Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Такви се тие од Канал5,Тања се заебава со авионски несреќи,Миленко едно време со Грчки напади од авиони и загинати војници на македонска териоторија.
И јас од памет се извадив кога видов,ама ај само помислете што ќе помислат роднини пријатели на некој што штотуку полетал?
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
И што се десило сега, демек најава за серија било тоа како што разбрав?
Ако е стварно тоа - :tapp:... што да кажам.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Шефкет, љубениот на Нурсел, беше во авионот кој пловеше по небесната шир кон срцето на Босфорот, Истанбул. Неговото повторно враќање беше почеток на нова ера за семејството Махмедоглу. Нурсел седеше во трпезаријата и го требеше оризот кој нејзината мајка сабајлето го купи од тетка Хајрие на пазарот. Оризот во овој период не беше воопшто скап, па им дозволуваше на сиромашката самохрана мајка и нејзината ќерка секој ден да се задоволуваат со вкусен сутлијаш. Така задлабочена во својат работа повремено ги наслушуваше вестите на локалната телевизија... Одеднаш нејзиното срце на момент престана да чука и во грлото почувствува грутка која не и дозволуваше да диши... Авионот во кој се наоѓаше Шефкет се урна на територијата на Грција... Водителката, видно потресена, соопшти дека зад уривањето стои тамошна ултранационалистичка милитантна органиација. Чинијата со ориз падна, а Нурсел започна интензивно да плаче се до втората половина на наредната епизода кога мајка и дотрча и ја праша: „Нурсел ќерко, што ти е? Зошто плачеш? Да не се урна авионот на Шефкет?“. Штом го кажа тоа веднаш се сепна... Нурсел се изненади од зборовите на мајка си и ја праша: „Од каде знаеш мајко дека авионот се урнал? Мајко, одговори ми!?“...Џемиле, мајката, проба да го избегне одговорот менувајќи ја темата. „До каде си со оризот?“ - ја праша. „Мајко, не ми бегај од тема, кжи каква врска имаш ти со уривањето на авионот?“. - „Аааа ќерко, какви се тие зборови? Секако дека јас ... не.. знам... ааа“... Нурсел и поверува на Џемиле. И и веруваше во наредните 150 епизоди. Цели 150 епизоди Нурсел тагуваше и се присетуваше на сите моменти во кои можеше со Шефкет да го имаат првиот секс, но го немаа... А сега, кога се е завршено, се плашеше дека никогаш нема ни да го има. Во 151 епзиода ненадеен гостин тропа на нивната врата. Нурсел, заедно со чинијата ориз кој го требеше отрча да ја отвори вратата. Чинијата и се испушти од раце и оризот се рашири низ подот пред прагот... Тоа беше Шефкет! Здрав и жив! Измешаните чувства на Нурсел не и дозволуваа да поверува на своите очи! Кога конечно се смири од возбудата (епизода 160) Шефкет и раскажа се. Тој го преживеал падот, што е очигледно. (А како, остана мистерија!) ... Но, се нашол на грчка територија и бил заробен од група луѓе неполни 150 епизоди. Шефкет и објасни дека таа група била координиран од нејзината стара и изнемоштен мајка - Џемиле. Џемиле била таа која го нарачала урнувањето на авионот се со цел да ја одалечи својата ќерка од Шефкет! Просто неверојатно, како во турска серија! Но зошто? Откако во наредната епизода Џемиле го призна своето дело, рече: „Нурсел ќерко, не сакав никогаш да дојде до ова... но јас и таткото на Шефкет бевме љубовници на времето... Ќерко, ти и Шефкет сте брат и сестра! Вие не можете да бидете заедно... Вети ми дека нема да го легнеш откако ќе умрам... Ве..ти.....“. И потоа почина. Шефкет и Нурсел останаа да плачат цела епизода... Во поледната епизода, тие решија да се помират со својата кобна судбина дека се брат и сестра, но не се откажаа од својата љубов. Така, во последните 3 минути од серијата направија скромна венчавка и живееа номaдски до крајот на животот криејќи се од турските власти поради илегалниот чин на нивната љубов. КРАЈ.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Можно е да е шпекулација, не земајте здраво за готово, кажаа нешто на Канал5, наводно авионот само што полетал се срушил. Некој нешто повеќе?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Кретени се тие од Канал 5. Полошо и победно рекламирање на серија во живот немам видено. (n)
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Од официјална веб страна сите полетувања се реализирани:
TB 2448 BRUSSELS 00:20 DEPARTED 00:25
OS 776 VIENNA AUSTRIAN AIRLINES 04:30 DEPARTED 04:35
LH 6387 VIENNA LUFTHANSA 04:30 DEPARTED 04:35
JP 811 LJUBLJANA ADRIA AIRWAYS 04:45 DEPARTED 04:56
LH 6935 LJUBLJANA LUFTHANSA 04:45 DEPARTED 04:56
OU 367 ZAGREB CROATIA AIRLINES 05:50 DEPARTED 05:53
JU 115 BELGRADE JAT AIRWAYS 06:00 DEPARTED 06:01
TK 1004 ISTANBUL TURKISH AIRLINES 09:05 DEPARTED 09:36
4T 3263 ZURICH BELAIR AIRLINES 09:55 DEPARTED 10:13
FHE 6381 ZURICH HELLO LTD 10:45 DEPARTED 11:01
W6 7751 TREVISO WIZZ AIR 11:45 DEPARTED 12:01
OS 780 VIENNA AUSTRIAN AIRLINES 12:35 DEPARTED 13:05
LH 6443 VIENNA LUFTHANSA 12:35 DEPARTED 13:05
L9 558 DUSSELDORF BELLE AIR EUROPE 12:40 DEPARTED 12:55
JP 827 LJUBLJANA ADRIA AIRWAYS 15:50 DEPARTED 15:48
LH 6933 LJUBLJANA LUFTHANSA 15:50 DEPARTED 15:48
WK 439 ZURICH EDELWEISS AIR 16:20 DEPARTED 17:13
LX 8439 ZURICH SWISS 16:20 DEPARTED 17:13
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.763
Поени од реакции
11.752
Такви се тие од Канал5,Тања се заебава со авионски несреќи,Миленко едно време со Грчки напади од авиони и загинати војници на македонска териоторија.
И јас од памет се извадив кога видов,ама ај само помислете што ќе помислат роднини пријатели на некој што штотуку полетал?
Сабајле другар полета за Њу Јорк, срце ќе ме стрефеше идиоти глупи... :tapp:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не се нормални, да им се плукнам во маркетингот!
Ќе престанат, повторувам ќе престанат ли веќе со ова психичко малтретирање наречено синхронизирани турско/индиски серии??? Сериозно, па уште како бомбастично ги најавуваат. НЕ МОЖАМ ВИШЕ!
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
зашо не гледам ТВ освен кога има важни вести или фудбал.........Македонски медиум служи за да го затупи човекот овде,слабо документарки од науката,слабо хумористични серии,освен Македонски приказни ништо нема од домашна продукција поквалитетно

уметници - визионери ?! ха
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701

Ма со непалм да ве запалат да ви се плукнам во турските серии,,, боље Салон хармони да гледам него ли суџуциве турски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom