Универзален основен приход

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
На темата за АИ се разговара за тоа колку работни места ќе бидат засекогаш загубени со напредокот на ИТ технологијата, нешто кое бидува при секоја технолошка револуција уште од индустриската па наваму. Се чини дека до 2036 ќе има замена за возачи, шофери, пилоти, кодери, адвокати, лекари и еден куп помалку квалификувани работни места особено во услужните дејности, со што за прв пат ќе бидат засегнати и висококвалификуваните работници.

Во тоа светло, имајќи предвид предвидувањата дека барем половина работни места ќе исчезнат до 2036 се појавуваат и предлози како и на кон начин да се избегне масовна беспарица кај лицата кои ќе бидат жртви на развојот на АИ/ИТ.
Се наоѓаме во време на невидени промени во пазарот на труд кој ќе стане се потежок а нови работни места ќе бидат или непостоечки или целосно на милост на работодавците.
Во САД се споменуваат 3,3 милиони возачи на камиони, автобуси, такси и комби кои ќе останат на улица со автоматизацијата на превозот на луѓе и терет.

Еден интересен предлог е УОП (Универзален основен приход) што значи дека системот/државата ќе дели на населението без разлика на возраст и работен статус една утврдена сума која ќе биде доволна за покривање на основните потреби на луѓето. Во САД се споменувала цифра од 1200 долари (чисти) односно 14400 годишно.
Имало неколку експерименти во Финска, Канада и Шпанија каде што во одредено гратче се исплаќал ваков приход но за резултатите е прерано да се зборува бидејќи сето тоа се случи неодамна.
Швајцарија беше првата држава во која имаше референдум по ова прашање при што 3/4 од гласачите ја отфрлиле оваа идеја.
Тоа би значело елиминирање или намалување на социјална помош, пензии и други социјални трансфери на чие место би дошол УОП.

Кое е вашето мислење за еден ваков начин на справување со надоаѓачката криза на пазарот на труд?
Дали УОП ќе има позитивно влијание на луѓето или пак кај некои ќе доведе до апатија и мрзеливост?

За повеќе инфо :
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.615
Поени од реакции
3.729
Какво црно позитивно влијание од УОП, разбираш...

Воведувањето и користење ВИ за све и свашта е само во функција на процесот на намалување на популацијата на посакуваната „златна миљарда„ па дури и на нејзината половина...„Вештачката...„ не само што ќе ги убива професиите, туку ќе го обесмисли и постоењето на човекот на Земјава.

Погоди на кого тоа му користи...
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
882
Поени од реакции
1.404
Razmisluvam kako globalistite i reptilive nametnuvaat AI, zlatna miljarda i ostanato.. a kade se tuka rusi, istocen svet, kinezi? Dali site tie se soglasni okolu robotizacijava?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Ova moze da se zloutorebi. Lugje namerno ke davaat otkaz i ke ziveaat so 1200 evra. Mora da ima dokaz deka ostanal bez rabota i deka nemoze da najde nesto sto go ima i sega. Taka da idejata e realizirana vekje vo najgolem del od zemjite.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Ova moze da se zloutorebi. Lugje namerno ke davaat otkaz i ke ziveaat so 1200 evra. Mora da ima dokaz deka ostanal bez rabota i deka nemoze da najde nesto sto go ima i sega. Taka da idejata e realizirana vekje vo najgolem del od zemjite.
Поентата беше да се даде 1200 евра универзален приход бидејки ќе нема работа за нив. Ако немаш работа, неможеш да дадеш отказ. Мада нема да има ништо од ова. Луѓето во 60тите си замислуваа дека до 2000 година ќе се колонизира цел сончев систем и околните звезди, а реалноста е сосема друга.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.615
Поени од реакции
3.729
Razmisluvam kako globalistite i reptilive nametnuvaat AI, zlatna miljarda i ostanato.. a kade se tuka rusi, istocen svet, kinezi? Dali site tie se soglasni okolu robotizacijava?
Точно; од Азијатите, како најмногубројни и како традиционалисти, се очекува да дадат отпор на глобализацијата, замислена од Западните лоши чичковци.

Но она кое се случува во Кина пред се‘, а тоа е познатиот „социјален рејтинг„, е ништо друго туку вклопување на самата Кина во глобализациските текови, иако Кина има намера наскоро да стане насочувач на светските процеси, што ќе и‘ успее, затоа што кај да е‘, ќе стане водач во технолошките иновации и нивна примена со секојдневното живеење.

Најтрагикомична е Русија, која глумејќи православие, станува една од земјите која воспоставува целосна контролна врз своето население, слично како и Кинезите.

Се чини дека најголем отпор ќе дадат токму „најзаостанатите„ племиња од Африка, Азија и Ј. Америка...

Самата „ВИ„, ако биде (а ќе биде!) примената масовно, ќе ја потисне потребата од човечки труд во дел од професиите, со што човекот ќе стане „вишок„ и непотребен на пазарот на трудот. Самата замена на „ВИ„ во однос на човекот, за самиот човек ќе значи и лишување од работата, која за човекот ем е природна потреба, ем е Божја Заповед.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Поентата беше да се даде 1200 евра универзален приход бидејки ќе нема работа за нив. Ако немаш работа, неможеш да дадеш отказ. Мада нема да има ништо од ова. Луѓето во 60тите си замислуваа дека до 2000 година ќе се колонизира цел сончев систем и околните звезди, а реалноста е сосема друга.
И според сегашни закони има доход за отпуштање од работа и невработеност. Не знам точно како е во САД и Западот но ќе земаат некои пари и сега ако се без работа поради технологија. Во МК има технолошки вишок приход мислам дека е 12 или 24 месеци после може социјално...ок кај нас се ептен мали а катастофа но 1200 долари за сад се тоа. Во Западна Европа и многу други земји ќе имаат приход ако остнат без работа поради технологија и сега.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Точно; од Азијатите, како најмногубројни и како традиционалисти, се очекува да дадат отпор на глобализацијата, замислена од Западните лоши чичковци.

Но она кое се случува во Кина пред се‘, а тоа е познатиот „социјален рејтинг„, е ништо друго туку вклопување на самата Кина во глобализациските текови, иако Кина има намера наскоро да стане насочувач на светските процеси, што ќе и‘ успее, затоа што кај да е‘, ќе стане водач во технолошките иновации и нивна примена со секојдневното живеење.

Најтрагикомична е Русија, која глумејќи православие, станува една од земјите која воспоставува целосна контролна врз своето население, слично како и Кинезите.

Се чини дека најголем отпор ќе дадат токму „најзаостанатите„ племиња од Африка, Азија и Ј. Америка...

Самата „ВИ„, ако биде (а ќе биде!) примената масовно, ќе ја потисне потребата од човечки труд во дел од професиите, со што човекот ќе стане „вишок„ и непотребен на пазарот на трудот. Самата замена на „ВИ„ во однос на човекот, за самиот човек ќе значи и лишување од работата, која за човекот ем е природна потреба, ем е Божја Заповед.
Човекот секогаш може да се сврти кон земјоделие и се сам да си произведе + со помош на ВИ и 3Д принтери. Нормално ако има сопствена плодна земја.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Какво црно позитивно влијание од УОП, разбираш...

Воведувањето и користење ВИ за све и свашта е само во функција на процесот на намалување на популацијата на посакуваната „златна миљарда„ па дури и на нејзината половина...„Вештачката...„ не само што ќе ги убива професиите, туку ќе го обесмисли и постоењето на човекот на Земјава.

Погоди на кого тоа му користи...
Објсни подетално, што е тоа златна милијарда?
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Објсни подетално, што е тоа златна милијарда?
Не се замарај некои параноични теории на заговор за лузери. Типот е од тие што не ги бива за ништо и премногу се глупи за да учат и работат.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Не се замарај некои параноични теории на заговор за лузери. Типот е од тие што не ги бива за ништо и премногу се глупи за да учат и работат.
Сега прогуглав и нешто као намалување на светско населние од 8 на 1 милијарда, кој тоа и како би го постигнале не пишуваше, наводно била цел на некоја елита?! Не делува баш реалистично, како ќе ликвидираат 7 милијарди раја, тоа е невозможно.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Сега прогуглав и нешто као намалување на светско населние од 8 на 1 милијарда, кој тоа и како би го постигнале не пишуваше, наводно била цел на некоја елита?! Не делува баш реалистично, како ќе ликвидираат 7 милијарди раја, тоа е невозможно.
Од кај да знам сигурно имаат некоја шизоидна фантазија дека 7 милијарди луѓе се веќе мртви но ги хранат со ембриони од бебиња во водата за да живеат во капсули на фејсбук...некој лош сајфај хорор филм гледале вчера на нетфликс.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ova moze da se zloutorebi. Lugje namerno ke davaat otkaz i ke ziveaat so 1200 evra. Mora da ima dokaz deka ostanal bez rabota i deka nemoze da najde nesto sto go ima i sega. Taka da idejata e realizirana vekje vo najgolem del od zemjite.
Па нема баш простор за злоупотреба. Универзален приход значи 1200 евра ти легнуваат на сметка без разлика дали имаш милијарди на конто или нула денари. Ова е реално идеален модел со најмалку бирократија што не знам дали би се дозволило вакво нешто од елитите, а поверојатно е некој бирократски модел.

