Турбо полначи, репарација и половни

Член од
16 март 2017
Мислења
12
Поени од реакции
20
Здраво на сите!
И така си возам 1.4hdi и постепено почна да си свирка турбинава. На почеток не беше страшно ама после 20.000км сега можам да ја слушнам и внатре во кабина. Заглавив минатиов месец на граница 40минути и колава работеше во место па кога тргнав на граница зад мене направив облак колку печурката од хирошима. Турбината работи перфектно, колата има моќ и се, само што маслото почна да го пие како да нема утре. Си појдов кај мојов матичен мајстор и добив информација дека таа некоја пиксна задолжена за маслото, го пропушта и уствари маслово некако си наоѓа пат кон моторот и е согорено за да низ ауспух биде исфрлено како некоја нијанса на син дим после одреден период мирување (работа во место). Количината на димот се зголемува право пропорционално со времето на мирување. Е тука дојдоа маките. Прашувам по мајсториве за репарирање кај нас, сите ми рекоа има еден куп што репарираат но немаат добри машини за тестирање/балансирање. Зет ми ја репарирал во турбо сервисот во Тетово на голф 5ката пред 2 години па од тогаш нема мака. Друга опција е да ја праќам во Ужице - Србија = сите ми препорачаа таму. И последна опција ми е половна турбина, макар што може да налетам и на нешто полошо од ова. Со оглед на тоа што минувам 35-40к годишно не би сакал другата година да купувам турбина пак. И колата не ми се продава бидеќи имам се живо и диво сменето + сетови гуми, бар за наредните 100.000км. Споделете искуства кој каде репарирал, купил половна и тн :)
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Ужице или нова прашај само колку е разликата, тоа е пробана варијанта
веројатно не е скапа и нова за тоа возило
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Здраво на сите!
И така си возам 1.4hdi и постепено почна да си свирка турбинава. На почеток не беше страшно ама после 20.000км сега можам да ја слушнам и внатре во кабина. Заглавив минатиов месец на граница 40минути и колава работеше во место па кога тргнав на граница зад мене направив облак колку печурката од хирошима. Турбината работи перфектно, колата има моќ и се, само што маслото почна да го пие како да нема утре. Си појдов кај мојов матичен мајстор и добив информација дека таа некоја пиксна задолжена за маслото, го пропушта и уствари маслово некако си наоѓа пат кон моторот и е согорено за да низ ауспух биде исфрлено како некоја нијанса на син дим после одреден период мирување (работа во место). Количината на димот се зголемува право пропорционално со времето на мирување. Е тука дојдоа маките. Прашувам по мајсториве за репарирање кај нас, сите ми рекоа има еден куп што репарираат но немаат добри машини за тестирање/балансирање. Зет ми ја репарирал во турбо сервисот во Тетово на голф 5ката пред 2 години па од тогаш нема мака. Друга опција е да ја праќам во Ужице - Србија = сите ми препорачаа таму. И последна опција ми е половна турбина, макар што може да налетам и на нешто полошо од ова. Со оглед на тоа што минувам 35-40к годишно не би сакал другата година да купувам турбина пак. И колата не ми се продава бидеќи имам се живо и диво сменето + сетови гуми, бар за наредните 100.000км. Споделете искуства кој каде репарирал, купил половна и тн :)
Половна имам купено,се покажува добро во овие две години..И јас прашував за тие работи,за репарирање ми бараа 250 евра,и во Струмица има еден што репарира турбовци,а јас најдов половна за 110 евра и ја наместив..
Кога купуваш турбина се гледа во средина на роторот да нема луфта,да биде стегнато камен треба..Тоа со прстот се проверува,се врти и се гледа да нема луфта никаква..Кај мене беше така,и се за сеа немам проблем..
Разликата помеѓу репарирана и половна е дупла..Па ти види си како ти одговара.Кога ќе ја менуваш мора и интеркулерот да го извадиш и да го испереш..
За нова воопшто и да не правиме муабет..
Јас гледав и во Бугарија,на БГ.МОБИЛЕ имаше половни,разликата меѓу тука и таму беше дупло поефтина,незнам зошто..Си имаш извадени турбини,одиш ги проверуваш и тоа е тоа..Пример тука е ако е 200 евра,таму е 100 евра.
 
Член од
22 јануари 2016
Мислења
124
Поени од реакции
61
Конкретно за турбини тука во Скопје бр 1 е Темелко,се наогја во Кисела Вода карши Ино Спектар фабриката ...
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Конкретно за турбини тука во Скопје бр 1 е Темелко,се наогја во Кисела Вода карши Ино Спектар фабриката ...
Ауууу колку само не, темелко во 10 турбини две ќе ги погоди. Во Тетово дечкото дава 6 месеци гаранција и досега сум немал проблеми сите турбини се покажаа одлично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom