Темата ја отварам и можете да прашувате за се во врска со увозвот и извозот.
Правилно толкување за постоечките закони при спроведување на постапките.
Значи секаква помош во врска со оваа проблематика.
Поздрав.
Лелееееее колку интерес имаме во државава за оваа област!, Па чудете се вие зошто земјата ни е баш во таа состојба каква што е!
Поздрав Г-не до Вас.
Јас сум без воопшто никакво искуство за international trading но многу би сакал да научам и да почнам во таа сфера. Па дали би сакале да ми дадете препораки за материјали за учење од таа област или искуства, Да ми кажете за проблеми од пракса на кои импортерите/експортерите наишле, тактики, дупки во зак.. хехе, и сл. Конкретно ме интересира увоз од Р.Кина на компоненти за производ од пластика и метал, во Македонија само да ги склопувам и потоа да се извезуваат за Германија а и на други пазари понатаму доколку успеам да направам договори со некои фирми.
Знаеме дека стравот од незнаењето не запира да напредуваме но со овие закониве толку се искомплицирани што стравот станува основан, за некој документ кој немаш појма дека требало да го имаш можеш да пропаднеш начисто, да остане робата во некој царински терминал или да биде конфискувана и слично. Па затоа ми е потребно да знам кои документи се потребни и за каде и кој ги издава истите, која документација треба да ја дадам на шоферот на камионот за да нема проблеми на границата кај Гевгелија при увозот како и на границата со Србија при транспортирање на робата за ЕУ.
Поздрав!