Туризмот и натаму останува неискористен потенцијал

Член од
7 август 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Еве ви страна за туризам: http://travel2macedonia.com.mk

Толку многу сервиси, како е-картички, дали знаевте, научи македонски.

И се е опфатено за сите места во Македонија.

<object width="425" height="344"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/3oQLD6-v_MM&hl=en&fs=1&"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/3oQLD6-v_MM&hl=en&fs=1&" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="425" height="344"></embed></object>
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Можеби страната е (не можеби, корисна е) корисна како извор, основен патоказ. Но во реалноста се е поинаку отколку на интернет страна.
За викендот бевме малку на тој т.н. алтернативен туризам (кај нас, за странците е основен, како и секој друг туризам) од кичевско Кнежино преку Брод, пештерата Пешна, Девич до едно мотелче Извор кај Манастирец мислам беше покрај Треска, неколку км пред Козјак (отприлика). План ни беше уште места да посетиме ама времето беше кратко. За разлика од претходно кога сме се стационирале на едно место, сега сакавме малку повеќе да ја разгледаме Македонија, Поречието...одблиску.

Она што се нуди е задоволително и ефтино, а услугата е одлична, пределот феноменален. Но има неколку но, како и во секоја приказна.

За јас самиот да ги најдам тие места, гостилници, фарми, манастири...ќе ми требаше водич од околината или ќе се маткав со прашување 2-3 дена. А ниту ќе знаев што каде да прашам. Тоа е за мене како домашен турист. Што доколку сака странец на своја рака да ја истражи Македонија.
Прво не знае дека постои Крушино, Кнежино, манастир Св. Ѓорѓи со базилика покрај него и три свети чешми. Понатаму не знае дека постои кај Девич фарма со ноеви, мотел, ресторан и домашна народна музика со изворни инструменти, а сето тоа зачинето со поглед на ливадите и врбаците покрај Треска. Понатаму нема да може да ја најде пештерата, ние едвај ја најдовме, а колку е запуштен приодот и самата пештера, не би ни зборел-нешто што не е за простување.
Понатаму, кај Манастирец одлична гостилница со свежа пастрмка и крап, околината е воодушевувачка, смирувачка, жубор на Треска...
Сето ова го бара странскиот турист, добра услуга, свежа храна (локална и вообичаена), нацртана природа, фолклорни инструменти...како ова да се доближи до туристот кога нема ниту табла за некои од овие места дека истите постојат и дека се таму и таму. Среќа брат ми беа со нас па имавме водич за тој крај (а тој запознаен претходно, има шетано со рибарите), инаку...

Скептик сум во поглед на развојот на ваков туризам кај нас-се форсира само езерскиот-оној на трите природни езера. Се друго е оставено само на себе.
Баш ќе средам некоја слика за да постирам приодот кон пештерата, колку е во јадна состојба.
 
Член од
7 август 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Епа сеа... не може се да е само преку една страна.

Треба и општината да даде по некој патоказ... Тоа е за жал македонскиот синдром. Имаме многу да покажеме пред странците - не знаеме да го искористиме и никогаш не сме знаеле.

Албанија не помина... тоа за жал една реална вистина.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Епа сеа... не може се да е само преку една страна.
Не може сајтот се да стори во врска со тоа, а дека е една корисна насока, е. Но на терен имаш право, самите локални власти треба да се ангажираат повеќе. На пример патоказ кон доста од овие туристички места нема. Уште помалку објаснување за истите. Локалната самоуправа се жали на прилив на средства, но треба и да придонесе истите да се зголемат. Табли, појаснувања, сајтови, брошури...сето тоа ќе придонесе ем за поголема информираност, ем со тоа ќе капне некој денар повеќе во нивниот и централниот буџет.
 
Член од
7 август 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Се почнува од почеток, барем во нашиот случај.

Горенаведениот сајт јас со уште еден го направивме - и навистина сметам дека пристапот кој го имам воведено за дестинациите е прв за Македонија (гледано е да се покрие накратко и најважното, за на некој што прв пат доаѓа тука да му се објасни најдобро).

А за брошурите не викам не, треба секоја општина посебно да си прави, но од друга страна треба на државно ниво, сите табли да бидат истиот формат, иста боја (мислам како Стоби што е кафеафкаста дека треба) итн...

Потполно си во право дека треба малку потрошат пари (наместо да се пијанат по локалните кафани и сл.), и да инвестираат во ова и да се организираат наплаќања по истиве знаменитости, посебно за странци - но кај нас реално никој не е заинтересиран да повлече иницијатива, а камоли да ја имплементира.

Тоа е тоа...
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Убавини имаме, немаме „кликер“ за туризам

За изградба на инфраструктура на Пониква, општината очекува поддршка од државата, вели градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски

Имаме исти планини, речиси исти природни убавини со Пиринска Македонија, но од другата страна на границата Бугарите изградија многу суперлуксузни хотели, современи туристички комплекси што се познати во Европа и се полни со туристи и лете и зиме. Кај нас ништо, освен по неколку хотелчиња и мотелчиња во Малеш и на Осогово и алтернативен туризам во повои.

Вака деновиве во „Пониква“, единствениот поголем туристички комплекс на Осоговските Планини од македонска страна, коментираа наши туристи и вљубеници во планините. Сретнавме и помала група бугарски туристи и планинари кои беа изненадени колку малку е вложено за развој на туризмот во овој убав планински предел. Комплексот „Пониква“ е на надморска височина од околу 1.500 метри, а од Кочани е оддалечен дваесетина километри. Има три ски-лифта со што „Пониква“ е единствено место од левата страна на Вардар каде што има услови за скијање. Освен викендичките, некои од нив изградени на несоодветни места и го нарушуваат природниот амбиент, во комплексот има само неколку комерцијални објекти - Детското одморалиште, кое го доби и го реновираше МВР и сега е од полуотворен тип, еден ресторан, еден мотел со 45 и еден мотел со 20 легла.

- Македонија е божја земја. Господ овде дал се', изобилство од природни убавини - шуми, пасишта, бистри води, прекрасни пејзажи. Но, инфраструктурата е на многу ниско ниво. Овој крај државата како да го заборави. А, за да се види како се развива туризам и како од него се земаат големи пари не треба да се оди многу далеку. Доволно е само да се помине границата и да се видат Боровец, Банско, Сандански ... - вели Сашко Стефановски, секретар на планинарското друштво „Осогово“ од Кочани.

Во помалиот мотел „Кај Мице“ разговаравме со сопственикот, кочанецот Никола Христов-Мице, долгогодишен планинар, алпинист, спасител, а сега и угостител. Мотелот, кој има осум соби, ресторан со 80 стола и летна бавча во прекрасен шумски амбиент, некогаш бил сопственост на кочански „Југотутун“, во кој Мице работел. Откако објектот почнал да пропаѓа, во 1993 година го зел под кирија, а во 2000 година, како единствен заинтересиран, го купил под поволни услови. Сега со сопругата живее во него.

- Бизнисот го почнав со литар ракија, гајба сок и гајба пиво. И сега е тешко, одвај се вади за живеачка, но барем сум свој на свое. Туристите се обидувам да ги привлекувам со ниски цени. Ноќевањето е 300 денари. Евтина е и храната, а на менито постојано имаме традиционални специјалитети. Поради разни проблеми има малку туристи, освен месец-два зиме. Нема организирани тури, па често самоиницијативно ја разбиваме монотонијата. Јас, на пример, имам санки и четири кучиња хаски. Бидејќи мотелот е оддалечен 400 метри од асфалтираниот пат, во зимската сезона багажот на гостите до мотелот го носам со санки. Повеќе туркам јас отколку што влечат хаските, но тоа е многу атрактивно за туристите - објаснува Мице. Тој истакнува дека, освен подобрувањето на инфраструктурата и на хигиената, неопходна е поголема промоција на убавината на овој крај во странство. Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, има викендичка во близина на комплексот и често е на Пониква.

- Осогово ни дало големо богатство и одлични услови за развој на туризмот. Пониква ги има сите услови да стане современ туристички центар. Главен проблем е инфраструктурата. Струјата е решена, треба да се заврши водоводот, да се изградат ски-лифтови, бијатлон-патеки, нови комерцијални објекти. Како општина, не сме доволно финансиски моќни, па очекуваме поддршка од државата, а ќе го развиваме и јавното приватно партнерство. Министерството за одбрана ни отстапи повеќе објекти на Пониква, па работиме на уредување и на адаптација на повеќето од нив - вели Димитровски.
Љупчо Шатевски

Извор:Дневник

Уште колку вакви статии ќе читаме....:nenene:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Што и фали на статијата??? председател на општина....плачко илити кукумјавка , сопственик на мотел кој почнал со литар ракија, гајба пиво итн....., а сега има МОТЕЛ, па потенцирање дека у "Бугарија" со Европски кредити...мед и млеко тече...па....
супер си е статијата.....само уште да се помести границата назапад..... :)
 
аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
јас незнам како треба да се развива туризам ама знам како не треба
толку набилдани цени за во Охрид, осет да се немало
затоа јас со истите пари ќе отидам во Бугарија или Црна Гора на море, каде што за истите пари те гледаат како бог, и те услужуваат крајно пријателски и културно
а не одам во охрид наоѓам приватен смештај за 400 денари - подрум, прашувам каде е бањата ми вика: шо ќе ти е бања ене ти го езероно
криво ми е парите што ќе ги потрошам во друго место ама не давам некој будала да ме прави, после некој друг им е крив:toe:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Се почнува од почеток, барем во нашиот случај.

Горенаведениот сајт јас со уште еден го направивме - и навистина сметам дека пристапот кој го имам воведено за дестинациите е прв за Македонија (гледано е да се покрие накратко и најважното, за на некој што прв пат доаѓа тука да му се објасни најдобро).

А за брошурите не викам не, треба секоја општина посебно да си прави, но од друга страна треба на државно ниво, сите табли да бидат истиот формат, иста боја (мислам како Стоби што е кафеафкаста дека треба) итн...

Потполно си во право дека треба малку потрошат пари (наместо да се пијанат по локалните кафани и сл.), и да инвестираат во ова и да се организираат наплаќања по истиве знаменитости, посебно за странци - но кај нас реално никој не е заинтересиран да повлече иницијатива, а камоли да ја имплементира.

Тоа е тоа...
Како прво основно нема кај нас превоз од Аеродромот Великиот до некое урбано место, слегуваш од аеродром и влегуваш во тајмлес Македонија и те чека див таксист со мешина,брада и кожно од Димко Митров замирисано од телешки увијач ,превртува ливчина од спортска и ти нуди превоз до Хотел во Мерцедес 123 и те потсетува дека нема регуларна автобуска линија до некое урбано место па и немаш некој избор.

Да не навлегуваме понатаму што и како не чини ние паѓаме на првиот тест за туризам.

Уствари што ми беше муабетот секоја чест за трудот
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Што и фали на статијата??? председател на општина....плачко илити кукумјавка , сопственик на мотел кој почнал со литар ракија, гајба пиво итн....., а сега има МОТЕЛ, па потенцирање дека у "Бугарија" со Европски кредити...мед и млеко тече...па....
супер си е статијата.....само уште да се помести границата назапад..... :)
Јас не реков дека е лоша статијата.Ја пласирав самата статија баш дека е добра и мојот коментар се однесуваше на тоа дека туризмот како гранка е сосема неразвиен.И моето "до кога ќе читаме вакви статии" се однесуваше во контекст на тоа до кога ќе ни биде неразвиен туризмот.
Инаку статијата си е на место...
 
Член од
7 август 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Како прво основно нема кај нас превоз од Аеродромот Великиот до некое урбано место, слегуваш од аеродром и влегуваш во тајмлес Македонија и те чека див таксист со мешина,брада и кожно од Димко Митров замирисано од телешки увијач ,превртува ливчина од спортска и ти нуди превоз до Хотел во Мерцедес 123 и те потсетува дека нема регуларна автобуска линија до некое урбано место па и немаш некој избор.

Да не навлегуваме понатаму што и како не чини ние паѓаме на првиот тест за туризам.

Уствари што ми беше муабетот секоја чест за трудот
Фала за критиката...

Баш прочитав пред некој ден дека ЈСП планира да воведе специјална линија со туристички автобус (како оние за меѓуградски релации од ЈСП турс ми се чини), на линија град Скопје - аеродром - 4 пати дневно.

Незнам колку ќе биде како што треба - но вреди да се проба. И сепак да се направи такво нешто треба да се воведе ред со таксистите.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ПРИОДОТ КОН СКОПСКАТА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА НАД НЕРЕЗИ КАТАСТРОФАЛЕН

До Св. Пантелејмон само со хеликоптер!

До местото и манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон над Нерези, се влегува преку два приода, едниот од Нерези а другиот од Средно Водно. Првиот функционира ако имате џип или некое специфично возило а вториот Екипата на Вечер забележи дека е скоро невозможно

Делот над скопското село Нерези каде се наоѓаат споменици, воени пештери од 1940, цркви со културно-историско-верско наследство, милениумски крст, руинирани куќи од 1944 година и уште многу други атрактивни места за посета и можен развој на туризмот во главниот град, приодот до нив е за жал невозможна мисија. Раскопаниот пат по кој единствено може да мине некоја коза и куче, а да не се повреди деценија наназад е крпеница која деновиве после поројните дождови попушти во целост.
Засега безуспешните обиди за заживување на тој дел имаше и министерствата за финансии, за економија и за транспорт и врски кои во 2007 година на падините на Водно, кое најавија изградба на 15 илјади квадратни метри на виртуелно македонско село, со комплекс од повеќе маала, секое специфично по изгледот на објектите кои ќе бидат со автентична градба за регионот, умисла која денес без обичен пат остана за некои подобри денови.
До местото и манастирскиот комплекс "Свети Пантелејмон" над Нерези, се влегува преку два приода, едниот од Нерези а другиот од Средно Водно. Првиот функционира ако имате џип или некое специфично возило, а вториот Екипата на Вечер забележи дека е скоро невозможно. Иако ова традиционално излетничко место на скопјани го знаат само тие, странските туристи се уверивме дека лутаат по околните патчиња бидејќи не постои соодветна сигнализација или патоказ до атрактивниот комплекс.
Надлежните за одржување на патот Општина Карпош, годинава даде и согласност за урбанистичкиот план но според информациите што ги добивме засега останато е само на тоа бидејќи како што велат тие недостатокот на финансиски средства на изведувачот, проектот засега стои во место.
-Патот од Средно Водно до Пантелејмон спаѓа во делот на Парк шумата Водно кој не е во наша надлежност. Делницата пак која припаѓа на територијата на Општина Карпош од последна станица на "57" во Нерези до манастирот Св. Пантелејмон во должина од околу 10 километри, е во надлежност на Општина Карпош и таа неодамна изврши целосна реконструкција и крпење на ударните дупки. Во тек е постапката за вадење на одобрение на градба за изготвениот проект за истата делница за целосна реконструкција која би опфатила проширување на патот, изградба на паркинзи доколку е можно, изградба на видиковци и сл. Станува збор за капитален објект кој ќе се изведува во неколку фази. Откако за овој капитален објект ќе се добие градежна дозвола, во текот на идната година ќе се направи целосната реконструкција, а патот до Пантелејмон ќе биде осветлен со соларни светилки по цела должина.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9428FC4FDA9F434EBF8D389870EDAF8A
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
ПРИОДОТ КОН СКОПСКАТА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА НАД НЕРЕЗИ КАТАСТРОФАЛЕН

До Св. Пантелејмон само со хеликоптер!
Ах бре Воне, а таман помислив ни тргна со темава во позитивна критика :)

Има места кои вреди да се посетат се со лоши приоди, тесни патеки, дупки, неосветлени и без патоказ.
Единствена можност да се најдат тие места и да се стигне до нив е ако се прашуваат жителите на тоа подрачје.

Но еве уште една атракција (на европско рамниште) која може да привлече посетители (барем од оние кои се затекнале во Македонија -странски мисии, проект-експерти, случајни или намерни посетители)

ЗАВРШИ ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ПЕШТЕРАТА ВРЕЛО НА МАТКА
Експедицијата си заминува утре, закитена со успехот од откриени 190 метри длабочина од пештерата и со констатацијата дека до дното има уште неколку стотици метри. Со откриените 190 метри, Врело го собори европскиот рекорд во длабочина што досега го држеше една подводна пештера во Италија. Кој знае, можеби најавените истражувања ќе ги засенат и 282-те метри на Бушмановата Дупка во Јужна Африка која е најдлабока подводна пештера во светот
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Можеби не не бива...но затоа се овде хрватите кои ќе ни покажат како се открива туризам
Хрватски новинари ќе ги истражуваат туристичките потенцијали на Македонија

На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, од 15-ти до 18 август во земјава ќе престојуваат новинари од националната телевизија на Хрватска - ХТВ.
Целта на посетата е презентирање на туристичките потенцијали на Македонија пред хрватската јавност, а во фокусот на нивното внимание ќе бидат Крушево, Охрид, Струга и Вевчани.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

За Крушево на ББС.

Ќе кажев одличен клип,но некаде на средината слушнав еден опис за Македонија кој ми ги крена живците,а иде вака:Македонија е најсиромашната земја од бившите Југословенски Републики.
Јас знам дека сме најсиромашни и дека се рамниме само со Бангладеш,но дали знаат тие кој не донесоа на степен од развиток под нула.Се чувствувам како ромче кое седи на улица и доаѓа некој од Босна и ми фрла еден денар,а јас пресреќна му се заблагодарувам.Што ми значат мене овие празни зборови „Тој додаде дека иако годината е тешка поради светската економска криза, нашата земја во споредба со други држави во европа има најмалку последици и штети од најголемата светска економска криза.-Никола Груевски“ до кога бе вака,до кога?
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112611
Треба да ја сменат паролата Смрт или Слобода,во Смрт за политичарите,а Слобода на народот!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom