Тhemeforest

Член од
30 декември 2013
Мислења
9
Поени од реакции
0
Здраво имам неколку прашања во врска со страната themeforest. Имам неколку теми направено во wp, па сега незнам што треба понатаму за да ги уплоадирам на страната. Темата е направена со "elementor" и сега претпоставувам дека ке треба export на темата и потоа да се спремат фајловите и презентациите за уплоадирање на themeforest. Дали има некој што веке пратил тема таму, ако може некој по стручен во оваа област да објасни на кратко, пошто тешко да најдам по други форуми..
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
691
Поени од реакции
264
Најпаметно ти е да се обратиш директно до нив (support team, или нешто слично).
Веројатно имаат подготвено некој водич / FAQs / инфо за сето тоа што те интересира.
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
84
Поени од реакции
93
Имаат стандарди кои мора да ги запазиш https://help.author.envato.com/hc/en-us/articles/360000472383-WordPress-Theme-Requirements, меѓутоа и покрај тоа постојат шанси да ти ја одбијат темата доколку е презаситен маркетот со такви теми. Така што, потруди се да се издвојува твојата по нешто, ако веќе ја пушташ на маркет.

Пред 4-5 години пробав со multi purpose тема, со вклучени слајдери, wpml и други тракатанци (што ги имаат повеќето теми), ме одбија поради таква причина и почнав да ја спремам niche related да биде, ама обврски, други проекти и баталив...

Со среќа :)
 
На врв Bottom