Darklady
Модераторка
- Член од
- 29 октомври 2011
- Мислења
- 5.544
- Поени од реакции
- 34.850
Се плаќа во евра, долари, лири дај шта даш, само да се плати. Односот на евра со лири беше некаде 1 евро околу 10 лири, меѓутоа можеш да платиш во секаква валута, дури примаа и шведски круни. Познати ценкароши се, прво ќе те прашаат од каде си, откако ќе кажеш Македонија, насмеани од уво до уво ќе ти кажат „КомШИИИИИИИИИИИ“. Цената на некој производ ќе ти кажат 5 еУРО, до тебе доаѓа некој германец за истиот производ ќе му кажат дека е 15 евра. Цената ја формираат на лице место, спрема земјата од каде доаѓаш , освен ако не е предходно веќе напишана, ама и во тоа случај се спремни за ценкање. Крајно гостопримлив народ се, пријателски настроен, љубезни, комуникативни. Зборуваат лош англиски јазик, ама затоа германскиот и рускиот јазик го зборуваат прилично добро. Во секој случај дури и само македонски јазик, ако им зборуваш ќе најдат начин да те разбератКакви совети ќе дадеш за некој што првпат иде во Турција? Како се плаќа, може во евра или во лири, не знам како им иде курсот, општо било какви совети, сакам да одам во Сиде, гледам си бил. )
Во Сиде сум била до сега два пати, ама сигурно ќе биде и трет пат, затоа што навистина е преубаво место, со солидни поприфатливи цени. Кемер, Лара, Белек се посоленки
Лично, Турција ми е синоним за туризам. Буквално така треба да изгледа една туристичка земја.