- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.159
- Поени од реакции
- 75.496
Се навикнавме пошто скоро секоја недела одевме на Водно од март па досега, мада последниов период малце затаивме...поштујем, али мора да се земат во предвид повеќе фактори. прво физичката спремност. како второ, целта беше прошетка. не беше целата да форсираме, да добиеме запаление на мускули па да се клукаме со парацетамоли и масираме вечерта. еве на пр, да сме биле јас и ти во групата, ..... шанси немаше да идам побрзо, ќе се испокаравме. доволно и вака ми горат нозете. затоа однапред се кажува дали е со форсирање или не. и нема тука лутиш. ако е кажано “лаганица“, тогаш ќе биде лаганица. а ако е како што викаш ти, .... нема да можам да ве пратам така да ќе се откажам на старт.
еве спомнав, 20-ти, 27-ми може пак да се испланира нешто
Со мускули немам никаков проблем јас, мада веројатно би се изморил пошто кондициски секогаш сум тежок папак


Последниот пат одевме од Пржино до крст за саат и пол без некоја пауза, по патот од кај Марково крувче. Е сега од крст до Матка никогаш не сум бил и не знам да направам проценка

Воглавно планот ни беше да одиме лагано и на крај да заседнеме да јадеме во ресторанот кај Матка

Дури имавме идеи и назад да се враќаме пешки, но повеќето одбивме.
Ајде дајте дата некоја официјална, би требало да ве дружам, а ќе најдам и уште некои од форумов
