Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Под мојот чадор нема место за никого. Сам висам под него, додека капките дожд се одбиваат од него. Се цедат околу мене, а јас сум сув. Се пробивам низ густата завеса од ладни капки. Минувам низ твојата улица со мојот црн чадор. Застанав под твојот прозорец, се поткачив за да те видам. Но тебе те нема. На заледениот прозорец почнав да те цртам. Со прстот ти нацртав глава и очи. Но, како да ја нацртам твојата уста? Затоа само се приближив и го бакнав замрзнатото стакло. Низ твоите очи ја видов само празната соба.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Среќна Нова година на сите.
Нова година, нова тема.

Полетуваме, старт... „На друга планета“
 
Член од
9 август 2014
Мислења
22
Поени од реакции
31
Мал Принцу, да, јас бев единствената ружа на твојата планета што ја сакаше и штитеше будно и постојано. Како во книгата...Но, не знаеше дека бев див трн што успева да цвета без многу нега. Ми пречеше твоето ѕиркање до каде сум и како раснам. Ме поплави со вода. Ми беше незгодно од окото под стаклото. Ти го вртев грбот, иако знаев дека цвеќето нема грб. Ме болеше твојот допир на моите листови, па затоа почнав да те боцкам и да се бранам. Еден ден, толку силно те боцнав, што се откорнав. Отсекогаш знаев дека местото ми е на друга планета. Не да бидам единствена, не да бидам разгалена...Но, да бидам своја, разлистана и расцветана како што ме создала мојата Природа. Можеби така ми е сега. На оваа планета ми е убаво. До мене е силен даб кој знае што е сила и мудрост. Неколку мои чатали веќе се многу блиску до него. Овде сонцето не е толку силно како на твојата планета. Но, топлината ми одговара. Подобро разлистувам. Јас сум овде убава. Себично од мене, ќе речеш...Но, мислев ги прочита правилата за моето одгледување...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Момент до тебе -
на друга планета сум!
Ти - пак далечна.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Ripples of light, waves shed from a welcoming sun caress my face. Each impulse is more relaxing than the one before, generating a perfect increment of nostalgia - soothing satisfaction.
Desire is dripping from every pore in my body, as if it’s desperately reaching out, begging to be embraced by a motherly touch.


It has been some time. An unanchored ship I have been, carelessly drifting across on my voyage, trying to run back home from an unknown planet. For the first time I traversed the uncharted.
The moment I blasted open the doors of my imagination chambers, I stepped into a world molded by malice. I resented it, I despised every square inch of it.
But mostly, I was afraid.
This is where monsters dwell. Cruel, relentless Krakens which could tear down the hull of any cruiser
that dared to cross their paths. Shady, hypocritical figures that hum you to sleep with their angelic hymn only to brutally spill your intestines and smear them across your confounded, questioning face.
The tree of liberty is constantly refreshed with the blood of the innocents. Of children who spend their days huddled in dark alleyways while the echoes of freedom and democracy are tearing their homes apart. Their charred bodies is the price this world pays to feel safe.
It is a litany of blood and betrayal. The most horrifying kind of novel you will ever live to see.
A world so different than mine, marked by the indomitable spirit of human cruelty.


I am unable to break free of its gravitational pull. The well of madness draws me in, subduing my will to go on as I am forevermore ambling towards the Eye of the Storm.
Our own personal singularity of pure terror.
There’s no way out of this hell. There is no way out.
 
Последно уредено:

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Би заминал. Онака без збор, без поглед назад, без ништо. Би заминал. Храбар, како победник. Зошто ? Не би дал одговор. Ме учеа несакајки дека тишината е најдобар одговор. Па ете така и ќе постапам. Ќутам. Сакам да одам, и одам ама без сила, залудно. Каде отиде силата? Каде ?? И ете повторно ќутам. Раните се тие кој си го земаат долгот, ја земаат силата. Сакам да одам. Ми рекоа дека таму е се добро, се нормално и среќно. И како сојузник на раните мислите ме спречуваат, а сакам. Крстопатот е пред мене, таму или ваму. Го симнувам ранецот подготвен за таму. Полн е. Полн со црнило. Беда. Несакајќи се завртив, несакајќи те видов, несакајќи успеав ! И тргнав. Но сега посилен, појак и за чудо поуверен. Но не ми тежи повеќе ранецот, не ме заслепува црнилото и ја нема бедата. Една добра книга ме научи " неможеш да погодиш ако не намериш " а јас право во метата. Право кон тебе. Не те запрашав зошто, зошто знаев кој ќе биде одговорот. Тишина. И ете тука сме јас и ти. Тука сме јас ранет а ти лекот. Тука сме далеку од се. Далеку од патот по кој тргнав. Далеку од другата планета каде е се добро, нормално и среќно. Толку далеку на друга планета каде што се е уште подобро, понормално и посреќно а те има и тебе. Ете толку далеку.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Седам и гледам, не знам ни каде........ не знам ни зошто. Хоризонтот се спобудалил во оваа приквечерина. Како да голта се' што ќе најде пред себе. Голта и облаци и птици, па и луѓе голта, како да нема јадено со денови. И тука некаде сонцево се капи во крвови небаре е новороденче, туку извадено од мајчината му утроба, али некаго, заслужува. Денес цел ден грееше од лутина кон утринската магла. Му праќам абер по ветров, го поздравувам, али не ме рецка. На крајот на краиштата со што да го заслужив неговото внимание?! Во што сум јас посебен од овие останати милијарди луѓе?!

Животот беше милослив и ми подари нешто повеќе од 20-тина години..........а јас нему? Се чувствувам ко борчлија, ко некој што должи, а нема со што да врати, ниту па од некој да се позајми. Млад сум. Знам дека младоста е како првите мисли кои и не се така мудри. Се чувствувам ко Коперник без телескоп. Дали сум разумен? Дали сум логичен? Не знам и не е битно.
Го чекам затемнетото огледало над мене, да го видам бојазливиот ми поглед, таму некаде меѓу нацртаните ѕвезди. Kaко помал ми велеа дека со секоја смрт, по една ѕвезда паѓа. Блиските ми заминуваат, еден по еден. Со суперсонична брзина испаруваат, небаре стојат во близина на Црна Дупка, која едвај чека да ги вшмука во себе. Ќе ги видам ли некогаш, или никогаш?

На моменти ме нервира она пресечено парче сирење кое стои најголемо од сите. Месечина ја викаат, и секогаш е со тажен сурат, како да и таа жали по оние ѕвездички што згаснуваат. Куро ми жали, куро ми разбира.......џабе ја анализирам.

Како помал мислев дека кога умира човекот, завлегува во некој сон кој нема крај. Сестра ми ми го руши филмот кога ми кажа дека и мозокот умира...........а со тоа и сонот умира со смртта. И додека седам на оваа карпа и гледам таму не каде, не знам ни каде, не знам ни зошто, си ја планирам староста, онака во години, во денови, со внуци. Чинам смртта ја закопав под земја, да се мачи, да гребе, да пробува да се пробие над земја. А пак кога ќе излезе, таа ќе ме закопа мене.

На некоја друга планета, луѓето биле осудени на бесмртност во вечен сон. Што ли ќе сонуваат до недоглед? Таа планета е скроена токму ко за мене. Ја впива онаа мисла од претходно, и дава една поинаква димензија, и дава реализација. Но дали вреди таа друга планета, и дали сонот може да ги пружи сите оние убавини и задоволства, кои знаат да ја истиснат болката и тагата, тука, на овој ретардиран, смешен свет.

На крајот на краиштата секоја новина е само заборав. Па така е некако и со смртта. Оваа летаргија, ова трескавично бунило ми го погреба мирот. Ќе легнам, да отпочинам малку.....долга е ноќта......не се брзам никаде, а најмалку за кај онаа друга планета....ќе бидам тивок како гроб, без да кажам ниту еден збор...
 
Последно уредено:
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
146
„На друга планета“
Имаше таа свои светови,
свое засолниште и бегство од светот,
имаше таа свои стравови
и доволно храброст за да ги надмине.
Го имаше него,
своја поддршка и извор на среќа,
го имаше него
и ништо друго не ѝ беше важно.
Имаше таа скршена насмевка,
но сјај во очите,
имаше таа скршени кријла,
но сепак умееше да лета.
Го имаше него,
за кого претставуваше цел свет,
го имаше него
на кому му викаше: „Ајде да одиме на друга планета“.
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Не дома, туку долу, на другата планета.
Таа темна, валкана, ладна, влажна, омразена планета.
Некои таму стигнуваа од нивниот кревет, моментите пред да заспијат, некои беа турнати таму од нивните блиски и оние кои се преставуваа како пријатели.

Многу души лутаат изгубени овде ! - Со овие зборови ги пречекуваше Сотир, самопрогласениот чувар.

Што чуваш будало ? Таму одат само изгубените, нив не им треба чувар, нив им треба љубов и желба, само тие можат да ги спасат.

Самите себеси ќе се изедат ако не сум овде. - тоа беше неговиот одговор.

Планетата ја имаше таа моќ, можеше да ти ја престави лагата како вистина, црнилата како светлина, љубовта како омраза, среќата како глупост.
Уживаше во таа моќ, уживаше како што мршојадец ужива во мршата.

Таму беше толку сташно што и најхрабрите полудуваа, потклекнуваа, пробуваа да се извлечат со помош на неморал, нечовечност.
Чумки тоа ќе и се допадне и ќе ги ослободи, но не знаеја дека за да си одиш од таму треба само да се отвориш, да ја подадеш раката и да ја прифатиш госпоѓата, и све што таа преставува.
Таа имаше моќ да го осветли и најтемното ќоше, таа никогаш не ги оставаше тие што сакаат да си одат, секогаш беше тука да помогне, секогаш.

Некои ја оставаја својата гордост и глупавост на страна и ја прифаќаја нејзината љубов и помош, додека останатите лутаа изгубено све до нивниот крај.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Девојчето што создаваше други планети
Милка беше мало слатко девојче со пегаво лице, шпртасто носе, ситни запчиња со кариес на двојката, исто онакво девојче какво што можете да прочитате во романите на Славко Јаневски или пак да погледнете во реклама на некоја супа или пак месна индустрија каде што среќно семејство се собираат на неделен ручек додека од отворените прозори се гледаат средениот тревник, двор, таткото во небесна сина кошула и каки пантоломи, мајка со тиролка и коса врзана во шнола, додека братчето носи топка со себе и зад нив трча некој бел лабрадор или ретривер само плус таа што имаше кариес на двојката, но мама и кажа дека кога ќе и се сменат млечните запчиња ќе има најубави запчиња на цел свет.
Се што е ви кажам и напишам за Милка нема да биде интересно од причина што беше апсолутно обично девојченце и само една работа ја издвојуваше од останатите.

Милка кога ќе се затвореше во својот плакар умееше да создава нови и поинакви планети.
Таа ги затнуваше силно ушите со малите рачиња, замижуваше и си замислуваше дека прво создава рамна површина, па на неа создаваше планина, некогаш море или пак река.
И некаде таму далеку во некоја друга галаксија поинаква од Млечен Пат изникнуваше нова планета, токму по теркот на Милка.

Кога ќе направеше планина, река, небо, дрвја таа создаваше и животни кои не секогаш беа исти како на нејзината планета.
Сите животни беа мирни и не се караа меѓу себе, туку си разговараа и најчесто се шегуваа за новиот изглед.
Таа создаваше магаре кое имаше изглед на срнче и беше многу слатко, потоа кучиња кои личат на пони и пасат трева, розови еднорози како од сликовници.
Па имаше и ружи кои растат на дрво, па јагоди кои изгледаат како јаболка, дури имаше и палачинки кои можат да се соберат како пиперки.
Некои беа и со нутела од нив.
Во таа планета животните имаа дар да зборуваат и Милка седнуваше покрај новосоздаденото море, езеро, река и разговараше до бескрај со нив.
Една работа беше чудна, а тоа е што Милка не создаваше воопшто луѓе на новата планета и не беше расположена за другарки или пак другари да влезат во нејзината тајна.

Таму имаше место за се' останато освен за луѓе.

Но другите планети што Милка ги создаваше секогаш беа уништувани и Милка секогаш со плачење и со многу жал го доживуваше тоа.

Најчесто се унишуваа со земјотрес и таа гледаше одозгора како умираат и се уништуваат во тој земјотрес сите тие животни, растенија и се уништуваат тие луна паркови, езерца и останато.
Некогаш имаше и поплава, некогаш се случуваше и едноставно да исчезнат.
Но секогаш тие катаклизми завршуваа со нејзино хистерично плачење во плакарот каде што ги создаваше.

Тогаш едноставно нејзината мајка или татко ја вадеше надвор и таа можеше да го слушне разговорот кои го прават меѓу себе.



- Не можеме повеќе вака да продолжиме!
- Знам, ниту пак сакам и јас да продолжиме вака!
- Љубовта одамна ни е згасната и имаме кавги скоро преку еден ден!
- Не знам што да правиме, најверојатно е најдобро да се разделиме!
- Помисли на Милка која што треба да живее со еден родител!
- Помислувам на неа секој ден, и тоа е причината што не сум уште иселена од оваа куќа!
- Па ти си таа што ги започнува кавгите секој ден!
- Што?!!! Јас сум сега виновна за се!!!
- А, кој е тогаш?!!! Само јас!!!
-Прекини!!! Заминувам!!!
-Оди се бе!!! Кој те запира!!!
-Ќе ја земам и Милка со мене!!!
-Е за тоа ќе видиме!!!
-Гледаш дегену, одново избега Милка и се заклучи во плакарот.
-Ајде да ја извадиме од таму.
-Знаеш како плачи секогаш кога ќе се обидиме да го отвориме плакарот.
- Чудна е, кога се караме воопшто не пушта глас како да е на друга планета тогаш, а кога ќе се обидеме со мирно да ја извлечеме од плакарот тогаш писка на цел глас.
-Милка...Милка ајде излези мамичке...Готово не викаме повеќе, еве и тато те вика да излезеш...Милка, ајде татичко, ајде излези, ама не плачи ти...Милка...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
@Вокерка темава остана пола година:D

Иначе еве нешто и од мене.........:)



Така сам, буткајќи се низ големата гужва од луѓе се обидувам да стигнам до посакуваното место, цел и време.

По бурната ноќ исполнета со лоши сонови, се будам, станувам и го земам телефонот. Се уклучувам на Кајгана форум, гледам што има ново и потоа ги ставам слушалките на уши. Слушајќи музика одам во ВеЦе, мијам заби и средувајќи се му го поставувам стартот на моето утро. Отварајќи го фрижидерот го барам мојот избор кој ќе ме исполни со енергија.

Излегувам од дома, дотеран и среден, за да оставам добар впечаток кај луѓето. Од самото излегување сфаќам дека почнувам да ги правам работите кои не ги сакам, додека работите кои ги сакам се некаде далеку во иднината. Се соочувам со лошите комшии и луѓе кои минуваат покрај тебе, само за да те потсетат дека постојат и да те потсетат колку се само небитни. Но сфаќаш дека не смее никој да ти го уништи поттикот за остварување на целта и продолжуваш.

Стигаш на работа и ги гледаш сите колеги. Го здогледуваш вештачкиот муабет со лицемерни луѓе кои се потопени во лошата напумпана атмосфера, па од што мораш, го продолжуваш. Сфаќаш дека ја работиш работата која не ти нуди плата за уживање, туку ти нуди плата за опстанок и плата за колку толку да ја потстиснеш за во иднина, за да оствариш некоја твоја цел.

Се чувствуваш како самец меѓу колегите, затоа што не си навикнат да бидеш дволичен и лицемерен. Го здогледуваш газдата, заменик директорите и менаџерите. Луѓе кои стигнале до таа позиција, но прашање е дали воопшто припаѓаат на таа позиција. Сфаќаш дека колку и да се трудиш, повторно има нешто за да те сопне, додека некој без пречка минува низ својата кариера и живот. Но повторно не се откажуваш, се потсеќаш на неостварените цели, ја слушаш песната која те поткрева и продолжуваш.

Се решаваш да тргнеш кон дома. По улицата гледаш секакви луѓе........, од културни, до секаква сељачана која сака да ти наштети. За да не влезеш во никаков проблем се правиш дека не ги гледаш и продолжуваш.

Стигаш дома со надеж дека ќе го осетиш твојот топол и безбеден дом, но всушност здогледуваш место на кое често владее некој проблем, дали од загрозеноста на работното место, дали од немањето пари, дали од здравствените проблеми......... и повторно сфаќаш дека не живееш онака како што сакаш.

Доаѓа време за спиење. Ги ставам слушалките на уши и ја слушам песната која ме поткрева, додека си ги мијам забите и лицето. Пред да си легнам му се помолувам на Господ, Христа и на светците за најпрво да имаме здравје и среќа, па потоа и се останато, но да биде повторно се добро.

Потоа легнувам во мојот кревет и одеднаш заминувам со мислите на друга планета. На планета на која се сместени моите мисли, т.е. неостварени цели, кои се поттикот за продолжување во животот. Тогаш сфаќам дека тој пат никој неможе да ми го спречи и веднаш ми се полнат батериите. Потоа мислејќи си на убавите работи сместени на другата планета заспивам, а следниот ден повторно истото..............., се додека не стапнам вистински на другата планета.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
- Не, не можам да го сторам тоа. - вриштеше во себе, се кинеше и разјадуваше од внатре. Не можеше ништо против таквите чувства, немаше сили да ѝ признае, поради нејзиниот Поглед како на срна тоа едноставно беше невозможно.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Има една единствена клупа на кејот од нашето езеро на која случајно, после толку долго време се сретнуваат другари од детството. Едниот од нив не е нешто висок, но има подолга, виткана коса и секогаш кога сака да кивне, ја врзува во репче, но другиот не го знае тоа. Всушност, никој не знае. Другиот младич често се прашува зошто никој не се качил на месечината повторно, но не сака да признае дека го мачи тоа прашање.
Но, двајцата имаат желба да дознаат во што прераснал другиот затоа што одамна не се сретнале, а искрено и не си недостигале нешто посебно. Младичот со виткана коса особено гордо потенцира дека е емотивно осакатена личност и на почетокот на секоја врска на девојките им вели дека е тежок човек за сакање и која навистина ќе го трпи таквиот карактер без емоции, нели?
Другиот младич кимнува со главата и гледа во брановите како се прекршуваат.
Младичот со виткана коса исто така, откако ја развејува косата лево десно и поминува со рацете по неа, кажува дека синоќа испил толку шишиња пиво, што ако ги нареди едно над друго ќе бидат високи колку него. Здивнува за миг и нешто пцуе за политичката состојба во државата или некој споменик, ја чеша брадата и мрмори за девојката со која завршил во една дождлива ноќ во Карпош 2, кажува дека имала поглед како на срна, или што би рекла неговата прапрабаба - има телешки очи, девојката со кафеави очи има телешки очи! Се возбудува и го брише челото, повторно продолжува, но овој пат зборува побрзо од претходно.
Мозокот ми е хаос, продолжува младичот со виткана коса, многу сум луд, и во лудоста ја одбележувам мојата одбивност кон светот и луѓето.
Сфати ли од ова дека сум поинаков?, прашува младичот со виткана коса. Другиот младич потврдува и продолжува да гледа бранови.
Кажи ми сега нешто за тебе, вели тој, што се случува со тебе? Ах, бранови. Колку мразам бранови.
Другиот младич ги набљудува брановите и со исчезнувањето на последниот бран, објавува дека ова е последниот ден од неговиот живот.
- Мојата девојка има многу убав фустан. Со него, ненаметливо ја наговестува мојата смрт.

Никој од нив не забележа дека два лебеди се нишаа на брановите. Не знам дали лебедите испуштаат звук од задоволство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom