Туѓо мислење - голем товар и опсесија

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
... јас мислам дека туѓото мислење навистина е оптовар и опсесија доколку е непознат изворот, затоа што најчесто се мисли на негативно туѓо мислење, но кога ќе се дознае изворот, односно кој тоа јавно го искажува негативното мислење, а како личност, карактер не вреди, веќе тоа туѓо мислење не преставува товар, туку напротив се претвора во хумор или сожалување односот кон тоа туѓо мислење!
... затоа е многу важно да се знае од кого е тоа туѓо мислење, доколку е ОК карактерна личност, тогаш многу полесно може да се поправи и од наша страна за да се ублажи тоа туѓо мислење, кое најчесто е негативно затоа ни е и товар!
Како што вика Јелена Карлеуша - Позади добриот коњ прашина се крева
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Да не се лажеме, туѓото мислење на сите ни е важно до некој степен. Мислам дека може да се сведе на минимум ама не е можно целосно да се игнорира. Секако колку ни е битно зависи и од животниот период во кој се наоѓаме. Во периодот на растење, посебно тинејџерските години, и тоа како допира мислењето на другите. Не е лесно кога едно дете е исмевано и навредувано од врсниците, затоа и булингот е огромен проблем за кој премалку се зборува. Но не е само булингот. Мене конкретно ми се има случувано да чујам за мене работи како „овој е наркоман“ пошто во тој период носев долга коса и бев постојано во црно и горе доле цело друштво бевме тој стил. Некогаш такви коментари ми паѓале тешко или сум се плашел да не допрат до моите па и тие да си помислат нешто што не треба. Денес како возрасен тоа ми изгледа смешно.

Но и подоцна во животот верувам на сите ни е битно како не’ гледа околината и каков впечаток оставаме на другите луѓе. Да не е така нема да внимаваме како изгледаме, како се облекуваме и како се однесуваме. Ако осетиме нешто негативно веднаш гледаме да го поправиме. Од друга страна, на секој му годи кога ќе чуе некој комплимент за себе.

Вака конкретно за насловот на темата, туѓото мислење не мора да биде ни товар ни опсесија. Но некогаш треба да се слушаат мислењата на другите чисто за оформување слика за самиот себе и показател дека нешто правиме како што треба, а во нешто треба да се подобриме.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Како што вика Јелена Карлеуша - Позади добриот коњ прашина се крева
Повеќе добива на тежина кога коњ ќе го каже истото, значи вистина е.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Мене конкретно ми се има случувано да чујам за мене работи како „овој е наркоман“ пошто во тој период носев долга коса и бев постојано во црно и горе доле цело друштво бевме тој стил. Некогаш такви коментари ми паѓале тешко или сум се плашел да не допрат до моите па и тие да си помислат нешто што не треба.
Имав сличен проблем со соученичка во средно. Тогаш и јас имав, не многу, но до одреден степен дугачка коса. Стално ми префрлаше нешто, јас ќе и вратев.
Тогаш ме иритираше ептен тоа. Но подоцна како што растев внатрешно почна се тоа да ми станува сосема безначајно. Било кој што да ми каже. Почнав на речиси се да гледам одозгора и замарање со мислењата на луѓето ми стана ептен земски.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Nekoi davaat glupi soveti.Vo pravoslavnoto kalendarce pisuva deka sovetot e duri grev.Mene od glupi soveti mi se unisti zivotot
Некои слушаат глупи совети, затоа некој ги дава. Можеш да ги обвиниш другите, полесно ќе ти биде...прашањето е кај те води тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom