Украински ЛАЗ го сака и скопскиот трамвај

Дали сакате да има Транвај во Скопје?

  • Да

    Гласови: 29 56,9%
  • Не

    Гласови: 22 43,1%

  • Вкупно гласачи
    51
L

.Lost Angel.

Гостин
ГРАДОТ СКОПЈЕ НЕ ГО ИСКЛУЧУВА ПРОЕКТОТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВ ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Украински ЛАЗ го сака и скопскиот трамвај

Од Град Скопје велат дека градот активно работи околу проектот трамвај. Оттаму информираат дека консултантска куќа веќе го изработувала проектот за изградба на трамвај, која треба да покаже каде ќе минуваат трасите и колку ќе чини финансиската конструкција на проектот

Украинците кои на Македонија и испорачаа 80 нископодни автобуси за потребите на јавниот градски превоз сега се заинтересирани и за учество во можните проекти за изградба на трамвај и тролејбус. Украинскиот производител на автобуси холдингот "Лавовски автобусни заводи ЛАЗ" интересот да се прошири и во овој бизнис во земјава го изрази вчера при посетата на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Експерти од компанијата на чело со техничкиот директор Игор Малец, позитивно ја оценија употребата на градските автобуси и нивното сервисирање направени во фабриката во Украина за македонскиот пазар.
- Кога ја почнавме соработката со Македонија беше наведено дека во иднина може ќе треба да се развие и една мрежа за производство на тролејбуси. Тролејбусот е економична експлоатација од еколошки аспект. При експлоатацијата дел од енергијата што се користи се враќа во електричниот систем. Со оглед дека сега во Скопје се планира изградба на трамвај, ЛАЗ може да се јави како учесник и во тој проект. Имаше почетен разговор дека кога можеби Украина би ги градела трасите, ние да ги испорачаме тролејбусите - вели Малец.
Според директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов, станува збор само за почетни разговори, но ништо не е ставено на хартија.
- Тоа се само разговори. Ги знаете плановите на Градот Скопје за проектот трамвај, така што тоа се само неофицијални разговори, ништо од тоа не е ставено на хартија и не се знае дали ќе се реализира - истакна Николов.
Од Град Скопје велат дека градот активно работи околу проектот трамвај. Оттаму информираат дека консултантска куќа веќе го изработувала проектот за изградба на трамвај која треба да покаже каде ќе минуваат трасите и колку ќе чини финансиската конструкција на проектот. Откако ќе заврши оваа фаза, ќе биде распишан меѓународен тендер, најавуваат градските власти.
Инаку украинскиот ЛАЗ тврдат дека се исполнети сите обврски предвидени во договорот со Министерството за транспорт и врски, односно извршена е целосна испорака на автобусите доставени се резервни делови, и дадена е двегодишна гаранција за секој автобус.
Исплатата на автобусите според, нив, се одвива според утврдената динамика и нема недоразбирање околу тоа прашање. Она што Украинците го негираа на вчерашната прес-конференција е дека доцнеле со испораката на автобусите. За нив тоа било само
една мала задршка и не плаќале пенали на државата. Според нив, моделот на автобусите бил најнов и барал поголем ангажман, а воедно чекале и за испорака на деловите кои се од европско производство.
ЛАЗ за македонскиот пазар произведе 80 нископодни градски автобуси со должина од 12 метри. Првите 15 беа испорачани во јануари годинава. Новите возила се согласно европските стандарди со мотор Евро 4.
(С.М.)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Во голем дел од македонските градови се нема изградено ништо во последниве години,а во Скопје до трамвај дошло.Скопје-држава.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Со сегашнава мрежа на улици во Скопје, трамвај би бил полн погодок...за поголем сообраќаен хаос.Сите трамвајски мрежи во светот (или најголем дел од нив) се градени во почетокот на 20-тиот век.Скопје би закснал со трамвај едно 120 години.Али ништо чудно после стилот на градба околу плоштад Македонија.

Капак на се, измешале тролејбус и трамвај.ЛАЗ не се производители на трамвајски возила.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.282
Ако има тендер нека се пријават и нека го добијат ако ги исполнат условите.Вакви спогодби во четири очи и барање да им се исполнат желби тешко дека ќе им се оствари тоа.

Против трамвај,од неколку причини.
Лоша инфраструктура,претесни улици,недоволна едукација,непознавање на правилата(трамвај во градов ќе биде комедија -некои сеуште незнаат како кружен тек функционира не пак трамвај) премногу пари,премногу изгубено време.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Што запнаа со трамвајот овие, што се нервирам ..кај има Скопје улици за трамвај,..едина опција е да ја затворат таа маршрута каде би поминувал трамвајот..
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ако има тендер нека се пријават и нека го добијат ако ги исполнат условите.Вакви спогодби во четири очи и барање да им се исполнат желби тешко дека ќе им се оствари тоа.

Против трамвај,од неколку причини.
Лоша инфраструктура,претесни улици,недоволна едукација,непознавање на правилата(трамвај во градов ќе биде комедија -некои сеуште незнаат како кружен тек функционира не пак трамвај) премногу пари,премногу изгубено време.
+1 незнам која е логиката да се праи трамвај? Настрана што ќе предизвика хаос ама логично би било шините да зафаќаат една лента од коловозот што значи поголем сообраќаен хаос. Кога веќе почнаа да вложуваат во автобузи, така и нека продолжат. Има два проекти кои се попрактични и би предизвикале помалку хаос и помалку копање на улици и помалку интеракција со глупави украински производители.

1.Неколку подземни сообраќајници.
2.Проширување на неколку улици.

И секако дека метро е подобро, но неисплатливо секако и крајно невозможно.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Ние за 100 метра улица да ни асвалтираат 15 години спор тераме,на овие до трамвај им дошло.
--- надополнето: 20 декември 2011 во 22:30 ---
Ние за 100 метра улица да ни асвалтираат 15 години спор тераме,на овие до трамвај им дошло.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Најдобро решение за Скопје е целосно демолирање на градот и одново градење со врвни и некорумпирани архитекти. Но бидејќи тоа никогаш нема да се случи (освен ако некој не ни фрли нуклеарка) најбезболно би се решил сообраќајот со проширување на сите булевари со три (па некаде и четири) ленти од секоја страна. За тој потфат би требало да се урнат многу објекти но за возврат ќе имаме подобар транспорт. Дури тогаш би можело да се размислува за трамвај а како што е сега тој би се движел само низ Аеродром бидејќи другите булевари немаат толкав капацитет. Друга опција е метрото но инвестицијата би била прескапа и непрофитабилна бидејќи за метро треба да имаме густо населени и конурбирани подрачја а Скопје е релативно мал град на глобално ниво. Такада најреално гледано Коце треба најпрвин да ги прошири сите булевари па да размислува за LRT-трамвајски систем.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Ко прво гледате кога после колку време доаѓа трамвај во скопје, така да метро очекувајте за 1 век.
Второ неисплатливо е метро од повеќе причини:
1. Скопје нема ниту милион жители.
2. Кошта многу и се гради 10 години, а кај би нас се градело 20.
3. Во скопје проблем претставува секаков вид копање, а не метро, бидејки лежиме на втор вардар (сетете се на борис трајковски салата), што значи уште мал милион пари.
Така да скопје е премал и пресиромашен за таков лукксуз, меѓутоа нема ни услови за него.

Он: И ја исто не го поддржувам трамвајот. Кога ќе ги направат булеварите со по 4 ленти, тогаш да. Вака би имало 2 ленти за возење (со 3 не стига не па со 2) и би се направил каша попара (не дека сега не е).
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.051
Поени од реакции
15.026
Львівськиј автобусниј завод (ЛАЗ) — најбільше автобусобудівне і тролејбусобудівне підприємство України.
проиведува автобуси и тролејбуси


шинско возило во Скопје ќе предизвика поголем метеж
 

Kajgana Shop

На врв Bottom