Турција

  • Креатор на темата macgowan
  • Време на започнување
Член од
3 декември 2014
Мислења
12
Поени од реакции
9
Подзамрела темата, се надевам ќе се најде некој да ми помогне.
И покрај незгодната политичко-безбедносна ситуација во Турција, за две недели тргаме за Анталија со намера најпрво да запреме во Памукале. Пред две години исто бевме со кола за Анталија и во последен момент решивме да "тркнеме" до Памукале, па рутата ни беше преку Истанбул и D650.
Сега планирам да свртам лево од Кесан и со траект кај Галиполи да продолжам по Е90/Е881 ( http://tinyurl.com/hjqb9ts )
Д
али некој ја има поминато оваа рута, искуство од прва рака добро би ми дошло, посебно ме интересира дали се плаќа и колку за патарини( Памукале(Денизли)-Анталија колку што се сеќавам не се плаќаше) ?
 
Член од
28 април 2011
Мислења
270
Поени од реакции
95
В недела си идам Истанбул и пошто ќе останам 5 дена сакам да земам припејд картичка за да имам интернет кај да одам. Ме интересира кај може д најдам припејд картици,колку би коштало со све активизација на интернет.
@macgowan гледам имаш многу искуство и познавање околу Турција ако може да ми помогнеш.
 
M

macgowan

Гостин
Кога последно бев за странци имаше посебна тарифа кај моб.телефонија. Во еден мол во Анкара едвај се рзабрав, барав да купам сим картичка ама ми кажаа дека за “јабанџи“ е доста поскапо. Се откажав од намерата. Не знам сега како е, не сум бил неколку години.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Nekoj predlog za godinava? Alanya, Antalya, Belek, Side? Nekoj so iskustva od Turcija :)
 
Член од
21 август 2014
Мислења
48
Поени од реакции
11
Здраво на сите. Барав ама не можам да најдам некој да има споделено искуство за Текирдаг или местата околу Текирдаг. Тоа е пред Истанбул на мраморно море. Ако има некој кој има таму одено на одмор или пак слушнал искуства од други, би Ви бил благодарен ако споделите. Би сакал следново лето таму да одам. Не е многу далеку како Кушадаси, на интернет на јутуб гледам преполни плитки песочни плажи,ама сепак подруго е да кажи некој што повеќе знае за местово.
 

>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
Бодрум или Мармарис? Ова лето планирам да посетам едно од овие, но неможам точно да се решам. Некаков предлог, споредба...?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Здраво. Дали има превоз од Македонија до Аланија ? Некој лет или автобус ?
Фала
Поздрав
 
Член од
28 април 2011
Мислења
270
Поени од реакции
95
Бил ли некој во Кумбургаз, пред Истанбул е,помеѓу Истанбул и Текирдаг е, гледам има некои добри понуди за таму поконкретно ме интересира за овој хотел https://escapetravel.mk/patuvanje/hotel_marin_princess_kumburgaz/ , ако може некој да сподели искуства.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
59
Поени од реакции
72
Ќе се осврнам малку на апартманското сместување во ТР и предностите на сопствениот превоз.
Апартманите се доста ефтини. На Airbnb, се наоѓа за 20-30 еур(и поефтино има) сместување дневно за 4 лица во станови во Анталија, Алања, Сиде како и во Мармарис и околината, за таму гледав. Тоа за подалечен егеј и медитеран. Слично е и поблиску, типот Ајвалик(Саримсакли), Фоча и околината, а најблизок рај на егејот во ТР според мене е островчето(најголем Турски бај д веј)Гекчеада(Имброс), каде ќе одам во август. Цените во Туркије се како кај нас, бев Чешме пред 2 години(инфлација). Лабаво секаде, од кафе до меана. Неспоредливо со јужниве комшии. Горивата поефтини од кај нас, патарините исто(треба само за накај Измир и на кај Анталија, зборувам за на море, за Стамбол секако, мостовите и на влезот). Патиштата феноменални, рајат си максимално. Безбедност исклучителна, пријатна атмосфера. Измир џунгла, како Стамбол, на ринг роудот знае мнооогу да се чека и покрај сите ленти на автопатите(5 милиони раја), затоа треба само таму да се пази да не се погоди викенд или петок попладне да врвите.
Мојот избор наредниве години е Турција, дури се вака цените сум опуштен максимално. Хотел, ол инклузив не гледам воопшто, само апартхотели или станови со базенчиња. Секоја препорака.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.152
Ја признаваат Спутник, така?
Да не ме вратат на аеродром :icon_mrgr:
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
789
Поени од реакции
1.580
Некој што бил во јули во Турција, да каже дали е неиздржливо жешко да не може на плажа да се оди? :гик:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Некој што бил во јули во Турција, да каже дали е неиздржливо жешко да не може на плажа да се оди? :гик:
Јули сум бил во Дикили и во Измир, беше екстремно топло, но се издржува.
Пиеш чај, пушиш хаш и немаш гајле.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.716
Поени од реакции
2.058
Планираат ли турциве да ги тргаат тестовите од 1ви јули? Пошто ова нема никаква логика, лани моите беа без тест. Нема нзс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom