Тука коментираме книги

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Сега, додека гледам, сфаќам на што алудираше Ненад. Емисијава е ко партија тенис со маса за пинг понг на средина од теренот, и фудбалска топка наместо тениско топче. Човеков сака 3 сосема различни теми да ги вметне во 1 емисија со тројца гости кои немаат ништо заедничко, освен што се луѓе и на различен начин поврзани со книжевноста. Бар до таму кај што сум стигнат, се чувствувам ко да гледам 3 различни емисии монтирани во една. А да не зборам тоа што водителот изгледа ко неупатен во ни една од трите теми. Овој ако една книга прочитал во животот, јас харикири ќе направам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073

Одлична споредба. Новинарот е лаик на ова поле, нему повеќе му лежи улогата на водител во емисијата За животот.
Пробаа нешто да најдат заедничко, но некако тоа брзо го пронајдоа, за да после цела вечер да играат пинг-понг. Сите тројца имаат колку толку некакво искуство и мислам дека требаше посебна емисија за секого, вака еден тера накај еден крај, друг на друг. Мислам дека е грешка само на телевизијата што ги викна заедно.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Водителот ни на саем бил, ни на Фросина книгата ѝ ја прочитал (дури и името ѝ го утна), ни врска има од тоа кога и како е застапена книжевноста во формалното образование. Но, сето ова на страна, врвот беше кога сериозно постави прашање - Како се станува светски познат писател?

Дури на моменти се чувствува дека на гостите им е незгодно да одговараат на прашањата од што им се глупи.

Не знам што точно бил коментарот на Ненад ама по ова што читам од вас сигурно дека е во право.

Убаво е да има вакви емисии и гостите се супер компетентни, штета што немаше концепт да се направи тоа ко што треба.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Морав да го продолжам муабетот од темата за Саемот некаде, а оваа тема ми делува како најдобра за генерална дискусија околу книжевноста, па ајде тука:

Сега, додека гледам, сфаќам на што алудираше Ненад. Емисијава е ко партија тенис со маса за пинг понг на средина од теренот, и фудбалска топка наместо тениско топче. Човеков сака 3 сосема различни теми да ги вметне во 1 емисија со тројца гости кои немаат ништо заедничко, освен што се луѓе и на различен начин поврзани со книжевноста. Бар до таму кај што сум стигнат, се чувствувам ко да гледам 3 различни емисии монтирани во една. А да не зборам тоа што водителот изгледа ко неупатен во ни една од трите теми. Овој ако една книга прочитал во животот, јас харикири ќе направам.
Во емисијата беше наметнат ставот дека тука, кај нас ни се сервирала книжевност од Србија и истата била помпезно промовирана, додека нашите автори не биле застапени таму, т.е. не биле преведени на српски јазик и затоа никој не знаел за нив. Одговорот на Саздов беше дека ние сме биле помала земја, и дека не сме биле тие кои наметнувале нешто, туку нам секогаш ни било нешто наметнато. Јас не би се согласил со тоа. Да го оставиме на страна фактот што навистина мал број на наши автори се преведени на странски јазици. Проблемот за тоа лежи во малиот пазар кај нас и непостоењето на големи издавачки куќи како едни Лагуна или Вулкан во Србија кои навистина вложуваат многу. Вложувањето е во смисла на професионализам при промовирањето на нивните изданија - тие имаат продажни агенти, и луѓе кои се грижат за дел од нивните автори да бидат промовирани во странство и издадени на други јазици. Кај нас тоа го нема. Убаво рече Фросина - нам не ни фалат мецени, ни фалат агенти, зашто кај нас таа работа ја работат или издавачите, или самите автори, и невозможно е да се постигне се. Да се вратам на мислата: да се задржиме само на оние автори кои се преведени на странски јазици, ете, да земеме - српски. Одиме по ред:

Едно дело кое навистина последниве години направи бум кај нас е збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Мислам дека истата доживеа 5 или 6 изданија кај нас, што се околу 2500 продадени примероци, што за наши услови не е воопшто мала бројка. Истата беше објавена и на српски. Отворив goodreads за да проверам нешто, и се запрепастив кога видов дека соодносот помеѓу коментари на српски и коментари на македонски за истата книга е 39:7, ако избројав точно. Да, Србија е навистина поголема држава, има повеќе жители, но кај нив збирката раскази немаше 5 изданија и што е уште поинтересно - не е нивна, туку е преведено дело од за нив странски автор. А гледате колку нив повеќе ги поттикнало да пишуваат за неа, отколку нам, иако е наша.

Втора таква книга, со сооднос 36:5 (36 коментари од странски читатели, а само 5 од наши) е романот „Резервен живот“ на Лидија Димковска, кој, со оглед на тоа што ја зеде наградата за литература на Европската унија, беше објавен на повеќе јазици и во многу земји од Европската унија. И истиот поттикнал 7 пати повеќе од тие, странските читатели, отколку од нашите, да напишат некаков коментар.

Заклучок од ова, може малку е банално да се изведе, но кога би можел нешто да срочам, вака би изгледало:

1. Или ние немаме развиена читачка култура;
2. или не ги почитуваме доволно своите автори, и нашата книжевност, на сметка на туѓата.

Или, што е уште пострашно, а за што верувам дека сум повеќе во право:

3. кај нас луѓето не читаат зашто сакаат да читаат, туку само земаат книга в раце за да бидат видени дека божем читаат. Ете, најпрост пример за тоа се тие групите по фејсбук на кои се натпреваруваат кој полична слика од книга со јорговани или кафе до неа ќе објави, неважно каква е содржината на книгата, зашто сигурно никој кој ја сликал нема да ја прочита. И по можност, книгата да е со што пошарена и посветкава корица, или со некој полугол мускулест маж сликан нагоре или полуголи нозе на некоја девојка на штикли, сликана надолу, на корицата. Баш се пошегував со една пријателка на саем, велејќи и - јас таквите штандови и таквите книги со толку шарени корици со „све ми боје лепо стоје“, ги одбегнувам.

Е сега и јас ко Мишко, на крај 500 теми начнав, но веројатно ќе сфатите што сакав да кажам. :coffee:
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Мислењата од Саем на книгата поврзани со емисијата на ТВ24 се преместени во оваа тема.
 
How about all the three?
Едното оди со другото, кое се поврзува со третото.

Апропо шарени корици, чик-лит, евтин принт, многумина од нас почнале токму од оваа појдовна точка. Се залетале по таквите книги како комплетни дудуци во книжевноста... и? Ме чуди еве како не им се појавила одредена желба да сменат малку од тој шаблон, да истражат надвор, да пробаат ако ништо друго. Само малце. Доволно е и тоа. Ама по се изгледа, „немаат време“ да се замараат со таков спорт, и како што ти рече - читаат за да имаат некаков заеднички муабет меѓу рајата која истото го чита и не мрднала со прст понатака.
Мислам дека со Руми, Фросе, Лидија, па и Петар и Игор малце почна да се раѓа љубопитноста за нашиве нови автори. Но ова се уште бебешки чекори.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Мислам дека со Руми, Фросе, Лидија, па и Петар и Игор малце почна да се раѓа љубопитноста за нашиве нови автори.
И Давор. Давор мене ми е во ТОП 3! А Лидија, најискрено, не би ја сместил во оваа генерација, туку како предвесник на неа, заедно со Гоце Смилески и малку постарите од нив Венко Андоновски, Ермис Лафазановски па до Александар Прокопиев и Драги Михајловски. Или, некако на овој начин би ги поделил: се она што е родено по војната, до 1975 - некоја средна генерација автори, се помладо - нова генерација.
 
Член од
14 јуни 2018
Мислења
77
Поени од реакции
36
Дечки, да ве прашам за „Дијанетика“ книгата на Хабард. Вреди да се почне да се чита или е некоја глупост тешка?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Во која смисла? Мене ме сретнаа на Саем, ме убедуваа. Јас ја имам дома книгата, ама така стои ..
Тоа книгата им е основа на сектата наречена црква на Скиентологија. Псеудонаука за “ментално здравје” без никакви докази или основи во медицината измислена од Хабард.

Да не ти стои залудно можеш да ја искористиш како потпала ако имаш шпорет на дрва.
 
Член од
14 јуни 2018
Мислења
77
Поени од реакции
36
Тоа книгата им е основа на сектата наречена црква на Скиентологија. Псеудонаука за “ментално здравје” без никакви докази или основи во медицината измислена од Хабард.

Да не ти стои залудно можеш да ја искористиш како потпала ако имаш шпорет на дрва.
Ти благодарам. Ќе си направам авиончиња од страниците на книгата
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Всушност, за вкусовите треба (нај)многу да се расправа, а такви расправи, околу вкусовите, најчесто ги избегнуваат оние кои се горе-долу свесни дека нивниот вкус неретко е = :гомце: . И тогаш она дека за вкусови не се расправа звучи супер.
Зависи за каков „вкус" се зборува.

„За вкусови не се расправа" е валиден исказ во друг контекст. На пример, јас сакам сајберпанк, а ти нејќеш. Мене ми се свиѓаат тие естетски елементи, тие теми итн. Тебе не те привлекуваат, немаш ништо против нив, но не се „your cup of tea". Не е сајберпанкот добар или лош. Во рамките на тој поджанр има квалитетни литературни творби, а има и ѓубре. Од тој аспект, дискусијата за тоа дали сајберпанкот е добар/лош е комплетно бескорисна зашто е прашање на естетски вкус.

Е сеа, да речеме дека и двајцата сакаме сајберпанк и фатиме да ги дискутираме Дик, Стивенсон, Гибсон и остала банда и ја ти кажам дека Гибсон е сто пути боље писател од Дик, а ти го тврдиш спротивното. Тогаш не станува збор за вкус, туку ја тресам глупости. На тоа ниво може да се дискутира пообјективно во некоја мера. Ама и тоа е зафркнато бидејќи сосема е можно мене да ми е јасно дека Дик е подобар според многубројни критериуми, но да го преферирам треш стилот на Гибсон. На пример мене ми е јасно зошто Толстој бил ненормално добар писател, но неговиот стил на пишување не ми се допаѓа како што ми се допаѓа тој на Достоевски кој исто така бил ненормално добар писател. Џим Бучер е полош писател од Толстој, но мене ми е екстремно забавен. Ако ми речеш дека треба да ми се допаѓаат уметнички издржани писатели за да имам „добар вкус", а ако сакам треш/кич писатели имам „лош вкус", идеш на терен на елитизам што не е арна работа. :D
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Муабетот е; не ги сери Металика кога слушаш Фугази.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Зависи за каков „вкус" се зборува.

„За вкусови не се расправа" е валиден исказ во друг контекст. На пример, јас сакам сајберпанк, а ти нејќеш. Мене ми се свиѓаат тие естетски елементи, тие теми итн. Тебе не те привлекуваат, немаш ништо против нив, но не се „your cup of tea". Не е сајберпанкот добар или лош. Во рамките на тој поджанр има квалитетни литературни творби, а има и ѓубре. Од тој аспект, дискусијата за тоа дали сајберпанкот е добар/лош е комплетно бескорисна зашто е прашање на естетски вкус.

Е сеа, да речеме дека и двајцата сакаме сајберпанк и фатиме да ги дискутираме Дик, Стивенсон, Гибсон и остала банда и ја ти кажам дека Гибсон е сто пути боље писател од Дик, а ти го тврдиш спротивното. Тогаш не станува збор за вкус, туку ја тресам глупости. На тоа ниво може да се дискутира пообјективно во некоја мера. Ама и тоа е зафркнато бидејќи сосема е можно мене да ми е јасно дека Дик е подобар според многубројни критериуми, но да го преферирам треш стилот на Гибсон. На пример мене ми е јасно зошто Толстој бил ненормално добар писател, но неговиот стил на пишување не ми се допаѓа како што ми се допаѓа тој на Достоевски кој исто така бил ненормално добар писател. Џим Бучер е полош писател од Толстој, но мене ми е екстремно забавен. Ако ми речеш дека треба да ми се допаѓаат уметнички издржани писатели за да имам „добар вкус", а ако сакам треш/кич писатели имам „лош вкус", идеш на терен на елитизам што не е арна работа. :D
Сето е тоа така и во ред е. Меѓутоа, јас и не мислев на такви разлики од кои би произлегла добра дискусија, квалитетна размена на мислења. Не сум против различни вкусови, а уште помалку сум елитист. Јас на пример, подолг период читам фантастика, хорор и по нешто сф, што во извесна смисла е дисквалификација кога е во прашање елитизмот (ниеден од овие жанрови, освен ретки одделни дела, не бил наметнат како книжевно поле на кое се создава врвна уметност).
Со задоволство го читам Р.Е.Ховард, но знам дека независно од неговата историска улога во развојот на книжевната епска фантастика, тој е сепак третолигаш во споредба со некои други имиња.
Станува збор за појава што е прилично застапена, кога неодбранливи позиции се оправдуваат со излишност од расправа за вкусови. Едно е да расправаш дали Толстој е подобар од Достоевски, или Крлежа од Андриќ, друго е да тврдиш дека Ден Браун е подобар од Шекспир, затоа што, ете така, вториов пишувал пред 4 и кусур века, па е застарен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom