Уметноста пред бизнисот

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Куќи со базен покрај океан, ресторани, игротеки за деца во САД, нивниот надворешен изглед, но и ентериерот со оригинални и уникатни решенија, ни ги доловува архитектот Ѓорѓи Петкоски, кој веќе 11 години се занимава со оваа професија, далеку од своето родно огниште. Прилепчанецот, кој од 1971 година заминал во Детроит, во Музејот на град Скопје изложи дел од своите ахритектонски проекти. Петкоски прв пат ги изложува своите дела, а се решил тоа да го направи токму во родната земја, со што влегува во редот за претставување на Македонците кои живеат и успешно работат во странство.
Петкоски е главен архитект во сопствена компанија која изведува објекти и дизајн низ целиот свет. Во Детроит, компанијата на нашинецот високо котира, а годишно изведуваат по 4 до 5 куќи, по неколку ресторани и барови, апартмани, шопинг-центри. "За секој проект имаме индивидуален пристап и бараме одредена резолуција. Некогаш тоа ќе биде во модерен стил, а некогаш во традиционален. Покрај проектите, правиме и модели, а покрај идејното решение, фирмата и ги изведува објектите и нуди предлози за внатрешното уредување според принципот од идеја до клуч", вели Петкоски. Меѓу поатрактивните изложени проекти во Музејот на град Скопје, забележлив е оној на една куќа изградена во Мичиген. Авторот ни посочи дека станува збор за дом на еден богат сопственик, кој одредени детали ги порачувал во цел свет. Така, розетата или медалјонот во салонот, го изработиле резбари од Украина и тоа од различни видови дрва, скулптурата за фонтаната во дворот ја порачал во Лондон, а вратата од ковано железо е американски производ. Покрај решенијата за нови објекти, вработените во "Петкоски архитект" во последните три години се ангажирани и околу реновирањето стари згради изградени пред стотина години. Интересно решение, тие понудиле за адаптација на една стара фабрика каде сега се изградени 40 станови. Во последните 10 години имаат изработено над 200 проекти изведени во Костарика, на Бахамите, во Мичиген, Њу Џерси... За инспирацијата во решенијата на проектите, архитектот Петкоски најчесто ја користи локацијата, но ги прифаќа и сугестиите на сопствениците. "Во САД, архитектот повеќе е насочен кон бизнисот, а не кон уметничката страна на оваа професија. И самите архитекти се однесуваат повеќе како бизнисмени, а помалку како уметници. За мене архитектурата повеќе е уметност, начин на откривање и разбирање на човечкиот дух", објаснува Петкоски.
За македонската архитектура тој смета дека е многу интересна и дека нашата земја отсекогаш имала креативен потенцијал кој ја одразува современоста, но и историските белези.
Венчавка во Охрид
Ѓорѓи Петкоски со својата избраничка, Американката Анџела Боул, во саботата, ја озаконија брачната заедница пред Бога и тоа во "Св. Наум" во Охрид. По крштавањето во православна црква во Детроит, Боул ја примила македонската православна вера, така што немале никаква пречка своето судбинско "да" да го изговорат пред македонски свештеници. "Охрид ми е омилено место и затоа решивме венчавката да ја направиме таму, во присуство на малкумина гости, бидејќи и двајцата не сме љубители на големи свадби", вели Петкоски.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Да не имаш некоја фотка од Ѓорѓи да ја ставиме сторијава на главна?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom