Турција

  • Креатор на темата macgowan
  • Време на започнување

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.014
Поени од реакции
11.200
Цените се горе долу како кај нас, зборувам за кафичи, маркети, меаните се зависи што сакаш но во секој случај за нашиот стандард поволни. Кафе, чај, сок, вода се е како МК. Алкохолот е поскап, ердоан тајм. Нормално дека има места каде е поскапо, туристичките места се стандардно дераторски секаде во светот но за споредба со Грција, се е надолу па до пола. За сместувањето...јас одам во своја режија, изнајмувам апартмани преку Airbnb и тие се нијанса поефтини од Грција, макар во споредба со 2019 кога бев претходно во Чешме сместувањето е и таму дооста поскапено. Хотели, преку агенции, не коментирам стварно не знам, тие се сосем поинаков тип на врвење. Хотели гледав на турскиот Otelz.com се поефтини од сите сајтови типот booking.com, hotels.com, agoda и сл.
Фала ти. Ќе проверам на Otelz.com за хотел. Прашањето ми беше за цени по кафичи, плажи, барови и тн. Претежно за храна. За алкохолот информиран сум дека е доста скап. Посебно увезениот. А се работи за летување во Бодрум.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520

Дај некој препораки за Чешме, годинава идам во близина на Илика плажа имам хотел.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
59
Поени од реакции
72
Дај некој препораки за Чешме, годинава идам во близина на Илика плажа имам хотел.
Илича(Илиџа, како било) ти е топ, најдобрата плажа таму и сместувањето ти е на супер позиција оти навечер ти е одма Алачати каде е перфектно за шетање, полно со барови, меани, џиџимиџарници еден куп. За Турците е сега како на времето што беше Бодрум , пред да стане ултракомерцијален и преполн со "јабанџи"(не дека Алачати е помалку гужва, напротив, но најмногу има Турци ид Истанбул, Измир, Анкара, странци послабо) и е место те видов ме виде на побогатата раја. Истото го заприметив Бозџаада сега. Совет - немој да трошиш време и пари по т.н. beach bar-ови кои се над чешме на север и на југит на полуостровот. Тоа се места со изгор влезници или лежалки, ѓоа средени а всушност се за пуфки продавање на горенаведените од Стамбол и сл.(таблици 34 и 35 најјмногу ќе видиш). Илича ти е топ за уживаее во морето кое е фантастично од секој аспекти, нема некоја содржина единствено имаш маркети типот Мигрос џет во задната уличка за набавка, бар имаш на краевите од плажата која е огромна. Бесплатна е, паркингот ти е бадијала, ако си па малце понастрана сепак а стално има место. Во Чешме градот ти е поефтино за јадење пиење него во Алачати, ама нијансанмала е во прашање. Кај марината е поскапо, на 'корзото' поефтино
Автоматски споено мислење:

Фала ти. Ќе проверам на Otelz.com за хотел. Прашањето ми беше за цени по кафичи, плажи, барови и тн. Претежно за храна. За алкохолот информиран сум дека е доста скап. Посебно увезениот. А се работи за летување во Бодрум.
Во Бодрум бев пред дооста години, феноменално место, не се сомневам дека супер ќе поминеш каде и да си сместен на полуостровот. По кафичите цените ти кажав, лабаво. По т.н.барови...истото на колегата од форумов му го кажав за Алачати...гледај како се штонсе има некои што наплаќаат влезници демек организирана плажа, музика бла бла а не нудат ништо посебно освен лежалките и се поскапи. Доста од нив се наменети за подобростоечки турци на кои им е престиж да одат да се вртат таму а пари не им се проблем и овие батињава дерат. Има многу места што се со нормални цени, иако не сум бил таму одамна, гледав за годинава да одам на кај Бодрум пак но ете, поблиску, на северен егеј завршив.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2012
Мислења
59
Поени од реакции
72
Уште еден совет кога сум распишан. Пошто лирата и турската економија се тешка психоделија во местава каде бев НЕМА менувачници! Таму се знае, картица или лира оти нели, турци одат. Во туристичкиве места со странци секако дека има, но...се менува и во продавница или на "бакал" ама гледајте го курсот на лирата. Јас првиот ден 16.8 лирата, на бакал кај една тетка шо многу се трудеше да зборува англиски(познавањето на англискиот во местата каде не се вртат странци во ТР е рамно на познавањето на мандарински кај нас), па после пошто рипаше за некој ден стигнав на банка(Зираат банка) до 18 за 1 евро. Памтам дека во Чешме 2019 лето имаше еден чејнџ на главната улица. Банките и банкоматите...гледајте ако вадите за без провизии или незначително нешто Пост банк или Зираат. Ова проверено.
 
Член од
28 јуни 2018
Мислења
746
Поени од реакции
922
Незнам кое е глуп но е видно дека културата ти е на ниво амеба
Давам информација, серат други
Nerelevantna informacija. Ko sega da staam nekoj flaer za Tinex akcija proizvodi i da pisam davam informacija...

Plus, sto e razlicno licna karta/ pasos? Sto e bitno sto ke ti pobaraat na granica, pa da e dobra vest deka e so licna karta?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom