city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Пријатели,
Седејќи вака размислувам колку енергија и време одвојуваме во животот наш, за другите да ги направиме среќни. Анализирам колку ресурси трошиме за луѓето кои ги сакаме и почитуваме да бидат среќни, весели и насмеани. Секојдневно преку различни постапки на еден или друг начин го разубавуваме животот на поблиските и подалечните пријатели.
Убеден сум дека секој човек сака да гледа весели, среќни и насмеани ликови околу себе. Секој од нас сака да ужива во позитивната атмосфера со пријателите, партнерот, семејството.
Е сега, некој знае да возврати за тоа, но некој не...но, нејсе! Еден мој пријател на ова ќе рече: „и да не знаат да вратат, еден ден кога - тогаш сигурно ќе сфатат!„
Прашањето ми е: како ја доживувате туѓата среќа во вашите очи? се радуваме ли на туѓите успеси и победи? колкав дел од себе вложувате за среќата на вашите поблиски и подалечни пријатели? вреди ли сопствената енергија да ја вложуваме за други?