Туторијал - како да додадеш контраст на фотографија во Photoshop

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
За на моите фотографии да им додадам контраст, ја употребувам алатката Curves, a ефектите ќе ги видиме низ примери. Трикот нема да ви вреди многу доколку основата на вашата фотографија е "тапа". Значи, овој трик ќе ви помогне солидните фотографии да ги направите перфектни во финалната верзија. Нема да ви помогне тапа фотките да ги направите "профи". Само трпението и вештината на набљудувањето на боите на предметите во природата ќе ви овозможат одлични бои.

Како со Curves?

Image > Adjustments > Curves

Ќе ви се отвори ваков график. Нека ви биде штиклирано "preview" за да гледате што правите.



Kликнете на средината на дијагоналата, за да ја поделите на два еднакви дела.


Горната половина ја делите на уште една половина. Повлечете ја на лево и експериментирајте.

Поместувајте ја горната крива додека не го добиете тоа што го сакате. Колку повеќе ја поместувате, толку посилен контраст ќе добиете. S кривата ги зачувува црните, средните и белите тонови каде што се, а го проширува мидрејнџ контрастот компресирајќи ги екстремните црни и бели.

Ова е најдобар начин за додавање контраст бидејќи не се губи ништо - сенките остануваат недопрени. Затоа овој начин е подобар отколку слајдерот за контраст.

Eве низ примери. Оргиналната фотографија:



Горната половина од кривата поместена на лева страна:



A eве што се случува доколку претерате:

 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
а ова на почеток е сликано во нормален мод ( кој е white balance факторот) ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom