Па зависи од тоа каков одмор планираш.Ако одиш со агенција најефтино ќе пројдеш во Кушадаси но сепак пази во кој хотел резервираш зошто нашиве агенции знаат да нудат крш.Ова ти го зборам од лично искуство.Преклани резервирав соба за 1 ноќ преку booking.com во Germen Hotel (Кушадаси) и хотелот беше катастрофа,а вриеше од од Македонци и Срби-странци скоро и да немаше.Отпосле кога се вратив од одмор прочачкав по веб страниве на нашите агенции и видов дека поголемиот дел од нив го нудат тој хотел и тоа како една од нивните "Топ понуди".Затоа ако си во можност би ти препорачал да идеш со сопствен превоз и сам да си го организираш одморот.Не само што сам ќе можеш да си бираш смештај преку booking и слични страници,него и ќе можеш да прошеташ и видиш поголем дел од Турција него со агенција.Ајде да ја активираме темата...давајте препораки за летово. Отприлика кои места, цени, услови, итн...гледав од една агенција тука во мојов град...има аранжмани за 10 ноќевања во хотели со 2* со цени од 100 евра па нагоре зависно од периодот, со вклучен појадок.