УЧK има 5.000 војници во Мала Преспа

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498


Грчко-албанската граница од 1 јануари засилено ќе биде набљудувана од вооружените сили на грчката војска, чии единици беа инсталирани таму уште кон средината на септември за да изведуваат вежби за неутрализација на Ослободителната народна армија (УЧK) и Војската за ослободување на Чамерија (УЧЧ), пренесе албанскиот портал „Шќиптарја“.

Заштита од избегани затвореници и од наркодилери

Од грчкото Министерство за одбрана известија дека по последните случувања во Преспа, каде што еден грчки и двајца албански државјани го загубија животот, но и поради проблемите со наркодилерите, официјална Атина решила да испрати војска за набљудување на границата. Извори блиски до грчкото Министерство велат дека воените сили најпрвин ќе бидат дислоцирани во зоната на Преспа, каде што наскоро ќе се отворат две караули, а потоа слични вакви точки ќе се подигнат и долж 600 километри долгата граница меѓу двете земји, пренесува албанскиот портал.

Информациите што ќе се собираат во нив ќе се пренесуваат до полициските патроли, кои ќе дејствуваат на терен. Грчките војници ќе го набљудуваат и оштетувањето на шумите и незаконскиот лов во природните резервати во Преспа и планината Грамос. Граничната зона меѓу Албанија и Грција се наоѓа меѓу шуми и високи планини и таа околност се искористува од дилерите на оружје и дрога.

Грчките војници на готовс

Сепак, грчките воени сили се инсталирани на границата уште од средината на септември годинава. Таму тие имале вежби за неутрализација на УЧK и на УЧЧ. Според грчките медиуми, вежбите се одвивале во селото Дипотамија (Ревани), село во близина на Kостур, некогаш населено со Албанци, а потоа нив ги иселуваат и на нивно место доаѓаат маџири. Истите биле предводени од началникот на Генералштабот на грчката армија, Михалис Kостаракос, а наводно доаѓаат по шпекулациите дека затворениците што избегаа од затворот во Трикала се поврзани со УЧK, но и со инцидентите во Пермет во врска со православната црква. „Шќиптарја“, повикувајќи се на грчки медиуми, пишува и дека според службеници на грчката тајна служба, УЧЧ е под директна контрола на УЧK, дека нејзиниот центар се наоѓа на југот на Албанија и дека УЧЧ има околу пет илјади вооружени членови кои се подготвени за герилска војна во Грција. По Скопје, цел на УЧK, наводно, е активирање на УЧЧ во Епир, пишува албанскиот портал.

Изминатиов период на грчко-албанската граница се забележани десетина инциденти кои почнаа со бегањето на 11-те затвореници од Трикала, чие фаќање ги чинеше Грците еден милион евра, преминувањето на границата на тројца избегани затвореници од Дренова, Албанија, а и престрелката во преспанското село Вронтеро, каде што беа убиени двајца Албанци и еден грчки полицаец.

БилJана Арсовска

Златна зора бараше минирање на границата​
Златна зора на почетокот на декември побара од грчката влада блокирање на границата со Албанија со враќање на војската таму, подигање кампови, па дури и поставување мини. Златнозорците бараа засилување на војската во, како што ја нарекуваат тие, западна Македонија, враќање на 15. бригада во Kостур, повторно отворање на камповите за собирање на емигрантите, специјалните единици на војската на граничните зони да се дислоцираат во напуштените кампови, распределување мини на границата со Албанија, опремување на грчката војска и на полицијата со блиндирани возила и со панцири, прогонување на албанските емигранти, запирање на нивното сезонско вработување и максимална казна за сите илегални емигранти што вршат криминал во Грција. Неонацистите повикаа на запирање на албанските банди, кои се тешко вооружени и тренирани по герилските тактики на УЧK, пренесе „Шќиптарја“.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=3AB157F6C635AC4BAFF0764F6575A315
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ич не верувам дека можат "Орливе" да направат нешто кај комшииве подолу.
И онака ги третираат подолу од кучиња во државата, слободно можат да стрелаат дузина илегалци и пред никого да не одговараат, туку напротив да му дадат повисоки чинови, за разлика од кај нас каде што од терористи станаа борци за права.

Ваква слика каде што американски војници им помагат на вооружени муџахедини и вехабите за да се извлечат никогаш нема да ја видиме во Грција.




Мене ова ми личи на пуштање водичка и популизам за собирање на финансиски средства за лични интереси на дузина луѓе од браќата во Швицарска.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Лепоти на Балканов.....прекрасно.....па и толку кредити на ѓупците и толку дрога издилана од шипците штета е еден огномет да не приредат....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ич не верувам дека можат "Орливе" да направат нешто кај комшииве подолу.

.
Мене па ми личи на координирано дезинформирање од грчко-албански медиуми за давање претекс на Грците да трупаат војска во македонските села и можеби нешто повеќе се крие позади.

Нема ниту теоретски шанси да дојде до воена ескалација меѓу Грција и Албанија.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мене па ми личи на координирано дезинформирање од грчко-албански медиуми за давање претекс на Грците да трупаат војска во македонските села и можеби нешто повеќе се крие позади.

Нема ниту теоретски шанси да дојде до воена ескалација меѓу Грција и Албанија.
Можно е, не знам која година беше тоа кога жителите на Овчарани буквално ги избркаа грчките тенкови од нивното село кога почнаа да се трупаат без некаква посебна причина таму.
Мислам жителите на селото го сфатија тоа прегрупирање како припрема за инвазија на Македонија и изреагираа херојски.
Никогаш не беа разјаснати причините за нивно трупање на тенкови во близина на нашата граница, од причина што ние ниту сме кадарни, ниту пак имаме некакви претензии за да покажуваат сила.

Сепак мене ми е поверојатно првото сценарио каде што мала група на опортунистички настроени албански терористи манипулираат со богатата затупена албанска дијаспора за да соберат некое милионче.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Треба да им испратиме олеснувачи од Македонија за да им помогнат успешно да реализираат преговори за рамковен договор таму долу.

Оооф, се извинувам, за момент заборавив дека Грција, колку и да е фашистичка држава, пред се е НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА, односно ДРЖАВА СО СОПСТВЕНА КОНСТИТУТИВНА НАЦИЈА, а не банана република на етнички заедници како некој од нејзините соседи.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Можно е, не знам која година беше тоа кога жителите на Овчарани буквално ги избркаа грчките тенкови од нивното село кога почнаа да се трупаат без некаква посебна причина таму.
Мислам жителите на селото го сфатија тоа прегрупирање како припрема за инвазија на Македонија и изреагираа херојски.
Никогаш не беа разјаснати причините за нивно трупање на тенкови во близина на нашата граница, од причина што ние ниту сме кадарни, ниту пак имаме некакви претензии за да покажуваат сила.
Причините се од репресивен карактер, заплашување на локалните етнички Македонци за да не ја развиваат и негуваат својата културна припадност.

Тие воени вежби беа резултат на зачестените народни манифестации со македонски традиционални песни, македонскиот весник Нова Зора, часовите по македонски јазик и сите останати активност кои нашата заедница почна се’ похрабро да ги користи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Можно е, не знам која година беше тоа кога жителите на Овчарани буквално ги избркаа грчките тенкови од нивното село кога почнаа да се трупаат без некаква посебна причина таму.
Мислам жителите на селото го сфатија тоа прегрупирање како припрема за инвазија на Македонија и изреагираа херојски.
Никогаш не беа разјаснати причините за нивно трупање на тенкови во близина на нашата граница, од причина што ние ниту сме кадарни, ниту пак имаме некакви претензии за да покажуваат сила.

Сепак мене ми е поверојатно првото сценарио каде што мала група на опортунистички настроени албански терористи манипулираат со богатата затупена албанска дијаспора за да соберат некое милионче.
Причините се од репресивен карактер, заплашување на локалните етнички Македонци за да не ја развиваат и негуваат својата културна припадност.

Тие воени вежби беа резултат на зачестените народни манифестации со македонски традиционални песни, македонскиот весник Нова Зора, часовите по македонски јазик и сите останати активност кои нашата заедница почна се’ похрабро да ги користи.
Кога Грузија на ваков начин сакаше да им демонстрира сила на Русите во Абхазија и во Јужна Осетија, Владимир Путин го реши проблемот експресно со 10 дневна воена интервенција.

Но Русија е држава која ги брани интересите на сопствените граѓани во и надвор од нејзините граници, додека Македонија не ги брани интересите на сопствените граѓани ни во границите на сопствената територија, а камо ли па надвор од границите на сопствената територија. Војната во Либија беше одличен пример за ова, државата има пари за споменици и за административни згради, може да ги враќа сестра Бубе и (по)Мокан од Хаг со државен авион, но не може да ги евакуира сопствените граѓани од подрачја опфатени од воен конфликт, туку Албанија ги евакуираше.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Сметам дека се ова измислици кои кој знае кој и зошто ги пласира
Мала Преспа е сиромашна и со мала територија за да се прехранат 5000 војници.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
иу 20000000 да се пак се пара ваоена армија и секогаш ке губат.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Кога Грузија на ваков начин сакаше да им демонстрира сила на Русите во Абхазија и во Јужна Осетија, Владимир Путин го реши проблемот експресно со 10 дневна воена интервенција.

Но Русија е држава која ги брани интересите на сопствените граѓани во и надвор од нејзините граници, додека Македонија не ги брани интересите на сопствените граѓани ни во границите на сопствената територија, а камо ли па надвор од границите на сопствената територија. Војната во Либија беше одличен пример за ова, државата има пари за споменици и за административни згради, може да ги враќа сестра Бубе и (по)Мокан од Хаг со државен авион, но не може да ги евакуира сопствените граѓани од подрачја опфатени од воен конфликт, туку Албанија ги евакуираше.

Вон темата:

Во Абхазија и Јужна Осетија живеат занемарлив број Руси. Абхазите и Осетите се посебни народи, едните спаѓаат во кавкаската а другите во иранската група народи.

Изговорот на Путин му беше пандан на вечните изговори на Америка за „заштита на невините цивили“.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Мене па ми личи на координирано дезинформирање од грчко-албански медиуми за давање претекс на Грците да трупаат војска во македонските села и можеби нешто повеќе се крие позади.

Нема ниту теоретски шанси да дојде до воена ескалација меѓу Грција и Албанија.
Многу нормално дека неможе да дојде зошто Европа ги контролира и двете .
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Причините се од репресивен карактер, заплашување на локалните етнички Македонци за да не ја развиваат и негуваат својата културна припадност.

Тие воени вежби беа резултат на зачестените народни манифестации со македонски традиционални песни, македонскиот весник Нова Зора, часовите по македонски јазик и сите останати активност кои нашата заедница почна се’ похрабро да ги користи.
Па нека прави и Македонија воени вежби низ Шар Планина... :)

Албанија и Грција се членки во НАТО.Според статутот на НАТО,кога две или повеќе држави ќе дојдат во меѓусебен конфликт на интереси и недоразбирања се свикува итна седница на НАТО и неговиот Совет за безбедност.УЧК со Грција и тоа со 5.000 војници.. не заебавајте.. Грција има 35.000 Маринци само... каде се тука уште 110.000 војници,па резервен состав на Грчката армија,полицијата,полицискиот резервен состав.. 1200 тенкови,борбени авиони..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom