселената, за космичка енергија, итн. учителот кажуваше дека нашиот мозок е навикнат на се да гледа со ограничување, затоа што никогаш во животот не видел нешто неограничено. затоа не можеме да си замислиме како изгледа бесконечноста на вселената, секогаш мора да има крај на се. не можеме да не си замислиме, дека вселената е многу голема, ама што после неа, има ѕид? а што после ѕидот? не можеме да сфатиме, зашто ние сме премали суштества за да гледаме така на бесконечноста.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Бесконечноста е фасцинантна тема која одсекогаш ги интригирала цивилизациите во минатото па и нас како некоја си модерна цивилација...научната елита во многу наврати пробала да даде одговор на прашањето- Дали универзумот во кој живееме е конечен или не
???? Кој да знае??? можеби не ни е дадено се да дознаеме!!!! можеби одтука произлегува потребата за Бог??? Некој или Нешто на што ќе му ја препишеме бесконечноста како карактеристака...едноставно и просто решение....тоа повеќе не е во наш домен и ние нема што повеќе да бараме таму.....
Пред стотина години неколку математичари заглавија во лавиринтот на бесконечноста......резулататите до кои дојдоа беа збунувачки(доволно збунувачки некои од нив да ги прати во ментални установи), бесконечноста математички еднаш се однесуваше вака а еднаш така без да имаме еднозначно објаснување...па ебеш му матер то е бесконечност, се однесува како сака прибидејки сите можни варијанти се содржани во неа....се прашувам понекогаш- дали е можно бесконечноста да се содржи во конечноста??? алгебарси пи, корен од два, корен од три се се тоа ирационални броеви....нивните децимали одат до бескрај...но тука е проблемот...сите овие геометриски може да се нацртаат....имаат координати за почеток и крај?!?хмммммммммм.....
Интересна консеквенца од бесконечноста....ако бесконечноста постои и ако истата се примени на универзумот, тогаш....тогаш неизбежно некаде постои ѕвезда иста како сонцето, и не само една туку бесконечно многу такви ѕвезди....на некоја од нив ги има истиве планети со истите димензии, со истиот релјеф, со истата клима,со истата историја, со сите нас на форумов ,со форумов...и баш на некоја друга планета таму некаде во пространството на бесконечноста јас поинаку го завршувам овој пост а следствено на тоа планетата има поинаква судбина:smir:


п.с. Теоријата на Биг Бенг е задоволителна засега и горе долу поддржана од научната елита....како и сите теории кои сме ги имале во минатото (теоријата на рамна плоча, геоцентричната, хелиоцентричната итн) ....историски гледано научната мисла секогаш била во грешка, следствено и оваа теорија не СМЕЕ да се догматизира.....прашање е само колку блиску сме до вистината????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom