Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Матка е прекрасен локалитет, споменик на природата и културата. Се наоѓа недалеку од Скопје. Реката Треска својот сто триесет и осум киометри долг пат низ планинските краишта на Кичевија и Порече го завршува со кањонот кај Матка. Тоа е еден од највеличествените предели во Македонија. Страните на клисурата се вертикални карпи, што се креваат стотици метри нагоре. Врз тие карпи, на тешко достапни височини, се кријат древни антички храмови и мали средновековни црквички и манастири. Веројатно имало голема причина што луѓето токму тука ги граделе. Матка претставува влез во загадочен и скриен свет.
Свет на пропасти итаинствени пештери, во кои наоѓале спас многу родови и семејства во кризни времиња. Свет на лековити води и билки од кои заздравуваат глувонемите и други болни. Свет кој одвреме навреме зема и човечки жртви. Свет на неповторливи импресии од составот меѓу небото и земјата, за секој посетител.
Кањонот Матка во себе крие една мала Света Гора. Укрепени од вољата Божја, низ вековите, на Матка опстојувале повеќе манастири, цркви и монашки скитови: Св.Богородица, Св.Андреја, Св.Никола, Св.Спас, Св.Тројца, Св.Недела... Тие се „живи“ сведоци за длабоко вкоренетото монаштво предание на овој простор.
Свет на пропасти итаинствени пештери, во кои наоѓале спас многу родови и семејства во кризни времиња. Свет на лековити води и билки од кои заздравуваат глувонемите и други болни. Свет кој одвреме навреме зема и човечки жртви. Свет на неповторливи импресии од составот меѓу небото и земјата, за секој посетител.

Кањонот Матка во себе крие една мала Света Гора. Укрепени од вољата Божја, низ вековите, на Матка опстојувале повеќе манастири, цркви и монашки скитови: Св.Богородица, Св.Андреја, Св.Никола, Св.Спас, Св.Тројца, Св.Недела... Тие се „живи“ сведоци за длабоко вкоренетото монаштво предание на овој простор.
Манастир св."Богородица" - Матка
На левиот брег на реката Треска, во XIV век, или поточно околу 1337 година е подигнат манастир со црква посветена на „Успение на Пресвета Богородица“, денес популарно познат како „манастир Матка“.

Влегувајќи внатре во црквата, речиси нема никој кој останал рамнодушен. Фигури на светци во цел раст, маченици насликани во медаљони, композиции од Христовите страдања и секако Големите празници. Во олтарниот простор, пак, се препознаваат ликовите на сесловенските учители Св.Кирил и Св.Климент.
Што се однесува до денес видливите конаци, тие се изградени во 1886 година, а поправани и доправани во годините кои следеле, се до денес.
Во дворот на манастирот е и параклисот изграден во 2000 година. Неговата архитектура ги содржи вековните традиции на градба. Токму тоа овозможува параклисот прекрасно да се вклопи во целиот манастирски комплекс без да биде нарушен оригиналниот лик на манастирот. Истото важи и за камбанаријата изградена во наши дни, во дворот на манастирот.

Манастирска црква св."Андреја"

Црквата Св.Андреја се наоѓа позади браната Матка, во кањонот на р.Треска; во чиј што двор е сместен планинарскиот дом со ресторанот. По изградбата на браната Матка во 30-те години на XX век, патот до неа е лесен и пристапен, но во времето кога била изградена, во XIV век, пристапот до црквата бил исклучително тежок. Врз основа на натписот кој се наоѓа на западниот влез од внатрешната страна на објектот се дознава дека манастирската црква ја подигнал вториот син на кралот Волкашин и брат на кралот Марко, Андрејаш во 1388/89 година. Црквата била живописана од страна на зографите митрополитот Јован и монахот Григорие. Кон главната црква, во средината на XVI век била доѕидана припрата која била живописана во 1559/60 година. Првата фотографија е направена во годините пред војната, на платото пред црквата Св.Андреја - Матка, отприлика на местото каде што сега се наоѓа импровизираното пристаниште за чамците, непосредно пред платото на ресторанот.

црква св."Спас" - Петров камен
На зарамнетото плато од ридот кој се издига на левиот брег на реката Треска се наоѓаат две градби. Северната градба, издигната на највисока позиција, е малечката еднокорабна црквичка Свети Спас. Средновековната црквичка што датира можеби од доцниот 14-ти век била изградена врз контурите на постар и многу поголем култен објект. Месното население со оваа црква го поврзува мошне силниот култ кон Свети Спас.
Света "Тројца"
или Св."Архангел Михаил" е јужната градба. Tоа е црква од 12-13 век, времето на византиските владеења. На овој простор се наоѓаат расфрлани или вградени во црквите повеќе камени архитектонски делови кои, според своите карактеристики, потекнуваат од раноримскиот и доцноантичкиот период. Тие припаѓале на две култни градби: храм и базилика.
црква св."Недела"
Црквата св.Недела се наоѓа на реката Треска, но е во урнатини.Aнализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот помеѓу 1350-1360 год.
црква св."Атанас"

Кај селото Шишево се наоѓа црквата св.Атанас. Порано била посветена на "Св. Никола", но тука не станува збор за Шишевскиот манастир со црквата "Св. Никола". Таа била живописана во 1565 година, а се забележува натпис кој датира од 1663 година. Не е познато точно кога била изградена, меѓутоа според некои истражувања врз нејзината градба укажуваат дека се изградила врз старо култно место.
Манастир св."Никола"

На доминантна карпа, на 500 метри надморска височина или 200 метри високо над манастирот Св.Андреа се наоѓа мало и рамно плато. Тука се наоѓа црквата Свети Никола во Нир. Манастирот е лесно достапен по патека што води низ живописен предел во близина на браната.Манастирот св.Никола се наоѓа на реката Треска, над селото Шишево-Скопско и датира од XV век.

Покрај културно историските споменици, Матка ја красат и други нешта. Таа е рај за планинарските спортови. Тука се рекреативци, планинари, алпинисти, качувачи, спелеолози, риболовци и др. Сите тие уживаат во можностите кој таа ги нуди.

Матка поседува неколку качувачки локалитети: Отмарова Карпа, Плочка, К2, Централа и Трло. Сите тие располагаат со повеќе насоки за качување, некои повеќе некои помалку. Некои се погодни за качување во текот на целата година а некои само одредени периоди.

Матка е најстарото акумулационо езеро во РМ, се користи за добивање електрична енергија и наводнување. Езерото е порибено и се користи за спортски риболов.