П.С Ова би било за во иднина под претпоставка дека имаме виртуелна интелегенција и роботи/роботизација што ја извршуваат целата човечка работа и реално нема потреба луѓето веќе да работат.

Она што би останало за луѓето е уметност, креативни дејности или напредна наука што исто е креативно поле. Во идеален случај луѓето би биле слободни да спортуваат и да шетаат т.е да уживаат во сите благодети што ги нуди планетата.

П.С2 Има и повеќе мрачни сценарија али за тоа се напишани доста книги и филмови.
 
Нема пари за тоа а и луѓето а зошто секој да зема 1200 евра кога не му треба. Што ќе му се на некого со милијади 1200 долари од државата. Има социјална помош. Може некој да не работи а да може и да зема 1200 евра. Тоа не е во ред. Ќе се најде работа за секого има нешто ситно да средува кај некого. Не сме толку бескорисни...штом за магаре има денес работа за човек нема да има. Ако сакаат за 1200 долари да работата нека спуштат минимална плата на 1200 долари и ослободат работодавци од даноци и придонеси и ќе се најде работа за 1200 долари месечно. Државата така ќе немора да зема даноци и да се задолжува за да ги покрие трошоците од УОП. Може тоа и кај нас и сега. Да спуштат минимална плата на 10000денари со платени давачки јас би вработил за под дома 2-3ца да ми помагаат.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.615
Поени од реакции
3.729
Човекот секогаш може да се сврти кон земјоделие и се сам да си произведе + со помош на ВИ и 3Д принтери. Нормално ако има сопствена плодна земја.
Моите баби и дедовци живееја на плодна земја, произведуваа се‘ на природна основа, без модерни технологии...
Автоматски споено мислење:

Сега прогуглав и нешто као намалување на светско населние од 8 на 1 милијарда, кој тоа и како би го постигнале не пишуваше, наводно била цел на некоја елита?! Не делува баш реалистично, како ќе ликвидираат 7 милијарди раја, тоа е невозможно.
Да, на прв поглед намалувањето на населението од 8 на 1 миљарда се чини невозможно, но каде беше ти во последниве 2-3 години, кога почна п(л)андеминајата со „Ковид 19„? Сметаш дека беше случајна или намерна?...

Во тек се повеќе напади врз целиот човечки род и тие напади се производ од едни и исти центри на моќ. Намалувањето на популацијата се врши тековно, во реално време, на повеќе начини. Едниот од нив е „Ковид 19„, вториот е последицата од тој вирус, во облик од вакцинација со висока смрност (погледни ги само реакциите во ЕУ на зголемена смртност, која се објаснува со лаги и еуфемизми!). Други начини се: непрекинато осиромашување на целото/светското население, убивањето на средната класа, миграциите од сиромашните кон богатите земји, форсирањето на „родово-половите„ философии, замената на човечката работна сила со роботизација, постепено убивање на земјоделието засновано на природно одгледување, форсирањето бесмислена исхрана со коритење инсекти и вештачко месо, форсирањето ГМО храна која генерира трајни болести, бесконечно отворање војни и сл.

Секако, арсеналот на можности е поголем од наведените...
Автоматски споено мислење:

Објсни подетално, што е тоа златна милијарда?
Намера од реалните центри на моќ за намалување на светското население на 1 миљарда па дури и на половина од неа, покриено со лажната загриженот за „здравјето„ од мајката Земја (пренаселеност, климатски промени, прегревање на Земјава, неповратно трошење ресурси и томе слично).

Накратко, што помалку луѓе, тоа полесна контрола и манипулација со нив...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom