Убиен е Осама бин Ладен!

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Syn, 2 мај 2011.

  1. Toecutter

    Toecutter Biafran Baby

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    5.243
    Допаѓања:
    2.429
    Барале докази.
    Што е нормално.
    Доколку навистина американската власт била заинтересирана за наоѓање на покојниот, можеле да преговараат и да ја завршат таа работа уште тогаш.
    А со талибаните не само што преговарале... за други работи :) туку и ги поканиле на неколку наврати во САД.
    Да, талибански делегации биле во САД.
    Толку од прикаските за непреговарање со недемокрацкиот и лош режим во Кабул.

    Многу прикаски...ниедна не држи вода...
     
    На NaughtyByNature му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Human

    Human Explorer

    Член од:
    10 октомври 2009
    Мислења:
    10.732
    Допаѓања:
    2.627
    Бизнис интереси... И Гадафи до пред некој месец се сликаше заедно со Обама, Саркози, Берлускони...
    Кога е бизнисот во прашање, вреди да се проба секоја опција. Дури и со непријателот. (понекогаш во наводници) :)

    Иначе по прашањето дали ќе го предаделе Осама и под кои услови.... А Авганистан како стратешко место... таква прилика не се пропушта. :)
     
  3. BaiGanio

    BaiGanio

    Член од:
    7 април 2011
    Мислења:
    57
    Допаѓања:
    2
  4. Ернесто ЧЕ Гевара

    Ернесто ЧЕ Гевара Hasta La Victoria Siempre

    Член од:
    21 јуни 2010
    Мислења:
    10.349
    Допаѓања:
    13.057
    Во најновиот број на неделникот Публика, како и во емисијата Во Центар од петокот, аналитичарот Сем Вакнин кажа дека ЦИА го нашла Осама уште по нападите на 11 септември. Меѓутоа, го оставаат жив, најпрво живее на неколку места во Пакистан, а во периодот 2004-2006 ЦИА ја изградува куќата во која потоа бил однесен Бин Ладен. Таму тој живееше се до денот на ликвидацијата.

    Еве линк од емисијата Во Центар(во неделникот Публика е многу поопширно):
    http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120
    Таму доле, кај што е листата со емисии, одберете ја Во центар и потоа одберете ја емисијата со дата 06.05.2011.
     
  5. BaiGanio

    BaiGanio

    Член од:
    7 април 2011
    Мислења:
    57
    Допаѓања:
    2
  6. bucio

    bucio Урбан индијанец.

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    14.800
    Допаѓања:
    6.021
  7. Nonteizam

    Nonteizam Полихистор

    Член од:
    13 декември 2008
    Мислења:
    1.108
    Допаѓања:
    764
  8. bucio

    bucio Урбан индијанец.

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    14.800
    Допаѓања:
    6.021
  9. life different

    life different

    Член од:
    11 јануари 2011
    Мислења:
    72
    Допаѓања:
    12
    Буквално се сложувам со тебе, +1
     
  10. Ернесто ЧЕ Гевара

    Ернесто ЧЕ Гевара Hasta La Victoria Siempre

    Член од:
    21 јуни 2010
    Мислења:
    10.349
    Допаѓања:
    13.057
    - Не е точно дека организацијата која ја знаеме како Ал-Каеда(која сепак не се вика така) се состои од ступидни млади луѓе што се разнесуваат со бомби ширум светот. Дури 62% од членовите на Ал-Каеда(сепак ќе ја викам така како што сите ја знаеме) имаат универзитетска диплома, а дури 30% од нив се доктори на наука(!). Вториот човек на Ал-Каеда, Ајман Ал-Завахири е очен хирург.

    - Второ, не е точно дека Ал-Каеда е исламистичка фундаментална група. Исклучиво се работи за Сунитска група. Ал-Каеда не прифаќа членови што се обични муслимани, Шиити или пак припадници на некоја друга секта, како на пример Суфитите. Религиозните лидери на оваа организација имаат обзнането фатва, што значи дека сите муслимани што не се Сунити треба да се убијат! Ал-Каеда е најголемата анти-муслиманска група во светот!

    - Трет мит што треба да се разбие е верувањето дека Осама Бин ладен е (т.е. беше) главен извор на финансирање на Ал-Каеда. Тоа не е точно. Можеби некогаш било, но во последните 10 години, најголема сума на пари Ал-Каеда добиваше од шверцувањето на дрога, посебно што Ал-Каеда е вториот најголем картел за дрога во Јужна Америка. При шверцот на дрога во Западна Европа, Ал-Каеда како транзитни точки ги користи и Македонија, Албанија и Косово.

    - Четврт мит е дека најголемиот број членови на Ал-Каеда се од луѓе од Саудиска Арабија, но и тоа не е точно. Всушност, најбројни во оваа организација се Еѓипќаните, втори се Алжирците, а трети се лица од Јемен, од каде што е и Осама Бин Ладен, чиј татко емигрирал во Саудиска Арабија.

    - Петто, многумина или речиси сите мислевме дека името на најголемата терористичка организација е Ал-Каеда, но тоа не е точно. Вистинското и единствено нејзино име е 'Каидат Ал-Џихад', што во превод значи 'Базата на Џихадот'! Името е адаптирано во 2002 година, кога две терористички организации, едната 'Египетски исламски џихад' на Ал-Завахири, и организацијата на Бин Ладен(која никогаш не се нарекувала Ал-Каеда) се обединија.
    Поранешниот министер за надворешни работи на В.Британија, Робин Кук, своевремени изјави дека името Ал-Каеда е измислено од ЦИА. Според аналитичарот Сем Вакнин, терминот Ал-Каеда никогаш не се појавил се до 2001 година и по нападите на 11 септември, кога на суд во Њујорк имало процес против Осама Бин Ладен, на кој се појавил сведок со име Ал-Фадел. Тој на судењето истакнал дека постои терористичка организација што се вика Ал-Каеда и е предводена од Осама Бин Ладен. Подоцна било откриено, дека Ал-Фадел и претходно неколкупати бил апсен како измамник.


    Ова се ставовите на израелскиот аналитичар Сем Вакнин. Текстовите се извадоци од неделникот Публика, а истите работи(само помалку) Вакнин ги кажа и во емисијата Во центар во петокот.
     
  11. bucio

    bucio Урбан индијанец.

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    14.800
    Допаѓања:
    6.021
  12. Ѓорче 1932

    Ѓорче 1932 тој сум...

    Член од:
    17 февруари 2009
    Мислења:
    13.301
    Допаѓања:
    11.160
    Не знаев кај да го поставам линков па ај тука,бидејќи темава е актуелна.



    Интересно видео,има смисла.
     
  13. bucio

    bucio Урбан индијанец.

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    14.800
    Допаѓања:
    6.021
  14. Bunk

    Bunk

    Член од:
    5 април 2011
    Мислења:
    334
    Допаѓања:
    142
    Да, нема шанси Осама да го организирал урнувањето на кулите близначки, далеку е поверојатно дека неколку тајни владини агенти бесшумно нинџа стајл влегле во кулите преку ноќ избушиле неколку дупки во столбовите, поставиле бесшумен експлозив додека други владини агенти украле неколку патнички авиони и со даљинско ги насочиле во кулите како диверзија, па после обвиниле некој што всушност не постои ама после го убиле.
     
  15. karan

    karan бивш поет, плукач, вљубеник во слободата

    Член од:
    31 мај 2006
    Мислења:
    3.522
    Допаѓања:
    2.506
    Абе кулите близначки се во секој случај релативно лесна мета, ама пробај да се доближиш на камиказе начин до Пентагон.. Прашањето е како тоа се случи? Пази, они сега ќе поставуваат штит во Источна Европа, а ваму во Пентагон демек им влегоа сосе авион.
     
    На ГолемиотБрат му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: