Офтопик:
Колку што памтам, Станинов беше директор на УЈП?
Беше директор во УЈП и уште каде не, матно до матно, еве за потсетување, само дел од кариерата на Станинов:
РАСПРЕДЕЛБА НА ПЛАТИ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗВОЈ: 15 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА КАФЕКУВАРКА, 10 ИЛЈАДИ ЗА ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК Заменик директорот во Агенцијата за развој и инвестиции Марјан Ивановски дели плати како во приватна фирма. Документите до кои дојде канал 5, покажуваат скандалозна несоодветност во распределбата на платите.
Ленче Фотевска, вработена во Агенцијата за Развој со Договор за дело, на местото кафе кувар, прима плата од 15 илјади денари.
Сузана Коруновска, вработена со решение во истата Агенција на местото раководител на финансиски сектор, зема плата од 10.400 денари, а нејзината колешка правничка Тања Јанковска 10.800 денари.
Оваа Агенција што според најавите требаше да згасне до Нова година влегува во Буџетот и наредната. По заминувањето на Сашко Станинов, АРИ фунцконира без директор, само со заменикот Ивановски на кого ликот не му го знаеме, оти година и пол не се појавил во јавноста и ги избегнува медиумите. Побаран за коментар околу скандалозните разлики во платите во државна институција, и денеска како многу пати досега, одговорот од таму беше дека е на состанок.
И додека заменик директрот Ивановски состанчи, неговиот претходник Сашко Станинов си прибира кирија од Агенцијата за развој.
Како што веќе објавуваше Канал 5, просториите на Агенцијата се во сопственост на фирмата Тобако лајт, со седиште на улицата Луј Пастер 21, каде што се наоѓа хотелот на Станинов во строгиот центар на градот.
Исто времено, Тобако лајт е и корисник на кредит од Агенцијата што не го враќа, а како хипотека ги приложил токму просториите на Агенција. Извршувањето на хипотеката како што дознаваме е утре, а според извори блиски на екс раководството, се работи за политички мотивирано избрзување со реализацијата на хипотеката. Досега Тобако лајт на име кирија од Агенцијата инкасирала повеќе од 200 илјади евра.
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=1688&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Ако пробуричкаш по интернет, ќе најдеш на куп пикантерии на Станинов, и ? Го прашале од каде толку пари, бизниси и објекти?
Нема ни да го прашаат -ОСТВАРУВАМЕ...
ајде уште малку...
Станинов им давал кредити на свои луѓе за да си купат стан
Кредити добиле Филип Петровски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Петрушева, адвокатка на Станинов, Зоран Витанов, портпарол на СПМ, Весна Борозан, пратеничка на СДСМ
Сашко Станинов, поранешниот директор на Агенцијата за развој и инвестиции, на свои луѓе незаконски им одобрувал кредити за државни станови, обвинува Марјан Ивановски, заменик-директор на Агенцијата, кој дојде на оваа функција од ЛДП. Кредити од 20.000 евра добиле Филип Петровски, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен конзул во САД, кој купил државен стан наменет за млади брачни двојки и самохрани мајки. Меѓу привилегираните била и Соња Петрушева, адвокатката на Станинов, која се јавува како потписник на повеќе договори и анекси што Агенцијата ги склучувала. Таа купила два стана, потврди за "Дневник" заменик-директорот Ивановски.
Станинов ги отфрла обвинувањата од раководството на Агенцијата и вели дека кредитите ги одобрувал Кредитниот одбор, кој бил независно тело.
- Кредитниот одбор одобри 500.000 евра кредити за изградба на станови. Сите што аплицираа за кредит - добија. Најверојатно и Филип Петровски конкурирал за кредит и си купи стан. Соња Петрушева купи само еден стан од 120 квадратни метри, но кредитот не го одобрив јас, туку Кредитниот одбор - изјави Станинов за "Дневник".
Според Ивановски, становите од проектот "Стан за секого" се градат со кредит од тајванската Влада. Затоа незаконски било дел од парите да се даваат како заеми за купување станови.
- Агенцијата за развој и инвестиции не е банка и таа нема обврска никому да дава кредити, особено не од парите што се добиени за градење станови, за што приоритет при купувањето имаат самохраните мајки и младите брачни двојки - вели директорот Ивановски.
Станинов, пак, демантира дека кредити зеле негови пријатели и вели дека заеми добивале и членови на другите политички партии.
- Кредит зедоа и Зоран Витанов, портпаролот на Социјалистичката партија, и Весна Борозан, актуелната пратеничка на СДСМ. За Борозан се уште немам информации дели го доплатила станот, но додека јас бев директор во Агенцијата, таа должеше - вели Станинов.
Во тие згради еден квадратен метар се продава за 670 евра. Меѓу привилегираните е и Ставре Џиков, поранешниот државен јавен обвинител. Станинов тврди дека Џиков не зел кредит, туку си го платил станот во готово.
Дознаваме дека Управата за јавни приходи и МВР прават ревизија на документацијата во Агенцијата поради сомневање дека Станинов потпишувал двојни договори за продажба на станови. Некои од договорите купувачите на станови ги потпишувале со Агенцијата, а други со градежните фирми "Урбан инвест" и "Конартис".
Радмила Јовановиќ
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2130&stID=17181
Не дека имам нешто посебно против Станинов или за Тупурковски, ама очигледно некои работи се наглаасуваат , а други се ставаат под тепих...