јас мислам дека секој нормален човек не посакува и нема да бомбардира никого...
ама изглеа има баѓи ненормални...
јас само како глупост го сватив коа го прочитав, се топкав од смеење поради глупоста и примитивноста на турчино, и го постирав тука, ама изглеа требаше на сеир :wink:
Е сеа, пошо не е на сеир, ќе ти напрам една мала анализа...
Турција е една моќна земја, тоа е факт, јес дека ЕУ ги дупат малку, ама не заборавајте дека Турција ги има Инџирлик и ЛИЦЕНЦИ за секој од серијата „Фантом„ да произведува ВО ТУРЦИЈА и кај шо ќе им прдни на миле Ф14, Ф16, и наскоро сите авиони од втората (таа што следи) генерација „невидливи„ авиони (Ф-117 и Ф-117А се првите мислам, не ме држи за збор...)
Турското лоби во Германија и западна Европа има огромна моќ!
Со распадот на Советскиот Сојуз, се создадоа неколку држави каде што мнозинството од населението се муслимани и се сметаат како дел од ТУРСКИТЕ НАРОДИ *
Бројот на жители во Турција и дел од исламските држави-бивши СССР републики е ПРЕКУ 150 МИЛИОНИ!
А тие се традиционален партнер на Америка, односно Америка ја има цврсто под контрола Турција...
Па на цел Нато им набија рогови со Кипар, и Грците можат „да им пушат„, тие купуваат десетици авиони од американците, турците праав илјадници... проста Математика.
Сега, не значи тоа дека поради зборовите на тој типот таму ќе дојди Труција и ќе бомбардира Софија или Бугарија пошироко...
Меѓутоа, ако не се дадат основни човечки права на СИТЕ малцинства, и ако не се почне КОНЕЧНО на малцинствата да се гледа као на мост, а не како на бариера, постои опасност од ескалирање на ситуацијата...
еве ти едно несакано, ама ако размислам шо се случува во светот, сепак можно сценарио:
еден луд турчин, во борба за своите права или „права„, ќе се крени во воздух сред Софија, со уште неколку невини
ЛУЃЕ.
НЕ Бугари,
НЕ Труци,
НЕ Македонци,
ЛУЃЕ :!:
и после тоа ќе има еден куп гневни Бугари шо ќе сакат на разни „не-б`лгари„ да им ги скршат главите, и некои ќе бидат доволни глупави или пијани (или платени) ДА ГО НАПРАВАТ ТОА! (пак да речам, не дај боже...)
И тогаш има еден куп „не-б`лгари„ шо ќе сакат истото да им го прат на Бугарите, и ете ти нов босански лонец...
јас ја имав таа „среќа„ да бидам во ЈНА коа пукна во ЈУ... и по иронија на животот, бев префрлен во истото место каде неколку години пред тоа бев на работна акција...
неколку години или месеци пред тоа сите бевме браќа и сестри, наеднаш станавме душмани...
затоа шо не сакавме да слушаме шо има другиот да кажи
* = сите народи што настанаа од првата држава на Селџуците, пред да мигрираат на запад и ја формираат втората турска држава