Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

Член од
10 јануари 2011
Мислења
86
Поени од реакции
41
Не знам како можеле да дојдат до реализација на ваква ептен идиотска идеја... Мене лично срцето ми застана кога се прекина програмата што ја гледав, и беше прикажана ударна вест дека авион се срушил итн итн, а притоа роднини мои денеска се имаа качено во авион, па буквално се избезумив. Арно што при прво пребарување во однос на вестта кога пишав на гугл ми се јави линк на кој што кажува дека рекламирале нешто или што ти ја знам, па колку толку ми олесни.

Ќе се повторам повторно, ептен идиотска дејност од нивна страна што така си играат со емоциите на луѓето...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
После тоа кажаа дека е радио емисија , предходно беше најавено ко breaking news ..
Не, читано е во форма на пренесување вести во првата половина, инаку е дел од серија. Некои луѓе не укапирале. Не е така важно за темава.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Добро бе имаат ли памет, мамицата нивна бев задреман скокнав од кревет од паника, сеа се чувствувам како да сум пиел 4 дена. Не бе не нема еден нормален во оваа држава, сега треба да ги напикаме цела тв во авион и да го гаѓаме авионот од доле. Кој дебилизам владее во оваа држава :facepalm:
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
ЧЕКАЈ!ПОЛЕКА!Сакате да кажете дека ова е најва за уште една ТУРСКА серија?!

Значи државава заедно телевизииве ние невиден кич,еј за турска нискоебанабуџетна за која на запад не би ни дале пола долар за неа ние праиме најави со кои ја тресеме цела нација,болни бе бооооолни!

Убаво пиша еден член погоре R.I.P. Tања R.I.P. Канал 5
Кога ќе ми текне дека порано на А1 се емитуваше Изгубени,на Сител Prision Break,а сега Бурни времиња(не не е апокалитпична приказната со 1312 ефекти и во продукција на С.Спилберг туку е интересна затоа што има едно копиле што го збори синот на Билјана Беличанец),Величенствениот(најдобриот најдобриот најдобриот во гз да си го ставите ејјјјјјј,окупаторот што не држел по ропство 500 години ние го викаме најдобриот каква ИРОНИЈА,во најавата викаа дека била визуелно перфектна жими величествениов перфектна),па згора на тоа почнаа и некој римејкови од Очајни домаќинки да пуштаат со македонски имиња или што ти ја знам,после па бугарски серии со струмичко-кумановска сихноризација,ама капак на све се циганските е тоа кога ќе го видам косата ми паѓа и оќелавувам од нервоза посебно се доловува сцената кога го има оној зумотХ3 во глумецот/глумицата циган/ка: АНХФСПОАФ зуууумХ3 таро абортус.
Многу ме фрустрираат телевизииве и ептен простиов народ накој се може да му продадеш се надевам дека забавниот Драган Вучиќ ќе отиде во Шутка летово на кафе со најдобрите,сигурен сум дека и тоа ќе има гледаност.КАТАСТРОФА!КАТАСТРОФА!

Единствено респект за ТЕЛМА кои даваат серии кои вредат како Dr.HOUSE,Monk итн.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.966
Поени од реакции
45.238
Ја споив темата за авионската несреќа со оваа, за да не ги паничиме луѓето без потреба. Слободно хејтајте, покретенска реклама за кретенска серија немам видено...
Io, Lost da ne ja najavuvaat ovie be ? o_O
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Io, Lost da ne ja najavuvaat ovie be ? o_O
гарант, гарант турска верзија на Лост !!! :vozbud::pos:

него како не увидовде од прва дека е „местенка“ бе !? Вестите ги водеше Љубица, а после одеднаш Татјана се појавува, плус никаква локација не спомена. Се виде дека не е real одма. :X3:

Али дека е глуп потег, да.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Само незнам до кога нашиве телевизии ќе ни продаваат ваков малоумен и "ефтин" маркетинг :facepalm::facepalm:
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
гарант, гарант турска верзија на Лост !!! :vozbud::pos:
Труска серија на Лост
Турска серија на Очајни Домаќинки

И шо е следно?
Турска серија на Телетабиси?

Поздрав до водителката прав авион е нека пази да не се сруше.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Идиотизам. Ако не ги казнат за ова стварно нема закон во државава. Овие истите беа за тепачката помеѓу нашите кошаркари во Литванија што бомбастично ја најавија, а немало ништо?
Кретени.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.008
Незнам зошто се изпаничивте сите кои ја гледале рекламата ... уште на почетокот а за време на целата реклама , во долниот лев агол пишува ПРОМО , а и на крајот има најава дека ќе биде наскоро на Канал 5 ( што и да е тоа ) ... точно е дека рекламата е невкусно направена , но уште од почеток се гледа дека е некоја реклама за тв програма/емисија т.е. во случајов серија .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom