Турција

  • Креатор на темата macgowan
  • Време на започнување
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.709
Поени од реакции
2.036
Јули сум бил во Дикили и во Измир, беше екстремно топло, но се издржува.
Пиеш чај, пушиш хаш и немаш гајле.
Јас сум у Сиде од 5ти Јули, давајте совети Ладно Ефес помага ли ххаха
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Јас сум у Сиде од 5ти Јули, давајте совети Ладно Ефес помага ли ххаха
Ау друже таму доле е бетер. Сум бил во Аланија во август и прекинав цигари да пушам.
Ладно ефес, ладно све конзумирај. И убав одмор се разбира :)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Јас сум у Сиде од 5ти Јули, давајте совети Ладно Ефес помага ли ххаха
Ти завидувам, сум била во Сиде два пати, носам преубави спомени, а сигурно ќе биде и трет пат :vozbud:. Инаку Сиде е најубав во септември месец, топол народ, преубаво море, превкусна храна, чистота не видена. Е сега Сиде во јули, ќе кажеш кога ќе се вратиш, ама мислам дека е претопло. Турција не е за посета во јули, или мај или септември.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Ај некој совет да дај за одмор во Турција, место, хотели, ол инклузив, со цени, плажи, како е ?
Сум бил Турција службено од работа во Јуни и Септември и беше пекол тогаш, а сега планирам да одам втората половина на Август, ама сега таму на југ негде :) Се очекува значи уште пожешко....
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Ај некој совет да дај за одмор во Турција, место, хотели, ол инклузив, со цени, плажи, како е ?
Сум бил Турција службено од работа во Јуни и Септември и беше пекол тогаш, а сега планирам да одам втората половина на Август, ама сега таму на југ негде :) Се очекува значи уште пожешко....
Овде има да се пишува многу, ама во кратки црти.
- Ако одиш преку агенција, гледај местото да биде околу Анталија, водата е далеку почиста и поубаво е. Аланија делот ти е поевтин, ама водата не е баш чиста и има многу бранови. Анталија каде и да одиш нема да погрешиш, Бодрум, Лара, Кемер, Сиде, Измир, Чешме, секаде убави средени плажи, чистота, гостопримливост, преубави места за посети. Едноставно да се чувствуваш добредојден. Имаш аранжмани од 300, 400, 500 евра, па нагоре. Зборувам за all inclusive.
- Варијанта да одиш во сопствена режија со кола. Според мене најисплатлива и најубава, Е сега, малку повеќе возење, ама патиштата им се убави. Можеш да посетиш многу места. Не си ограничен само на едно место. Насекаде имаш локални ресторани, преубава храна, цените би рекла слични на нашите тука. Нешто поскапо, нешто поевтино. Пример во Кушадаси сум го јадела највкусниот бурек во животов :love: , а цената му беше околу 40 денари. Е сега нема свинско месо, ама воопшто не недостасува, затоа што имаат многу богата кујна, посебно со десерти. Турците се познати по ценкањето. Па во локалните продавници е прилично забавно. Прво ќе те прашаат од каде си. Па според земјата, таква е и цената:icon_mrgr:
Инаку ми беше мерак да видам комарец, мува или било каков таков летечки инсект и не видов. Дали прскаат пред време или користат некои средства како заштита на самите објекти, тоа немам појма.
Плажите ако си во хотел, најголем дел имаат сопствени плажи, средени, со палми, шанкови, што ти душа сака. Плажите дел им се песокливи, онаа ситна (сахарска) песок, а дел имаат како ситен дробен камен.

Друже, без грижи, во Турција каде и да одиш, ќе си поминеш преубаво. Да малку жешко со оглед на тоа дека одиш во август, ама лето е:love:.
Убаво да си поминеш и пиши кога ќе се вратиш.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Јас сум у Сиде од 5ти Јули, давајте совети Ладно Ефес помага ли ххаха
Вчера се вратив од Сиде и во споредба со моменталново време во Скопје рај беше таму :D

Точен Ефес :love:

На горештиниве добро лежи. Блага горкост и не многу газирано.

Член од
12 март 2012
Мислења
59
Поени од реакции
72
Некој што бил во јули во Турција, да каже дали е неиздржливо жешко да не може на плажа да се оди? :гик:
Анталискиот залив има поголема влага а и морето на тој дел од медитеранот е многу топло. А за неиздржливо топло, освен ако има човек здравствени проблеми или не поднесува жештина, како секаде ако фати топлотен бран.
Егејскиот, западниот брег на ТР е со нешто пониски температури на морето и полабав од страна влага.
Генерално, лето е, топло е, но чим си на море не е проблем.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ми треба нешто поблиску до Анталија, па се мислам меѓу Сиде и Кемер. Аланија е прилично далеку, кога се оди со тур. агенција и минибусот застанува во секој хотел, па патување од 2 саати, станува 5-6 саати. :(

Бил некој во Кемер досега? Има што да се види таму, да се посети?

Или боља опција е Сиде?

Има локални бусови често до градот Анталија? Гледам на maps имаат некој Стар град, би било интересно да се види ваљда. Препораки и искуства бујрум.
 
Јас бев во Сиде крај на јуни преку Фибула и се плашев од тоа да не застанува во многу хотели па да скапам во автобус пола ден.
Ама на аеродром не пречекуваа со списоци и не распоредија во повеќе автобуси. Така да не изгубивме многу време, дали од 6-7 хотели бевме во еден автобус (по 5 минути од хотел ако сме се задржувале).

Препорака за Сиде, гледај да ти е блиску стариот град за пешки одење. Такси околу 1евро по 1км излегува (секогаш прво договори цена па качи се, немаат таксиметар)
Пошто нема да ти се седи секоја вечер во хотел, а натаму е добро за шетање навечер. Патеката покрај плажа е доста добра. Долга, широка, осветлена.
Исто пожелно е и до плажа да си близу, да не мора од автобус да зависиш.

Од Сиде блиску ти е и Манавгат. Водопадите можеш да ги посетиш таму (12 евра такси од стариот град до таму). Има и некои тури мислам по кањонот, ама не отидов.
Ако си за шопинг, во Манавгат ти препорачувам Нова мол да го посетиш. Пониски цени на брендови имаат него ние. Инаку општо врие од фалцови по локални продавнички.
Одма до молот е и Терс Вила (превртена куќа). Ако не си бил во нешто слично и ако ти е за сликање, се прават интересни слики таму :D
 
Дали се сеќаваш на името на хотелот кај што беше сместен? Се убив од гледање кај се наоѓаат локациски и гледање видеа од хотелите на Youtube. Тамам ќе најдам некој посаглам на изглед хотел со добра локација, ќе прочитам некој лош коментар од Руси на Јутјуб. Или па ќе најдам некој солиден хотел, па друштвото не го свиѓа. :D

Досега идев преку booking и преку приватно сместување од агенција и пораат бев, сега хотел не можам да изберам.
 
Side Star Elegance

Ако се одлучиш за него одбегни Economy room. За ситна доплата од некои 10-15 евра во Standard room имаш свој балкон.

Обезбеден со се. Храна 24/7.
За толкав комплекс ме изненади колку добра покриеност со интернет имаше (40мбпс).
Неколку базени, ресторани, барови, па нема да ја осетиш гужвата, иако 600 соби се.
 
Скапичок богами. 650 еура од човек, плус датумите што ми ги дава Фибула не ми одговараат. :(:(
 
O

onefifty

Гостин
И јас ја гледам Турција, кај Фибула на сајтот еден куп избор има и понуди, позитивно сум изненаден, не знам дали за сите прават аранжмани али ако прават, секоја чест.
Ова го видов како интересно:
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
И јас ја гледам Турција, кај Фибула на сајтот еден куп избор има и понуди, позитивно сум изненаден, не знам дали за сите прават аранжмани али ако прават, секоја чест.
Ова го видов како интересно:
Мислам дека прават за сите. Доколку не можат го тргаат од сајтот.

Добра е локацијата за шетање. Само за плажата што вели 200 метри, таа на сликите не ќе да е баш на 200.
Најблиските, југозападно се кратки и карпести.
Таа песочна таква голема ќе е некаде источно од стариот град
 
Баш и ја гледав ова и не ми изгледа дека се 200м ама не е ни битно, ми се допаѓа хотелов како е среден, изгледа многу чисто.
Автоматски споено мислење:

@Dani
Какви совети ќе дадеш за некој што првпат иде во Турција? Како се плаќа, може во евра или во лири, не знам како им иде курсот, општо било какви совети, сакам да одам во Сиде, гледам си бил. :))
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom