Турни ме да кинисам

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Нова македонска серија која почнува во недела 30.05.2011 по Дневник 2 на МТВ1 и ќе се дава од недела до петок секоја вечер.

„Турни ме да кинисам“ - нова домашна ТВ-серија



Режисер на овој проект, за кој се предвидуваат 50 епизоди, е Томислав Алексов, кој ја режираше и последната играна серија снимена во МТВ, „Обични луѓе“. Сценариото го напиша Владо Димовски, кој ги напиша и сценаријата за серите „Погрешно време“, „Сашко и Сашка“, како и на култниот серијал за деца „Умни глави“.
Музиката за најавната шпица ја напиша Кокан Димушевски.

„Турни ме да кинисам“ е новата телевизиска серија во продукција на Македонска телевизија, чии први пет епизоди ќе се прикажат премиерно в недела од 20.30 часот. Серијата го прикажува животот на младите луѓе во 21 век, кога невработеноста расте, а условите за живеење се влошуваат. Главното дејство се одвива во домот на семејството Трајковски, кое го сочинуваат актерите Љупчо Ангеловски, Катерина Коцевска-Хаџивасилева, Сашко Коцев и Сашка Димитровска.

- Се работи за еден проблем кој го имаме подолго време, тоа е невработеноста, особено кај младите. Самиот наслов на серијата „Турни ме да кинисам“ зборува за тоа дека понекогаш е нужно некој да н` поттурне за да можеме да направиме чекор нанапред. Ликот на Маријан е тој што чека поддршка и подбутнување од своите родители. Тој е 28-годишно момче без работа. Има многу содржини кои верувам дека ќе им го привлечат вниманието на гледачите, пред сe` поради тоа што станува збор за динамична серија која освојува - вели Томислав Алексов, режисер на серијата.

„Како сценарист ме радува тоа што текстот и' легна на актерската екипа. Секако, во од се прават и компромиси, не сум суетен тип, најбитно е што имаме убава атмосфера. Мислам дека оваа серија ќе ја врати МТВ во времето кога и се случуваа добри играни серии“, додаде сценаристот Владо Димовски на завчерашниот прес во импровизираното студио - стан во МТВ во кое се снима серијата.

„Турни ме да кинисам“ ќе биде прикажана во 50 епизоди кои комплетно ќе се пуштат од септември. На сценариото свој потпис стави Владо Димовски, додека музиката за најавната шпица е на Кокан Димушевски. За почеток е предвидено да се прикажат пет епизоди, по што МТВ ќе ги анализира критиките, пофалбите и сугестиите добиени од гледачите. Досега се снимени околу 10 епизоди
. Гледачите своите сугестии ќе можат да ги испраќаат и на е-адресата turnimedakinisam@mrt.com.mk
 
M

Moon Child

Гостин
Супер! Само да не е како онаа со Влатко Илиевски што идеше на Сител, со очаен хумор ... Сакам да е реална, кога веќе повеќето наши серии се снимени по такво сценарио, но да има заплети и расплети како што нели и ние Македонците во животот си имаме :smir: Несакам да биде со сценарио како да гледам реално шоу. Вреди еднаш да направиме квалитетна серија :smir:
 
V

Viktor g

Гостин
Ко што видов во серијата се појавува една од најкатастрофалните “актерки“ Марија поп инкова:nesum: колку е само одбивна во приказните па сега треба и во серијава типувам дека ќе се појави и верниот и другар имитаторот Владо Дојчиновски и тогаш каква сака нека е јас нема да ја гледам доволно е што тие двајца плус Никола Тодороски ги уништија Македонските народни приказни макар што и Сашко Коцев не ми прави многу мерак како актер јас на негово место би го ставил Рубенс, Висар Вишка , Никола Ристановски или пак Дејан Лилиќ. Како и да е само да не е како тоталните фијаска Од денес за утре ( лошо сценарио) и Трето па машко ( пак лошо сценарио)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Онаа што оди на Канал 5 е катастрофа невидена, а и таа на Сител беше потпоп света.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Иако е предвремен коментаров, тешко ми е да поверувам дека МТВ ќе испорача добра серија со солидна глума и барем, пристојно сценарио. „Со хуморот“, не знам баш, и тој е во нашиве серии некако изнасилен, ко со пушка да те тераат да се насмееш. И мислам дека е конечно дојдено времето нашиве телевизии да почнат со „пилот“ изданија на нивните серијали. Што ќе ни се на пример, а тоа е доста можно, 50 епизоди ѓубре? Не би сакал така, ама кај нас некој како да сака да не убеди дека секогаш моше да биде полошо :nesum:
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
... мислам дека е конечно дојдено времето нашиве телевизии да почнат со „пилот“ изданија на нивните серијали. Што ќе ни се на пример, а тоа е доста можно, 50 епизоди ѓубре?
Сабазиј, белки нема да те мрзи да им ги испратиш своите критики и сугестии откако ќе ги оцениш „пилотите“ :)

За почеток е предвидено да се прикажат пет епизоди, по што МТВ ќе ги анализира критиките, пофалбите и сугестиите добиени од гледачите. Досега се снимени околу 10 епизоди. Гледачите своите сугестии ќе можат да ги испраќаат и на е-адресата turnimedakinisam@mrt.com.mk
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Да се надеваме дека нема да биде како Трето па машко на канал 5,ама со насловов лошо почнале Турни ме да КИНИСАМ!? алооооо
многу ми се допаѓа што го земале Сашко Коцев да игра главна улога,а не само Љутков,Љутков и само Љутков и не дај боже Влатко Илиевски да се појави на која било нова серија повеќе
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
:smir: ете, баш и не верувам дека би ме слушале, па не би се мачел, затоа што се на државна цицка, и баш им е гајле кој гледа а кој не, се` додека им плаќаме. Што да правам, тоа со „пилотката“, го напишав од мака, оти го снимаат со наши пари, кои би можеле стопати попаметно да се искористат. За пилот треба да се директно зависни од гледачите, а овие се сепак државно, паразитско чудовиште.
 
П

Пепси_

Гостин
Само да не биде ептен вештачко како онаа на сител што ја даваа и ред други.... влатко илиевски нема врска од глума ептен е вештачки !
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Се радувам на секој нов македонски проект особено од областа на културата и речиси секогаш по резултатите се разочарувам. Затоа овојпат нема да очекувам премногу и ќе пуштам МТВ1 после сто години. :)

Патем...

Нова македонска серија која почнува во недела 30.05.2011 по Дневник 2 на МТВ1 и ќе се дава од недела до петок секоја вечер.
Недела, утре? Дека утре е 29.05. Пак ги измешале лончињата? :)
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
:pos2: Види, навистина, на модераторката 16 очи и играат уште рано насабајле :)).
Ама, ај сеа нема да бараме влакно во јајцето. Сите бројки што се спомнати се делат со 5. Сигурно мислеле од понеделник до петок.

--- надополнето ---

... со насловов лошо почнале Турни ме да КИНИСАМ!? алооооо
Еми, нели прочита погоре која е темата? Како сакаш да ја наречат? Или сакаш да го лекторираш насловот? Ако може еден да те ШИША, зошто друг да не КИНИСА?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
А ако ви кажам дека киниса е од грчко потекло. :vozbud:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Недела, утре? Дека утре е 29.05. Пак ги измешале лончињата? :)
Се извинувам, мислев недела 29.05. :)
По весниците пишува дека ќе почне во понеделник, ама еве на сајтот на МТВ е ставено дека ќе биде во 20:20 во недела:
http://mtv.com.mk/MK/programa/nedela.aspx

А инаку јас дефинитивно планирам да им напишам мејл по пилотот.

BTW еве што пишува во Дневник:

„Турни ме да кинисам“ е новата телевизиска серија во продукција на Македонска телевизија, чии први пет епизоди ќе се прикажат премиерно в недела од 20.30 часот. Серијата го прикажува животот на младите луѓе во 21 век, кога невработеноста расте, а условите за живеење се влошуваат. Главното дејство се одвива во домот на семејството Трајковски, кое го сочинуваат актерите Љупчо Ангеловски, Катерина Коцевска-Хаџивасилева, Сашко Коцев и Сашка Димитровска.

- Се работи за еден проблем кој го имаме подолго време, тоа е невработеноста, особено кај младите. Самиот наслов на серијата „Турни ме да кинисам“ зборува за тоа дека понекогаш е нужно некој да н` поттурне за да можеме да направиме чекор нанапред. Ликот на Маријан е тој што чека поддршка и подбутнување од своите родители. Тој е 28-годишно момче без работа. Има многу содржини кои верувам дека ќе им го привлечат вниманието на гледачите, пред с` поради тоа што станува збор за динамична серија која освојува - вели Томислав Алексов, режисер на серијата.

„Турни ме да кинисам“ ќе биде прикажана во 50 епизоди кои комплетно ќе се пуштат од септември. На сценариото свој потпис стави Владо Димовски, додека музиката за најавната шпица е на Кокан Димушевски.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Ајде бе вие, па Бандини подобра серија да не е?
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Љупчо Ангеловски? Бате Жиле а?
Епа ај, белким ќе биде нешто, само многу малку ова само 5 епизоди (знам за почеток е само), стратешки поставени пред изборите. :pos2:
Шала на страна, Љупчо доста интересен ми е, така беше и во Погрешно Време, останува да почекаме и да видиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom