Уметност на убаво говорење - Ораторство

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Што сметате дека еден добар оратор треба да поседува? Како да се задржи вниманието на публиката? Се за интонацијата и содржината на говореното? Каков треба да биде ставот на ораторот?
Секакви информации би ми биле лично корисни затоа што имам натпервар во среда. Благодарам однапред:smir:
П.С. Не знам дали баш темава припаѓа овде, ја сместив тука затоа што сепак ораторството е еден вид уметност. Ако има потреба преместетеја.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Имам посетувано обука за јавно говорништво и учествував на првата ораторска вечер за средношколци во Скопје, која се одржа пред неколку месеци во организација на Трифун Костовски, така што сознанијата по однос на темата ми се свежи.:pipi:Многу е важно да имаш професионални обучувачи кои ќе ја оценат тежината на темата за која говориш. Круцијално е темата да те допира и да се чувствуваш засегната со неа. Во врска со јасната дикција постои финта: Земи обично пенкало и стави го меѓу забите(слично како кога на цртанине Том држи ружа меѓу забите:pos2:) и почни да зборуваш. Кога ќе го извадиш пенкалото дикцијата и јасноста со која ќе изговараш многу ќе ти се подобрат. Важно е да стоиш урамнотежено, а тоа најлесно се постигнува со поставување на едната нога пред другата со што ќе овозможиш тежишната точка на телото да не ти се префрла од една на друга нога. Гестикулациите треба да се неизнасилени и да доаѓаат природно. Избегнувај тропање на говорница, бидејќи поради микрофонот и најмал шум се слуша. Излези на сцена смирена и вежбај дишење на дијафрагма со што би избегнала сите да слушнат колку си возбудена. Не брзај во говорењето. Ако згрешиш или пропуштиш некој пасус, не заборавај дека никој во публиката нема да знае за тоа. Говорот си го знаеш само ти и никој друг. Облечи се полуформално, кошулче џемпер и фармерки. Не носи накит кој ќе го одвлекува вниманието на публиката од твоето лице. Косата прибрана бидејќи не изгледа убаво да си ја местиш на сред говор. Не знам каква ти е бојата на гласот, но таа е многу важна. Кај публиката ,,палат" говори со хумор. Внеси ведрина на лицето кога зборуваш. Никој не сака да гледа исфрустрирани фаци кои се дерат, ако Амди Бајрам да речеме. И да, јавното говорништво е уметност на заведувањето народни маси, хипнотизација и манипулација со јавното мислење. Твојот говор, може да смени многу!
Победник на ораторската вечер на Правен факултет ,,Иво Пухан"
И немој да се разочараш ако некој со партиска книшка биде пласиран пред тебе, ова е сепак Македонија.
 

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Фала за советите Мими, очекував одговор од тебе зашто имав прочитано во некој твој пост дека си учествувала на ораторска вечер.
Ги изгледав внимателно клиповите, мојот стил поблизок е со оној вториот клип.
Само ме интересира дали може да се зборува на дијалект како што забележав на клипот?
Мојата тема инаку е Мојот јазик- моја гордост.
П.С. За тоа колку фразата-Најдобриот победува, е клише си знам и самата. Но, тоа е , не вреди да се откажуваме заради тоа така?:smir:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Можеш да зборуваш на дијалект, зависно од сериозноста на манифестацијата. Првиот говор е поформален, изведуван е пред ,,екселенции" од Правен факултет, а втората манифестација е направена самоиницијативно од страна на студентите а пубиката е составена само од студенти. Така што, процени каква ти е публиката, дали е составена од повозразни луѓе или од млади. Во зависност од тоа, зборувај на дијалект или на стандарден јазик. Фразата ,,Најдобриот победува" не важи во партиски координирани манифестации. И не вреди да се откажуваме, така е! А каде настапуваш? И кога? Со среќа!:back:
 

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Настапувам оваа среда на регионален натпревар во ораторство кој се одржува во Прилеп( од Прилеп сум јас). Мојот проблем е што ме известија пред два дена така да имам многу малку време за подготовки, но мислам дека ќе се снајдам, не сум тремаџија и имам некое искуство во јавно говорење. Сега малку темава не е баш мој стил, јас сум претерано критична и напати иронична во моите текстови, а ова е некој вид патриотска тема. Ех да, ќе заборавев, може да се потсетувам или не смеам да го носам говорот во печатена форма со мене?
 
С

Сатори

Гостин
Настапувам оваа среда на регионален натпревар во ораторство кој се одржува во Прилеп( од Прилеп сум јас). Мојот проблем е што ме известија пред два дена така да имам многу малку време за подготовки, но мислам дека ќе се снајдам, не сум тремаџија и имам некое искуство во јавно говорење. Сега малку темава не е баш мој стил, јас сум претерано критична и напати иронична во моите текстови, а ова е некој вид патриотска тема. Ех да, ќе заборавев, може да се потсетувам или не смеам да го носам говорот во печатена форма со мене?
Како да се читам себеси, а верувај тоа и не е така лошо, ако знаеш како на вистинскиот начин да ја вметнеш иронијата, да биде приметлива, а сепак да не биде премногу груба.
Како и да е, она што е најбитно кај еден оратор е да знае да зборува за некои работи без неопходно да верува во нив.
Кога некој ти ја дал темата, верувај во неа додека зборуваш и препушти и се на харизмата.
Ако ја имаш, вака или така, ќе ја заврши најголемата работа.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Еј, па ова е добра тема! Доста актуелна во последно време, и да ти кажам не е воопшто патриотска - всушност, грев е таква тема да се меша со патриотизам! Еден од принципите на науката за јазикот, па и на секоја наука воопшто, е дека не смее во неа да има ништо друго освен објективност и резон. Е сега, можам да ти кажам неколку инстант совети од современа реторика, кои ќе ти бидат од полза.


1. Постојат четири вида дискурс ( а тоа е всушност говор кој е условен од надворешнојазичната ситуација): Нарација, Дескрипција, Аргументација и Излагање. Тебе во случајов ќе те интересира најмногу Аргументацијата како тип на дискурс/говор, кој има за цел да убеди. А кога таа цели да убеди, тогаш се повикува на резонот, т.е. здравиот разум.

2. Најефектен говор во твојата ситуација би бил оној кој би се потпирал на издржани аргументи по однос на темата. Е сега, самата тема кај тебе буди асоцијации на емоција, т.е. на обврска од твоја страна да користиш, да речеме, грандиозна реторика или некој китнест стил; сепак, ти мораш да се концентрираш на факти, кои ќе ги изложиш таму.

3. Се’ што изјавуваш во говорот МОРАШ да го аргументираш доследно и целосно. Е сега, како да го направиш тоа? Аргументот е всушност нечиј (во случајов твој) став, мислење, однос кон нешто. За да се поддржи аргументот, потребен ти е доказ. тој доказ можеш да го обезбедиш како факт или како мислење. Ако користиш факт, треба тогаш да се повикуваш на некои законитости кои се случуваат во природата, и кои се проверливи и горе-долу вистинити. Ако користиш мислење, тоа секогаш мора да биде мислење на некој авторитет (научник, експерт во својата струка). Така, тука можеш а цитираш, да потсетуваш, итн.

4. Откако веќе обезбеди доказ, сега мора да најдеш начина како да го изнесеш аргументот. Тука настапува логиката, и онаа теорија за логички судови. Има нешто што се вика силогизам. На пример:

Сите луѓе се смртни. (главна теза)
Х е човек. (споредна теза)
Х е смртен. (заклучок)

Ова е таканаречен обичен, прост силогизам. Е сега, постојат и два други начини на аргументација, и тоа:

ИЛИ - ИЛИ силогизам (дадени се две опции, но притоа првата најчесто е дадена само за да се докаже дека втората е онаа „вистинската“, на пр. „Или ќе допуштиме јазикот да ни рудиментира, или со целиот интелектуален потенцијал ќе се обидеме да го кренеме сегашниот јазик на повисоко ниво!“).

АКО - ТОГАШ силогизам ( дадена е една опција, позитивна или негативна, при што првата дел-реченица се однесува на некој услов, кој ако се оствари, ќе доведе до исходот изнесен во втората дел-реченица, на пр. „Ако продолжи ова силно влијание на јазикот, тогаш тој несомнено ќе се видоизмени и ќе стане јаз меѓу генерациите!“).

5. !!ВАЖНО!! Колку и да „ти лежи“ темата на која говориш, секогаш мораш да се подготвиш што е можно повеќе на истата, така што при самиот говор нема да ти биде тешко да го кажеш она што сакаш! Таа подготовка е можна само преку обемно читање на темата, собирање информации и нивна класификација. Притоа, мора да знаеш како да ги употребиш тие информации фо функција на говорот!!!

Ок, од мене толку. Сега, можи е обемно ова, ама се надевам ќе ти биди од помош!:helou:
 

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Помина натпреварот и добив втрор место :toe: Не сум баш задоволна то ест не сум воопшто задоволна, ми избега првото место поради неправилно акцентирање на една акцентска целост...Во ред важна е дикцијата ама јас мислев дека сепак поважно е да се привлечи вниманието на публиката а јас успеав во тоа, ми аплаудираа неколку пати пред да завршам со говорот...можи па не сум во право...тоа е...сребрена папуча
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ич гајле да немаш, додека има партиски полтрони, ќе има и втори места.:back:
Најголемото нешто кое си го добила како бенефиција од ова е искуството и самото тоа што си сега ослободена да настапуваш пред голема маса на луѓе, аргументирано да кажуваш ставови, да внимаваш на дикција...Сето ова е многу потребно во секојдневието било на професионален, било на социјално-културен план. Браво!
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Помина натпреварот и добив втрор место :toe: Не сум баш задоволна то ест не сум воопшто задоволна, ми избега првото место поради неправилно акцентирање на една акцентска целост...Во ред важна е дикцијата ама јас мислев дека сепак поважно е да се привлечи вниманието на публиката а јас успеав во тоа, ми аплаудираа неколку пати пред да завршам со говорот...можи па не сум во право...тоа е...сребрена папуча
Ќе те мрзи да го постираш говорот тука, ако не пиши барем за што пишуваше.
Честито второ место, чим е за акценска целост, може и да си се сметаш за победник. Значи си исто толку добра ко тој што победил.
А тој што тема имаше?
 

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Ич гајле да немаш, додека има партиски полтрони, ќе има и втори места.:back:
Најголемото нешто кое си го добила како бенефиција од ова е искуството и самото тоа што си сега ослободена да настапуваш пред голема маса на луѓе, аргументирано да кажуваш ставови, да внимаваш на дикција...Сето ова е многу потребно во секојдневието било на професионален, било на социјално-културен план. Браво!
Фала, фала:pipi: Од голема помош ми беа твоите совети:smir:
Инаку, темата беше за сите иста. Мојот текст беше многу поразличен од останатите, ама па и тоа ми беше и поентата мене. Еве го текстот, па дајте некој коментар, пофалба или критика.
Мојот јазик

Добра вечер дами и господа. Верувам, дел од вас очекувате мојот говор да биде коректен, непристрасен, сталожен и накитен. Другиот дел ништо не очекувате, и онака сте дојдени да го пополните слободното време.
Епа, жал ми е што ќе ве разочарам, говорот не ми го напиша професорката по македонски јазик- Сама си го пишував.
По некое непишано правило би требало и јас да започнам како што впрочем сите други говорници би започнале. Тоа би изгледало вака:
-Еј луѓе, јас сум македонка! Мајка македонка! Татко Македонец! Живеам на земја македонска! Зборувам на јазик Македонски!
,,О еве ја таа проста земја од грч и од чекање
што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
а никој не ја знае”

Но...едно големо НО, мојата напати преголема и конструктивна аналитичка иронија ме поведе кон друг правец.
Бев на одмор во Бугарија пред некоја година, и седнувам да јадам во ресторан: Знаете во Бугарија се јаде за шест евра како бог. Доаѓа келнерката со неуспешно шатирана а успешно изгорена коса и ми вика:
-Од к`де си момиче?
-Од македонија.- и одговарам јас
-Аааа....блгарче, блгарче, на нашта азбука пишвате вие.
-Не сум БУГАРКА! МАКЕДОНКА сум!- јас видно изреволтирана
-Еми сичките сме едно де.- со насмевка таа
А бре каква азбука ваша! Ах кутри Кирил и Методиј, лесна да им е земјата, се превртуваат во гробот сега.
Кога сме кај Кирил и Методиј, замислете, на екскурзија во Прага туристичкиот водич ни раскажува за Св. Кирил и Методиј и Моравската мисија како прв пат да слушаме за нив.
-Е си ги знаеме нив де, наши си се- МАКЕДОНЦИ!- добрли некоја од професорките.
-What? Macedonians?- туристичкиот водич во гнев.
Е демек грци биле, од Солун. Ами Солун до вчера наш си беше, а ова Хелениве ако толку ги сакале Кирил и Методиј немало да ја шират тријазичната ерес.
Кога зборувам за македонскиот литературен јазик, како да не го спомнам Крсте Петков Мисирков. Тој ги постави темелите на македонскиот литературен јазик. Си реков, ај ќе видам нешто за него, на интернет. И...читам, во Википедија, најголемата интернет енциклопедија, со букви BOLD:,, Крсте Петков Мисирков себеси неколку пати во животот се прокламирал за МАКЕДОНСКИ БУГАРИН, и се залагал за целовитоста на Бугарија. Татко е на бугарскиот фотограф Борис Петков.”
Срамота!Срамота! И срамота!
Па ако бил бугарин човекот што не напишал книга ,, За Бугарските работи” туку напишал ,,За македонцките работи”

Ај што не не сакаат соседиве не не сакаат, не дека ние нив многу многу ги љубиме. Туку, сами што не се сакаме, не го сакаме она што сме, или пак не знаеме што сме и кој сме?
Виктор Иго рекол:,,Најтешки се оние парници кои ги водиме сами со себе”
Еј, живееме во држава во која македонски политичари одговараат на албански јазик на прес конференции. Живееме во држава во која главната намена на театрите и кино салите е преноќиште за бездомници. Живееме во држава во која на телевизија нем ништо попаметно од Боки 13 и драган Вучич.
Се сеќавам едно време на телевизија ја даваа и емисијата ,, Говорете Македонски”. Верувам се сеќавате и вие. Нараторот започнува со драматичен глас:
Се среќаваат двајца пријатели на улица и едниот го прашува другиот:
-Гледаш ли ти ,,Говорете Македонски”?
-Гледам, гледам.
-А говориш ли ти македонски?
-А не не, можеш да говориш само на говорница, јас ЗБОРУВАМ македонски.

ГОВОРИ- погрешно
ЗБОРУВА- точно

Двајцата пријатели се разделија со нетрпение очекувајќи ја новата епизода од емисијата ,, Говорете Македонски”.

Ах Боже, помогни им!
Мојот јазик-мое најголемо богатство!? Мојот јазик- моја гордост! Си го продадоовме нашиот јазик! Си ја продадовме нашата гордост!
За што???
За висока и удобна фотеља!
Се прокламираме себеси ГРЦИ, БУГАРИ, учиме на бугарски на грчки јазик!
За што???
За една платена факултетска диплома!
Заспан мој народе МАКЕДОНСКИ!!!

Но тоа е. Невозможно е да разбудиш човек кој се преправа дека спие.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Јас би ги исфрлила дијалозите во директен говор. Како мислиш тоа да го изглумиш? За тоа ти треба способност и искуство на еден стенд-алоун-комидиен кои не верувам дека ги имаш, ниту пак целта на ораторството е таа.
Ако пак ги ставиш во индиректен говор ќе изгубиш на ефект. Пробај таа поента да ја составиш во некој пасус со кој ќе се обраќаш кон публиката, а не да се двоиш од нив.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Крајот е премногу контрастен од останатиот текст, не ми се допаѓа. Како да си го споила вештачки. Немаш аргументи во ниту еден дел од говорот. Искрено, воопшто не ми се допаѓа, немој да се лутиш. Според мене, мора да си многу добар говорник за да добиеш 2ро место со ваков анти-македонски говор. Сега ќе го ставам мојот.
Татко сексуално ја злоупотребувал својата седум-годишна ќерка, 75 годишен старец се изживувал врз петгодишни девојчиња. Возач на автобус ги задоволувал своите сексуални нагони пред деца сопатници. Средношколки протестираат за отстранување на нивниот професор по социологија затоа што недолично кон нив се однесувал....Сето ова е веќе многу пати слушнато на вестите, но никогаш не му се дало посебно внимание и мој заклучок е дека во нашата држава на педофилијата се гледа како на команчи пред тотем- со возбуда, љубопитство- и несериозност. Само дваесет години е максималната казна за оној кој ке злостави предпубертетско дете, што ме доведува до втор заклучок, а тоа е дека во нашата држава е поисплатливо за еден криминалец да се бави со педофилија, отколку да шверцува батерии ,сунѓери ,сапунчиња ,спреови за комарци, жижици и петарди, бидејќи помала затворска казна му следи со блудничењето на предпубертетски деца отколку блудничењето на буџетот од државната каса.
Велат дека годишно во Македонија има 1000 жртви на сексуално насилство од облик на педофилија. Оваа бројка е чиста глупост и не се споредува ни приближно со вистинската. И сеуште-20 години затвор за драгите педофили, кои уште и ги правдаме како граѓани кои се доста успешни на професионален план , луѓе кои се болни, колку смешно нали-БОЛНИ, не биле тие виновни што сакаат да си бркнат младо мевце, макар било истото и предпубертетско... Педофилијата не е болест. Секоја болест напредува, се повлекува, се
лекува, а педофилијата не. Тоа е психичка состојба. Педофилите имаат значителен недостаток на бела маса, што е супстанца одговорна за поврзување на различни делови во мозокот.Затоа тие не можат да си сврзат 2 со 2 и да сфатат дека децата се нешто најскапоцено и дека ниеден хибрид не смее да прави ништо што би ги повредило, ма колку и да е нестабилен. А, да , не сум повторила одамна-20години затвор за таков нечовечен деликт, само 20 бедни години во кои го спасуваме малото дете од еден педофил, за да детето што ќе се роди по тие 20 е соочено со уште еден педофил плус. Каква е таа праведност и демократија?Зарем постои казна за одземеното детство, за траумите, несреќата, болката што детето во своите најбезгрижни денови ќе ја трпи но не и претрпи?
Само доживотен затвор му е мајката, а богами и таткото... Некој кој сторил такво недело, во иднина ако му се даде шанса само ќе го истото мултициплира. Кажете ми колку педофили некогаш откако излегле од затворите го поправиле своето поведение? Нула. Не, АПСОЛУТНА НУЛА, минус 273 степени. Исто на толку ми се симнува температурата на телото кога ќе ги слушнам дека бараат права на сексуална ориентација. Демек педофилијата била сексуална ориентација како хомосексуалноста. Мора да се превземаат значително ригорозни мерки , се додека не почат да си формираат и Партија за бранење на педофилските интереси по примерот на либералната Холандија која им рече ,,да на изместените умови припадници на :Партијата за братска љубов, слобода и разновидност. Каква легитимност има таа партија за да одобрува сексуално насилство врз било кого а не пак дете? До каде може да оди светскиот неморал и неодговорност?
Колку и да ви изгледа почитувани, ова мое излагање престрого, афективно и конвенционално, јас сепак ќе се држам до него до крајот на мојот живот, бидејќи сум имала лично искуство со педофил, и иако не она најстрашното, сепак знам колку е тешко да се тоа заборави, преболи, поттисне. За нив немам апсолутно никакво разбирање, никаква дилема ни понатамошна дискусија, туку само реторичко прашање: До кога ќе ги гледаме на улица? До кога децата ќе ги сносат последиците? До кога само 20 години затвор, за некој кој уништил 20 животи и е во самиот старт на својата богата педофилска кариера?
 

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Во ред е, зошто да се налутам. Но тоа е мојот стил, сакам драматичност во говорот и блага иронија( забележав и кај тебе ја имаше) и да, мојот текст има факти кои не се препишани од книги како што поголемиот говорници би направиле туку се вистински настани од секојдневниот живот, се со цел да им се доближи говорот на публиката. Ацева од каде си па сигурна дека незнам да глумам?Можда сум родена глумица:helou:
 
Член од
17 декември 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво дечки .. Ми треба некоја актуелна тема за јавен говор, но да не биде толку експлоатирана .. секој предлог би ми бил добредојден.. Ви благодарам однапред
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom