Убиство во самоодбрана, казниво или не?

Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Сакаш да кажеш: Дупка во законот, да или не ?
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Сакаш да кажеш: Дупка во законот, да или не ?
Далеку од тоа дека имат дупка во законот, имат дупка во тие шо требит да го спроведвет и работет според законот, почни од мито, корупција, пријателства итнт.
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Добро бе, 5 убиства на година имаме in general, кој тебе ти влегол да те убие или киднапира? Ептен филмови.
Ти влегол дома со една шнола за коса, и сега ти имаш право да му ги распостелиш органите во трпезарија?
Само дека си под некоја недефинирана опасност не треба да се смета делото, ако го извршиш, убиство во самоодбрана.
Сигурно циганов нема да те убие, а макар те нападне тоа е дека бил во неизлезна ситуација, и те нападнал, за да побегне.
Треба да се цени повеќе животот, а според законите, очигледно се.
Во земјава немаме потреба од америчкиве закони, затоа што во пакет треба да имаме и америчките напади и случаеви.

Инаку, јас сум изненаден, 10 од 10 од овде биле природно родени убијци, и тоа зборуваат како од искуство, колку адреналин, како би реагирале, све тоа.
Пиштоли муабетот е врв...
Оправдувам ако пример улична тепачка те нападне некој со нож. Посегнува по животот, свесно, и тоа како примарна цел.
Тоа е вредно за убиство, во самоодбрана. Лаптопот кој е цел на кражбата не е вредно да го олесниш светот со еден крадец помалку.
Ајде ме интересира твојата реакција. Стануваш да мочаш, кога гледаш некој сумњив тип мрчи нешто околу телевизорот. Што би направил? Имај во предвид дека во другата соба ти спијат жената и децата.

Веќе ја замислувам ситуацијата:

wot- Кој си ти бе? Што правиш тука ?
Циго- Еееј баци, абе по грешка сум влегол бе
wot- А тоа во раката ? Што ти е ?
Циго- Ножов ? Тој ми е за јаболки лупење,еве имам јаболка во џебот.
wot- А тацна имаш ? каде ќе ти паѓаат лушпите ?
wot-Ајде бегај од тука, да не помислат комшиите дека крадеш...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.743
Мојот пост беше бидејки некој член викаше дека не мислел да го убие демек несакајки било, а 4-5 убода не можат туку така да ти лизнат од рака. Значи океј си е самоодбрана и се само сакав да кажам дека не е дека „не мислел“
Живееме во време кога постојано се случуваат тешки повреди, силувања, киднапирања и убиства на луѓе, и тоа насилства направени во нивните сопствени домови.


Стави се ти на негово место, жена ти испаничена ти вика дека некој (некои) насилно влегуваат во станот, нема прва мисла да ти биде да ги заштитиш детето и жената, фалмилијата?
Нема да го земеш првото нешто во близини за одбрана пред да се обидеш да „резонираш/комуницираш„ со напаѓачите?

И што се случува кога тогаш наеднаш те напаѓаат во темница? Ќе мислиш како да останеш жив и да одбраниш семејството... Или ќе мислиш на граѓанските права на тој што по сите прилики се обидува да те убие и тебе и семејството?
Нема тука размислување во таа ситуација кога во темница некој те напаѓа, те бутка на земја. Нема да броиш колку убоди ќе нанесеш и да прелистуваш енциклопедија за човечка анатомија за да ги избегнеш виталните органи и главните артерии!


Дај бе не се правете филантропи на тастатура...
Кога последен пат си уплатил хуманитарна помош или слично, да му помогнеш на оној што навистина му треба помош?
Не ти се обраќам само тебе туку и на сите оние што се „загрижени„ за правата на шљамот на општеството, додека секаде наокулу нас има многумина други што се многу позаслужни за помош...

Во ситуации каде кристално е јасно дека се работи за провала и напад во домот, законот треба да биде 100% на страната на нападнатиот. Заеби пропорционалност и слични страња кога е преживување во прашање.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.456
Аха ќе го прашам и кафенце да не сака да се напие, а ако нема пари ќе му дадам малку за да му помогнам пошто сиротиот немал.

Значи типот ти влага дома, од кај знаеш ти во 3 саатот дали е он 17 годишен циган, наркоман или психички растроена личност. Од кај знаеш во темницине ти дали има пиштол, нож или друго оружје?

Не дај боже некогаш да дојдам во таква ситуација, ама ич око не би ми трепнало да му свирнам куршум у чело без да прашам ништо.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Не навлегувам во конкретниов случај од Србија, нека одлучи судот. На прашањето на темава, иако не сум правник, ќе одговорам во стилот на Алан Шор од Бостон Легал :)
Значи, затоа постои суд, затоа постои порота. Да ги разгледаат сите околности под кои се случило делото, и да одлучат дали имало умисла или не да се случи делото. Иначе зошто би постоел суд и порота? Ќе си има еден тефтер со казни, и по тефтерот ќе се казнуваат луѓето.
Значи, претпоставувам, без разлика што е законот око за око, тупаница за тупаница и тн. во конкретниот случај, судијата и поротата нема потреба да се придржуваат стриктно по него, бидејќи тој не може да ги предвиди сите ситуации.
Е сега, ова колку е и добро (пример да се ослободи човек што убил некој во нужна одбрана), толку е и лошо, од аспект што на поротата и судиите им дава слобода да го игнорираат законот, што ги прави многу подобни на корупција. Патем, судовите се најкорумпирани институции секаде во светот.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
5 убиства имало годишно? Само овие двајца се товарат со 7...макар вториот и не знам колку е сигурен
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Бидејќи се правите многу пацифисти, ајде кажете ми зошто на југот на САД има помалку провали од тие на северот ?
Затоа што југот е послободен во добивањето на дозволата за оружје. Сигурно би помислил 3 пати пред да влезеш кај некоја бабетина дома, што чува пумпарица.
Законот е што да ти кажам, многу луѓе лежеле затвор затоа што сакале да си го заштитат семејството или имотот.
Како на пример, оној што ги изрешета оние од франкфурстката мафија во Рибниот ресторан или еден од Кавадарци, што ја бранеше неговата бремена пријателка од таткото на детето што ја тепаше со безбол палка.
Примери има доста, луѓе што се вон секоја логика да бидат затвор, а се.
Убиство во самоодбрана не треба да биде казниво, треба само да се утврди дека е убиство во самоодбрана односно дали убиството е исценирано да изгледа како во самоодбрана или не.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
S

Sagan

Гостин
Нужна одбрана
Член 9 КЗ
(1) Не е кривично дело она дело што е сторено во нужна одбрана.
(2) Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од
себе или од друг, истовремен противправен напад.
(3) Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се
казни поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или уплав
предизвикан со нападот, може и да се ослободи од казна.
 
Член од
7 февруари 2005
Мислења
688
Поени од реакции
76
Јас да го фатам дома како ми краде??? или да ме малтретира - дома кај мене, во тој момент ќе размислувам дали ќе лежам во затвор.Ма немој не ме радуј....Го убивам на лице место.Во тој момент неможеш да размислиш што да направиш само по себе си иде
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Во САД ако затекнеш провалник у твоја куќа се дур не ти излезе од двор можеш комотно мозокот да му го разнесеш..
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Очигледно ова било позната вест јас тек сега ја слушам. Имено, некој Македонец во Србија (тоа не е битно за темава) убил крадец кој влегол во неговиот дом, а граѓаните собирале петиција и масовно сметаат дека тој е невин и не треба да одговара за убиството.

И се замислив дали навистина не треба да одговоара, сепак е убиство. Што мислите за оваа тема?

Еве и линк http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E8E54F872344B24197874307BC4A1A5E
Крадецот барал беља и си ја нашол,а човекот кој го бранел својот имот
БИ ГО ОСЛОБОДИЛ И НАГРАДИЛ СО ДОЖИВОТНА ПЕНЗИЈА
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Е на последната реченица ме разочара. Нема условен затвор, има условна казна и не постои затвор за неа туку се воздржуваш од било какво кривично дело. :)

Инаку се сложувам со сите што напишаа дека глуп е законот.
Да употребам сразмерна сила?! - А што е сразмерна сила во случајов? Го гледам ми провалува дома, сигурно крадец со голи раце не провалува, макар и да нема ништо што се гледа во раце може да има на појас, или нож ко Рамбо на нога, па ај ќе чекам да ме нападне-ипак крадец е.

Има олеснителни околности, плус наркоман, дали имал оружје со него, какво оружје, зависи во кое време им отишол на 'гости' (од моб сум, не го отворив линкот) и на крај секако зависи од судскиот совет што ќе одлучи. По мое условна казна не му бега.
А што ако сторителот не се воздржува од правење на ново кривично дело? Повторно нема да има затвор? Очигледно дека малку си ги помешал работите. И законот воопшто не е глуп, само треба човек да знае да го толкува.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 15:52 ---
Со прости ѕборови, ова значи дека ова убиство може да влезе во тој круг на „нужна одбрана“, односно овој човек да не одлежи ни ден затвор? Или нешто не сфатив?
Токму така!
 

-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
Живееме во време кога постојано се случуваат тешки повреди, силувања, киднапирања и убиства на луѓе, и тоа насилства направени во нивните сопствени домови.


Стави се ти на негово место, жена ти испаничена ти вика дека некој (некои) насилно влегуваат во станот, нема прва мисла да ти биде да ги заштитиш детето и жената, фалмилијата?
Нема да го земеш првото нешто во близини за одбрана пред да се обидеш да „резонираш/комуницираш„ со напаѓачите?

И што се случува кога тогаш наеднаш те напаѓаат во темница? Ќе мислиш како да останеш жив и да одбраниш семејството... Или ќе мислиш на граѓанските права на тој што по сите прилики се обидува да те убие и тебе и семејството?
Нема тука размислување во таа ситуација кога во темница некој те напаѓа, те бутка на земја. Нема да броиш колку убоди ќе нанесеш и да прелистуваш енциклопедија за човечка анатомија за да ги избегнеш виталните органи и главните артерии!


Дај бе не се правете филантропи на тастатура...
Кога последен пат си уплатил хуманитарна помош или слично, да му помогнеш на оној што навистина му треба помош?
Не ти се обраќам само тебе туку и на сите оние што се „загрижени„ за правата на шљамот на општеството, додека секаде наокулу нас има многумина други што се многу позаслужни за помош...

Во ситуации каде кристално е јасно дека се работи за провала и напад во домот, законот треба да биде 100% на страната на нападнатиот. Заеби пропорционалност и слични страња кога е преживување во прашање.
И овој исто како да нашишел нешто... ајде и на тебе да ти објаснувам дека си во право у врска со самоодбраната така е и јас исто би постапил итн итн... но, мојот пост се однесуваше само на ЕДЕН член на тој што го цитирав да му објаснам дека не се е случило туку така случајно, несакајки или било како бидејки не беше информиран што и како било. Ако уште нешто не ти е јасно пиши ќе ти нацртам
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Да. Убиство е убиство. НО НО

Но секогаш се испитуваат околностите(пример олеснителни), во стилот на нужна одбрана, т.е правопропорционално одговарања на нападот. Колку те удира толку враќаш ни повеќе ни помалку.(по закон)

Но од друга страна можи и вака по исклучок, а уствари сето е под влијание на 235235 фактори кои се земаат во обѕир http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=2745&kategorija=7
Демек чекај да ти вдене куршум, па тогаш тргај по пиштолот...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Kajgana Shop

На врв Bottom