Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
-И јас тебе те сакам. -прошепоти. -Мамето твое. Ти си виновна што станав ваков. Вљубен. Требаше да бидеш вакцина ама ми стана болест.
Таа се насмеа.
Седеа на шините недалеку од станицата уште долго, нејзините дланки во неговите, очите вперени еден во друг, насмеани. Полни со љубов. Со живот.
Тоа беше пред неколку дни. А сега... Таа седеше на нејзиниот кревет и зјапаше во последната нивна заедничка слика. Последната негова слика. Тој воз... Иронија. По ѓаволите. Зошто мораше вака да заврши се? Не сакам од него да ми остане само спомен. Не сакам. Не сакам.
Никој не ја праша што сака таа.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Спомен...

Тука на подот, кадешто секогаш се наоѓаше по сите лоши работи. Тука на подот, каде тепихот беше мокар од нејзините солзи. Тука на подот, кадешто секогаш паѓаше и го допираше дното. Тука, каде нејзината душа се распаѓаше.
А сепак, гледаше нагоре, сепак гледаше во таванот и ги замислуваше ѕвездите, летното ветре, танцувањето, дождот, мократа облека...допирот, длабоките погледи и искрата во нејзините очи...
Лежеше, лежеше на подот, додека од крајот на окото се лизгаше една топла солза. Зарем сите тие навраќања назад не ја повредуваа повеќе и повеќе? Не. Никогаш. Не може да боли повеќе. Не може да боли кога душата е растргната на милион парчиња. Душата се распаѓа на милион мали кристалчиња кои лутаат и бараат лепак за да бидат составени...
Тука на подот, сама, со размачкана шминка. Да, тука на подот, кадешто по падот немаше кој да и помогне да стане.
Тука на подот, во својата омилена маица, депресивната музика, чадот од цигарата кој ја исполнуваше просторијата и сеќавањето на едно убаво време.
Сеќавањето кое е единственото нешто што и остана. Носталгијата која ја гуши, барајќи временска машина да се врати назад и среќата која сега е толку далечна, среќата од која остана само еден спомен. И ништо друго.
Тука на подот, со нејзините мисли и со сликите кои постојано се вратат како слајд шоу во нејзината глава.
Не знае веќе дали е ден, дали е ноќ. Времето е ирелевантна димензија. Времето...поминува. Како и се останато. Ништо не е вечно и се тече, се се менува. Освен спомените... и минатото.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Таа ноќ се сети на се`.
На првиот пат кога и пиша.
На првиот пат кога и рече дека му се допаѓа.
На моментот кога започна нивниот детски, невин флерт.
На нивниот прв состанок.
Ноќта кога му кажа: „Земи ме, твоја сум.“
На сите години кои ги поминаа заедно.
На моментот кога тој ја запроси. О, колку беше тогаш среќна!
Но, се сети и на лошите спомени.
Дента кога ја остави пред олтарот. Кога избега со нејзината најдобра другарка. НАЈДОБРА ДРУГАРКА!
Се сети на врнежливата ноќ, кога се пикна во неговата кола.
На жестоката караница.
Таа ноќ, една кола излета од патот.
Се присети јасно на сите детали. Влажната улица, безживотното тело.
Црната парада по градот, последната догорена свеќа на неговиот споменик.
Се сети и на болката, додека седеше над столот.
„Ах, се` се тоа се само мрачни, болни спомени“, рече таа, го бутна столот од под нозете, и остана да виси сред дневната соба од станот на нејзината „најдобра пријателка“.
Една солза замрзна на нејзиниот образ.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Го отвори запрашениот ковчег затрупан длабоко во подрумот.Плашливо го отвори бидејќи не знаеше што се ја чека внатре, со што се ќе се соочи.
По смртта на нејзината мајка тоа беше единственото нешто што и остана од неа.Како аманет на еден начин...
Погледот и застана на еден стар фотоалбум.Почна да го разгледува и солзи започнаа да и се тркалаат по бледото лице...Тајни и многу спомени се криеа во тој прашлив стар дрвен ковчег
Премногу беше млада за се соочи сама со суровиот свет.Иако немаше никаков патоказ, никаква водилка сепак беше помудра и побогата од останатите нејзини врсници.Таа имаше совети и спомени, кои иако болни жежеа на нејзиното младо и кревко срце,ја изградија како здрава личност.Без нив таа не би била таа.
Без спомените си просјак, сиромашен..
Без спомените си ништо...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Спомен

Случајност или нешто повеќе?
Знаеш дека ти си тој што ме натера да не верувам во љубов?
Знаеш дека покрај тебе се замразив себе?
Знаеш дека покрај тебе станав она што не сакав,а не ни очекував?
Дали знаеш дека све пропадна во вода, дека бев едно бесчувствително суштество?
Дали знаеш дека не верував во ништо, а се поради тебе?
Благодарам. "Браво" за тебе или подобро "браво" за мене што ти го дозволив тоа.
И неочекувано, љубопитноста повторно ме одведе кај тебе?
Кој би помислил...
Ми се врати тој тажен спомен, кога покрај тебе не гледав за себе, кога бев толку слепа, кога бев сеуште мала и изгубена која верува во чуда.
Да, тоа бев јас.. далеку од реалноста...
Се врати тој спомен, но ти никогаш.
Не ти дозволив знаеш, не му дозволив на никој воопшто да дојде. Споменот од ден за ден ме уништуваше. Насмевката ми беше вештачка знаеш?
Зошто беше споменот тука? Зошто не ми дозволи да живеам со верба во љубов?
Живеев само со минатото, со тој спомен, во него само верував..
А,сега збогум..
се гледаме на оној свет.


 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Утре ке ти се заблагодарам зошто денес го поминав денот со тебе. Денес седев, сама и морничаво се потсеќав на претходните денови кои како заглавени помеѓу врвците на моите патики стоеа долу пред огледало засмрдени и износени.
Утре ке ти се заблагодарам што денес чекорев по калдрмата, каде што последно ги истурив куферите, куферите преполни со празнина, празнина која го исполнуваше секој можен момент во бездната низ која заглавено поминувавме во текот на нашето патешествие, сами но на некој необичен начин среќни.
Денес, се гледав и во огледало исто така. Гледав сивило. Сива маска. Сива восочна маска која едвај чека да се растопи... Кој не и дозволува? Повторно помислив на тебе, несакајќи, непромислено. Како ветар ми помина твоето име низ мојава шуплина, кој за миг ги преврти сите органи наопаку, а на маската се појави една розова точка која за миг загина. Ветрот ја однесе. Сакав и мене ветрот да ме однеси.
Утре ќе сфатам дека живеам во спомени. Односно живеам со фактот дека живеам во спомени. Секој нов спомен, секој млад спомен потребен мене и на моево тело е незаприметен. Се, се заради тебе.
Нека ми се стопи маскава... нека ми се стопи...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Спомен: предметно или беспредметно асоцирање на посебна особа или посебно чувство.
Спомен: сеопфатно асоцирање на тебе...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Огледалото даваше слика на жена во години , доста одржана ,негувана и сериозна. Мислите и се вратија на малото девојче на кое меѓу очите му се назираше една попречна брчка . Беше постојано намрштена ,се нешто и фалеше и не беше задоволна од се.За себе сметаше дека не е убава а и дека е лоша. Еден ден ,за причината не се ни сеќаваше се насмеа гласно и од срце ,во близина беше дедои ,о малечка па ти си знаела да се смееш ,боже па ти си многу убава кога се смееш, зошто почесто не го правиш тоа ? Можеби овој спомен е ништо во однос на многу други нешта што и се случуваа во животот но го запамети по тоа што од тој ден навистина нешто се промени во неа, а и животот доби сосема поинаков ток.Погледот и се врати кон огледалото , се насмеа, да навистина лицето и блесна и покрај годините од огледалото ја гледаше убава жена.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Солзат моите очи не од тага или од жал туку од пеколното жешко пустинско сонце. Дувна ветар песочна бура, песокот со својата острина го нагризува моето лице.
Слези од коњот брате, засолни го, гревота е за животното, ниту тоа не можи да ги издржи тие маки и искушенија на кои се ставаш ти.
Го послушав братот Алојз постар е, поискусен и поумен од мене е. Темна пештера со оган на средина, се готви ручек.
Седи брате, седи ќе ручаме уште малку, нема потреба од стража надвор, никој жив по ова време не се движи сите се засолнети. Братот Стефан секогаш позитивен е, и секогаш позитивно гледа на работите, се насмевна додека ги изговараше тие зборови.
Пештера, оган, ручек, одмор...
Спомен од тоа ми се само лузните во моите очи...
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Деницата ти најувува дека е крај,не ја проколнуваш ја љубиш. Ја посакуваш Месечината, ненаситно уживаш во нејзината убавина, ама зората е проклето неодолова. Не знаеш зошто уживаш во допирот на светлината кога си се молел таа да се одложи.
Луѓето не секогаш го прават тоа што го сакаат. Некогаш повеќе уживаш во посакувањето.
Ноќта е најубав спомен.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Зарем ќе ја омекне половина литар миризливо масло таа погана кожа, зарем ќе успеат четиристотините милилитри шампон со кој лудо и со гадење се полеваше да ја измијат? Дали екстрактот од мошус, може да продре и низ артериите, може ли да ги прочисти вените?
Сака да биде сигурна дека ја измила болката од себеси, но различни виуги од мозокот се поврзуваат преку затнати цевчиња со нејзините органи. Отруена е. Не плаче, затоа што солзите не се за курви. Далеку, таму на крајот од спомените, соматското станува физичко, но по основа на Њутновиот Закон, енергијата се претвора повторно во соматска. Не вредат капките вода кои ги мијат плунките на двајцата нив, од нејзиното тело... Her skin is like a map, of where her heart has been. Добра е, Тајван ќе ја заштити.
Среќа, не се тројца.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Крлежи кои се хранат со мртво месо и те убедуваат дека зомбито е живо, каса и го гледаш во огледалото.
Прикачени со пипците врз распаднатата материја, која само ти ја одржуваш во живот, цицаат од трулежот на се што некогаш вгнездило здив на срам, страв и бол во товојот живот.
Тие растат, ти ги храниш и се смалуваш. На крај, ќе останат само тие и месото на одамна мртвите привиди без здив. Ништо друго нема да видиш во огледалото на светот.

Докрајчи го зомбито. Потсети се дека е мртво...и крлежите сами ќе се исушат, спомените ќе се осветлат, а огледалото ќе го покаже детето кое се радува на падот кој оставил лузни на колената, затоа што му покажал како да не ги разрани пак.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Една мала девојка во црн фустан се смееше. А потоа се расплака.


Не сакам да го пронајдат. Сакам да плови со водата, да се стопи, да се спои со неа. Душата му ја зема ветрот што мине над неа, а шепотот, меурчињата без смисла, да останат заробени во водата.

Стоевме на брегот сите, како црни стреи со стегнати столбови, стоевме а знаевме.
Сите стоевме на бреговите, секој ден, мирни и миризливи како млади борови, а знаевме.
Низ дождот удираа исечоци од спомени, и се лепеа по образите нивните пожолтени страници, а ако пробаш да ги оттргнеш и убаво да ги прочиташ, дождот ја растопува хартијата сосема. Подобро е да ги оставам залепени. Спомен. Преклопување на листови хартија.
Смеј се додека го читаш ова, зашто јас не можам. Но ти би се насмевнал и би растегнал две три самогласки за да искажеш почит.




Водата молчи. Водата која дава живот, водата која чисти отрови, водата што го усмртува телото кое е презатруено.


Ќе се видиме, пријателе.

Мирно почивај во ветрот...
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Тоа што косата и беше фатена високо во кок, а усните и мирисаа на утринското кафе, не го менуваше фактот дека таа е иста. Да, и денес ќе излезе на терасата, ќе ги чита филозофиите на западњаците, ќе се воодушеви, ќе се согласи, поверојатно ќе ги негира, и на крај се запраша зошто истокот секогаш и бил поинтересен. Колку е светот суров. Заглавуваш во една монотонија која ти станува дел од индентитетот. Уживаш во зеленилото кое го гледаш преку терасата, во мирисот, звукот кој го одаваат дрвјата, а знаеш дека пропушташ толку работи.Веќе одамна си престанал да мечтаеш по Париз. Можеби ќе ти се насмее некогаш среќата, но дотогаш ќе уживам во оваа глетка, луѓето со мали очекувања никогаш не се разочаруваат.
По милионити пат се помири со тоа што нема да може да ја потпре ногата на работната маса заради тастатурата и ќе мора да се задоволи со свиткување на столот. Колку е светот суров. Се што сакаш е да си степски волк, а сепак си ласкаш кога луѓето повторно ќе го свртат погледот накај тебе. Секако дека тој спомен од нивните очи врз твоето тело нема да им остане во долго сеќавање, ама тебе секако дека ќе ти биде мило. Сфаќаш дека залудно мечтаеш по волкот, градот ти влегол под кожа и ти прилично уживаш во негово малограѓанство.
Што мудро има да му каже на светот една пупка која што се што треба да прави е да впива. Како да живее со тоа дека животот е премногу краток за да правиме го правиме тоа што не сакаме, кога таа е толку навикната на тоа. Биди умна, секако дека ќе биде. Најлесна работа на светот е тоа. Како што и е најлесна работа да хиперболизира се околу неа.
Будалесто девојче, еден ден ќе се смееш на овој спомен...
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Светлина продира низ дупката на бравата се наведнувам да видам вратата. Тргнувам да погледнам,се наведнувам главата ми е преполна со прашања
Што има таму? Дали е тоа таа која ја чекам? Дали е тоа нејзината млечно бела кожа?
Дали е тоа нејзината долга црна бујна коса? Дали се тоа очите нејзини полни со разбирање и љубов ....Дали е она ?Да таа е ..ја отворам вратата ништо само нејзиниот мирис во собата.
Не, тоа се само спомени.
Спомени на оние одамна заминати, на оние кои оставиле печат оживуваат одвреме навреме од другата страна на вратата, да не потсетат кои сме биле ,кои сме сакале .....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom