УКИМ - привилегиран Универзитет?

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ ЌЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕТО ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА


Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска во прво читање ги усвоија Предлог законот за административни службеници и Предлог законот за вработените во јавниот сектор.


Законот предвидува при вработувањето да се земе предвид и рангирањето на Универзитетите во Македонија на Шангајската листа, односно, универзитетите кои што се рангирани повисоко ќе носат повеќе поени од оние што се пониско, пренесува Вест.

Новиот услов за собирање на поени за вработување на идните административци ќе почне да се применува одложено, односно по истекот на една година од денот на почнување со примена на законот за административни службеници.

Лани за првпат македонските универзитети беа рангирани на Шангајската листа.

И оваа година рангирањето го прави Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет од Кина, по барање на Министерството за образование вклучени се сите пет државни универзитети, 10 приватни универзитети, една јавно-приватна непрофитна високообразовна установа-универзитет, пет високи стручни школи и шест јавни и еден приватен научен институт. Ранг-листата годинава треба да биде објавена овој месец.

Ова е делот од законот:

Пријава за вработување на административни службеници
Член 36

(1) Кандидатите за административни службеници ја пополнуваат електронската пријава која ги содржи најмалку следните податоци:

- име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на
живење, припадност на заедница;
- последен степен на образование и стекнати дипломи, претходни степени на образование и стекнати дипломи (за кандидатите со магистратура и/или докторат), датуми на стекнување на дипломите, броеви на дипломите, образовни институции кои ги издале;

- претходно работното искуство, да/не, детален опис (доколку има), вклучувајќи име на работодавачот, позиција, опис на работното место, должина на работниот стаж, адреса на работодавачот и причини за
напуштање на работното место;

- познавање на странски јазици, да/не, јазик, ниво според ЦЕФР (CEFR) или бодови според ТОЕФЕЛ ПБТ, ЦБТ или ИБТ;

- познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, да/не, кои; и

- причини за аплицирање за конкретното работно место, очекувања од работата и цели во кариерата.

(2) Кон пријавата кандидатите задолжително ги прикачуваат следните докази за податоците внесени во истата, во скенирана форма:

- доказ за државјанство на Република Македонија;
- доказ за неизречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
- уверение/диплома за завршен степен на образование;
- меѓународно признат сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) или потврда за завршен прв, втор или трет циклус на студии на еден од 200-те највисоко рангирани факултети на Shanghai Ranking - ARWU (Academic Ranking of World Universities) на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), за кои студии кандидатот поседува нострифицирана диплома;
- потврда за работа со програми за канцелариско работење;
- потврда за положен стручен испит или лиценца или уверение од соодветната стручна област, доколку истите се посебен услов за работното место и се назначени во јавниот оглас.

(3) Кон пријавата кандидатите можат да прикачат и:

- извод од историјатот на вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен, издаден од агенција за вработување;
- препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува;
- потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;
- меѓународно признат сертификат за познавање на еден од шесте официјални јазици на Обединетите нации;
- потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, односно волонтерска книшка, издадена од Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата;
- изјави или други документи од интерес на работното место.

(4) Откако ќе ја пополнат пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност, да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

(5) Со пополнување на пријавата кандидатите добиваат идентификациски код кој ги поврзува со резултатите од фазите на селекција

Според ова, сите граѓани на вукојебинава и официјално не се еднакви сега и во образованието.Значи доволно е да имаш завршено на УКИМ (плус нормално ‘другите документи‘) за во јавна администрација, па макар и 7 години да студираш.
Здрав мозок одма би си ги поставил неколку прашања:
- Зошто се формира Факултетот за јавна администрација во Битола?И се затвори сега пред некој месец...
- Зошто се отворија дисперзирани студии, а не ги есапат тие студенти за живи?Како ќе ги охрабрат средношколците да запишат таков факултет ако вредноста му е подолу од стандардната диплома а.ка. тоалетна хартија.
- Како ќе ги охрабрат студентите настрана од Скопје да останат во својот град или на другите универзитети? (веројатно ќе одат странство :свиркам:)

Не знаев дали овде да ја ставам темава или во оние теми Скопје и другите места, доселувања, отселувања итн.
Лет‘с старт д фајт..
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Е така, сега и црнци ќе иаме у државава
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Под услов УКИМ да остане на прво место,може догодина да биде втор ;)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Јас мислам дека ти не го разбираш концептот на еднаквост и праведност.
Или тоа или не правиш разлика од факултет до факултет.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Која иронија бе, УКИМ го кренаа неколку факултети, меѓу нив се сомневам дека се оние кои се на побарувачка во јавната администрација.
Се знае кои факултети повлекоа најмногу проекти, кои имаат научна работа и кои издаваат трудови.
Па уште пишале сертификат за познавање на светски јазик, добро бе, ќе ги праќаме да бидат административци во НАСА? (притоа јавно се уверивме за познавањето на англискиот на министрите)
Пред некое време дознав дека семинарска на некој од факултетиве се нарекува труд.
Па уште и трудови, дали купена семинарска, магистерска се смета за труд?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Од кои сакате имајте диплома, но прво треба еден друг услов да исполните за во државна, не се залетувајте. :D
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.126
Поени од реакции
1.060
А зошто пак исто би се вреднувале? Што мислите дали кога луѓе од различни унверзитети аплицираат за работа во приватна фирма, таму не се рангирани според универзитетот од кој доаѓаат?
Сметам дека воопшто не е океј да се вреднуваат исто луѓе од универзитети меѓу кои има огромни разлики. Треба луѓето да сфатат дека не секој универзитет е ист и секако дека факултетот кој ќе го завршиш ќе влијае на твоите понатамошни шанси за работа (колку и да е тоа неправедно во некои случаи).
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
УКИМ ти е жива катастрофа универзитет кој нема сопствени истражување анкети научни мислења во кој криминал и корупција има бетер од Уганда каде што диплома се плаќа и книга за да те пушти на испит.Во кој професорите преведуваат стручни мислења од други и се даваат на студенти што очекувате.Асистенот предава а професорт гајле си нема само за потписи е тука и некоја оцена да ти пише до тука со знаењето кое се добива се изучува за некои работи кои што одамна се поминати и немаат никаква вредност.Професорите немаа научен труд признаен од светската комисија за трудови во кој не знам кога е последен пат пратено такво дело за признавање и во кој се одбивани поради copy paste или незадоволувачки форми.Ебати знаењето што се добива и таа диплома а најстрашно е што народот и тој што ја добил е до толку усијан полн со самодоверба дека добил знаење како што никој друг го нема во овој свет и е еден единствен.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Затоа И. Вељановски (фнук на ценетиот ни прецедател на субрание Траље Вељановски) е вработен у Телеком. Оти е од УКИМ. А УКИМ се најјачи!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Да бе, џабе учам јас тука во Битолава правен, шо разбираме ние тука тељина низаедни :(

Квалитетот лежи во самата личност и колку истата сака и е спремна да вложува во себе.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
По тоа што се пропагира државна администрација како рајско место за работа, сфаќате колку е часот во државава. И дека не треба диплома од УКИМ, туку полтронско книвче.

Паметни луѓе не им требаат во администрација, факт. Што е можно понеписмени и пиунски настроени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom