Тука коментираме книги

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Paradoksot na Diogen...тоа е некоја книга,од кој автор е, ја има некаде во продажба.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665

Да, тоа е „некоја книга“. Се работи за драма на Томе Арсовски. Тој ја има напишано. Беше и екранизирана, со Ристо Шишков во главна улога.

Би требало да ја има по книжариве. Пишувам би требало, но не мора да значи дека ја има. Со оглед на тоа што се се продава, попрво ќе најдеш опширен прирачник за отворање конзерви, отколку дело од некој македонски автор од постарите генерации (неколкуте исклучоци се - исклучоци).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184

Ако не се лажам, сѐ уште е лектира во средно, па така, би требало да ја има.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Razbrav deka toa e за случај со кулите во трговски односно кејот (1960 год.) а не за оној случај со Работнички дом.Ќе пробам да ја најдам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Razbrav deka toa e за случај со кулите во трговски односно кејот (1960 год.) а не за оној случај со Работнички дом.Ќе пробам да ја најдам.
Фикција е, Анчо. Не е ни за кулите близначки, ни за Ајфеловата кула, туку за уривање на фиктивна зграда. Плус, нема никакво уривање во драмата, туку е претставен судски процес со одговорен за уривањето.
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Дали некој ги има читано двете верзии на една иста книга...тоа е првиот македонски роман Село зад седумте јасени од Славко Јаневски објавен 1952 а подоцна со одредени измени е ре-издаден во 60-тите години под името Стебла. Ако некој ги има читано двете нека сподели колкави се разликите и негови искуства. Иако лично овој чин го сметам за дилетантизам да дообработуваш да доукрасуваш веќе објавено дело ама тоа е тоа. И дали некој има да ја понуди на продажба првата верзија Село зад...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
„Нордиска митологија“ на Нил Гејмен. Прераскажувањето митови и легенди не е нешто невидено, ниту пак претерано се цени (овде, секако, не вбројувам студиозни дела како што се Грчките односно Хебрејските митови на Гревс). Со оглед на тоа што ова и не е прво дело за Один и Тор од ваков тип (знам барем уште две-три), а Гејмен може и подобро, книгава не е нешто што не смее да се пропушти.
Н. Гејмен сака да обработува теми поврзани со нордискиот фоклор (Американските богови, сценариото за Беовулф), а сака и да заработи нешто плус, и ете уште едно четиво за млади.
 
Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Здраво дечки и девојки, одамна не сум навратил наваму. Имам едно прашање за вас и ве молам кој може да одговори, да не се срами. :P Сакам да ги имам Game of Thrones, оние што се до сега излезени, но на македонски јазик, затоа што на англиски би ги купил само како цела колекција кога ќе бидат сите издадени. Дали некој од вас ги има барем видено, ако не прочитано, и каков впечаток ви оставиле (зборувам за преводот и дали граматички се исправно преведени итн.) ? Дали би вредело да потрошам и сега 4000 денари затоа што дефинитивно ќе ги имам, кога тогаш на англиски (да речеме, копија од оригинален запис.) ?

Ви благодарам!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987

Еве јас нема да се срамам. :D

Да, преводот е одличен, иако јас пред се’ секоја книга би на англиски или српски (можам да ти ги пратам пдф (српски и англиски) ако сакаш). 4000 ден. се големи пари (веќе е излезена и 5-тата значи 4.500), па ако решиш да ги фрлиш, ти препорачувам да го купиш првиот дел, па ако лично ти се допадне, земи ги и останатите, ако не продолжи на англиски. Вака само ќе најдеш поделени мислења, иако речиси сите, ако не и сите, би ти го препорачале прво англиското, а потоа македонското (кое пак, според мене е одлично). Јас ги имам книгите на македонски, што на српски и англиски се поевтини (од Харпер Колинс на англиски првите 5 книги ти се 3.000 ден. сега на попуст). Искрено не би сакал да те заебам, па затоа вака неутрално за последната одлука да биде твоја. Но ако се прашувам јас, овие повторно би ги купил на македонски, иако во последно време речиси и ништо да не сум купил, па ни прочитал на мојот мајчин јазик, за жал.:)
 
Ако ги купиш сите заедно претпоставувам ќе ти дадат некој попуст. Само прашај си, зашто Топер се малку скржави, не даваат попусти. Јас првите 2 книги заедно ги купив за 800.
 
Малку!? На саем ни денар немаше попуст на овие книги. Башка тоа на англиски се 3.000, а на македонски 5.000 ден.! Претерано е 1.000 ден. книга, иако тие им се врвот последниве 4-5 год. Друго и ништо да немаат преведено. Еве сега “Кратка историја на времето“ и нешто што викаат дека било добро- “Во водата“. “50 нијанси на сива“ имаше голем успех, ама никако не можам да ја составам со останативе.

Имаа и една едиција на енциклопедии, и таа беше одлична, но секна пред неколку години. А и беа џабе. Мене искрено ништо не ме привлекува од нивните преводи, па затоа и константно ги рипам по саемиве. :)
 
Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Еве јас нема да се срамам. :D

Да, преводот е одличен, иако јас пред се’ секоја книга би на англиски или српски (можам да ти ги пратам пдф (српски и англиски) ако сакаш). 4000 ден. се големи пари (веќе е излезена и 5-тата значи 4.500), па ако решиш да ги фрлиш, ти препорачувам да го купиш првиот дел, па ако лично ти се допадне, земи ги и останатите, ако не продолжи на англиски. Вака само ќе најдеш поделени мислења, иако речиси сите, ако не и сите, би ти го препорачале прво англиското, а потоа македонското (кое пак, според мене е одлично). Јас ги имам книгите на македонски, што на српски и англиски се поевтини (од Харпер Колинс на англиски првите 5 книги ти се 3.000 ден. сега на попуст). Искрено не би сакал да те заебам, па затоа вака неутрално за последната одлука да биде твоја. Но ако се прашувам јас, овие повторно би ги купил на македонски, иако во последно време речиси и ништо да не сум купил, па ни прочитал на мојот мајчин јазик, за жал.:)
Ако ги купиш сите заедно претпоставувам ќе ти дадат некој попуст. Само прашај си, зашто Топер се малку скржави, не даваат попусти. Јас првите 2 книги заедно ги купив за 800.
Ви благодарам за мислењето, ќе разгледам и можеби ќе ги земам. Работата е што имам многу голем број на книги и сум на некој начин, да речеме, колекционер. Многу книги ги имам на македонски или српски (нешто на српско-хрватски) и истите книги ги имам на англиски.
Пример, да речеме, делата на Толкин веќе ги имам на српско - хрватски и англиски, сакав да ги имам и македнските преводи, но знам дека не задоволуваат во однос на преносот на информацијата освен ако некој ги преведил во скоро време и се потрудил да му даде акцент на тоа. Пред години, ја фатив во рака Господарот на прстените на македонски. Искрено, такво дело, кое претходно сум го прочитал на српско - хрватски, ме разочара кога го читав на македонски и си реков тогаш "ќути, арно шо не ги купив".
Не сакав да испадне повторно така, а немам од кој близок да проверам, па затоа се обратив кај вас, најблиските. :angel:

Благодарам уште еднаш!
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Здраво на сите, се надевам ќе се најде некој кој може да ми одговори/препорача во врска со мојата дилема.

Планирам во зимскиот период да ја прочитам Војна и Мир од Толстој. Имам 2 опции - на Англиски од Wordsworth Classics и некоја стара верзија најверојатно на Српски јазик.

Од претходно искуство имам забележано дека ваков тип на книги значајно варираат во број на страни и детаљи во различни изданија. Би ми помогнало доколку некој кој ја има читано книгата сподели искуство.
Јас ја имам и читам на македонски. Превод е мислам на Симон Дракул ако не се лажам и е стварно добар. Истотака, преводите кои ги имаш се најверојатно на српско-хрватски останати од твоите претци (родители или баби, дедовци). Јас имам одредени дела од руски писатели кои се на српско-хрватски и сум прилично задоволен од преводот.
Постарите преводи на македонси или српско-хрватски се стварно квалитетни според мене, плус за да ја читаш на англиски ти треба добро познавање на англискиот. Јас преферирам кога читам преводи, да го читам преводот од јазици кои потекнуваат од иста јазична група или потекло, како на пример, руско-македонски (словенски јазици), отколку руско-англиски кои се дел од две сосема различни јазични стебла. Ако знаеш руски, на руски да ја читаш.
За крај, јас би ти ја предложил македонската верзија или српско-хрватска, и тоа што постар превод, толку подобро.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871

Фала за коментарот. Во право си за потеклото, и идејата ми беше поради тоа да читам на српски - поради некоја сличност во јазиците, мада од искуство српскиот и рускиот не се толку слични колку што мислиме. Имам колекција на стари книги од дедо/прадедо ваљда добар дел од руските и француски класици. При читањето на Грофот Монте Кристо, забележав дека верзиите варираат доста по обем и детаљи.

Од каде ти е македонската верзија? До сега не сум сретнал по саеми на книги што посетував.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Фала за коментарот. Во право си за потеклото, и идејата ми беше поради тоа да читам на српски - поради некоја сличност во јазиците, мада од искуство српскиот и рускиот не се толку слични колку што мислиме. Имам колекција на стари книги од дедо/прадедо ваљда добар дел од руските и француски класици. При читањето на Грофот Монте Кристо, забележав дека верзиите варираат доста по обем и детаљи.

Од каде ти е македонската верзија? До сега не сум сретнал по саеми на книги што посетував.
Па од родители, роднини, то шо читале како млади. Издадена е 80ти години и јас сум задоволен како од преводот од руски на македонски истотака и од француски на македонски. Инаку мислев на истата јазична група, а јазиците нормално се различни. Во споредба со денешните преводи е каде, каде подобра, барем според мене. Чувај ги тие книги, богатство се. На кој јазик и да одбериш, спреми се за многу ликови и долги приказни. На моменти може и досадна да ти биди, и баш тогаш нешто интересно ќе се случи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom