Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
Може секако, ќе ти даде совети, ќе ти наплати, секундата кога нема да му платиш нема ни да те познава :D

Се чудев како воопшто постои човек шо пари може да му дава. Таман му реков доволно е, ми вика познаникот, после месец дена му пратив како сум трчал неделава дали е во добра насока, ни seen не му напраил на пораката. :icon_lol:
И онака немав намера да го побарам. Туку кажете дали има некои тркачки клубови трчање во друштво сигурно е по интересно
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Имаше на времето Nike+Run или така нешто беа, сигурно постојат уште.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Туку кажете дали има некои тркачки клубови трчање во друштво сигурно е по интересно
Triology и Korrunners

За Кираџиеви не знам дали да ги пишам искуствата мои (делумно индиректно искуство) и на пријатели, а и мислењето тука јавно, па само кратко би заклучил - понастрана од нив.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.409
Triology и Korrunners

За Кираџиеви не знам дали да ги пишам искуствата мои (делумно индиректно искуство) и на пријатели, а и мислењето тука јавно, па само кратко би заклучил - понастрана од нив.
Пиши, не се само они, главно секој со секој е скаран, клубови и рекреативни тркачки друштва никнуваат на секое.
 
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
Дечки денеска конечно отидов на Олимписки, работи само малиот базен 25 метри. Немав претстава колку да пливам и како ќе се осеќам во вода и колку кондиција имам и немав некој посебен план колку да пливам. Но во стазата каде што пливав имаше една постара женичка најверојатно пензионерка и она ми кажа дека пливала по 1 км, кога ми го кажа тоа си реков ако бабичкава плива 1 км не смеам да помислам да испливам помалку од тоа, испливав 1 км без некој посебен напор. Интересно беше што можев 100 м да правам речиси умерено тешко, пробав и 200 метри без пауза но тешко ми одеше. Како и да е имам некоја претстава како да пливам. Ќе пробам да зголемувам далечина без одмор како што правев со трчањето. План ми е барем 1 неделно да вклучам пливање. Ако некој има некоја идеја за тренинг за пливање споделете.
 
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
Дечки моите први 9 км истрчани, сакав да истрчам 10 км ама ме нападнаа едни кучиња па се откажав. Но нека останат 10 за следна прилика, која верувам брзо ќе дојде :) Па ако вака продолжам ништо чудно да истрчам и јас еден полу маратаон во животот :)
 
Attachments

Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Друже продолжи така и мој добронамерен совет ти е да не се оптоваруваш со дистанцата. Со редовни тренинзи се ќе си дојде само по себе.
Јас цел живот спортувам ама со трчање почнав пред некои 3-4 години.
Секако аматерски (и се уште сум на тоа ниво :) ) прво истрчав 5к па 10, па 21.
Ниту сум имал тренер ниту сум бил преоптоварен со тоа. Едноставно си го слушаш телото и немаш гајле.
Лично сметам дека со редовни тренинзи и нормална исхрана секој аматер може да истрча полумаратон.
42к е веќе нешто друго и тука нема простор за отстапки (храна, строго дефинирани тренинзи итн.). Затоа и засега немам цел да трчам маратон иако никогаш не вели никогаш :)
 
Незнам што се случи, но отакко ги истрчав овие 9 км сега едвај трчам 5 км а последно истрчав само 3 км. Изгледа сум претерал со пребрзо напредување, сега неколку дена паузирам па ќе почнам повторно, некако почуствував дека на телово му треба адаптација, не може постојано само да зголемуваш како што правам јас. Реално далеку сум уште од 10 км но верувам дека за 1 месец 10 км ќе биде моја стандардна далечина.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
И онака немав намера да го побарам. Туку кажете дали има некои тркачки клубови трчање во друштво сигурно е по интересно
За жал во Македонија има се помалку чесни клубови, тие приказни за единство и тимски дух што некои клубови ги рекламираат се лажни и површни, во реалноста не е така. Би ти препорачал да се дружиш со луѓе од сите клубови, како и со луѓе кои немаат клуб, да патуваш на заеднички трки со сите и да трчаш со сите, независно од клубот, оди на организирани трки со секој клуб ако ти одгоараат условите и шири познанства со сите, ама немој да си некој “верен“ член во некој клуб, бидејќи во клубовите кај нас владее многу негативна енергија, пола се раскарани, а тие ривалства не се здрави туку токсични, затоа и има толку поделби, затоа и има толку многу нови клубови. А причината како и секогаш дали директна дали индиректна се парите, секој сака дел од колачот на крајот на денот.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325

091 се искараа .. сеа има 2
1674595989528.png
NRC се подели во Korrunners и Триолоџи
Сеа па Korrunners се подели у 2.

Поголем дел од членовите не се замараат, ама во секој клуб изгледа има по неколку искомплексирани фаци кои немаат попаметна работа и се кошкаат и рчкаат со дел од "раководството".

Според мене најрекласирани ми се 091runcrw, а они се единствен клуб што прават фешта на Скопски.
Тоа навивање, конфети, музика што го организираат кај Зоил (во поново време спроти Орце) значи многу кога трчаш маратон и улиците се пусти во вториот круг.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
386
Ако може некој на кратко да напише за колку време може да истрча еден рекреативен трчач.
100 м
1 км
5 км
10 км
Кое време е below average, average,above average, за секоја од наведе дистанци?
 
Абе остај ти ова...прашањето беше за некој што трча...real life experience...
Знам за на google i jas но бидејќи немам никакво искуство не ни знам колку би биле реални тие бројки од гоогле...
Па затоа ми треба real life experience
 
fat

Член од
3 ноември 2014
Мислења
53
Поени од реакции
113
Za nekoj sto e relativno aktiven (igra fudbal so drugari ili whatever) bi rekol deka 5:30 pace 5k e dobro vreme, za nekoj sto prvpat trca a ima normalno bmi (prosecen 25 godisen maz u skopje) bi rekol okolu 6:00 pace e ok vreme. Ponatamu samo skaliraj, mozes da najdes tools po net.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Ако може некој на кратко да напише за колку време може да истрча еден рекреативен трчач.
100 м
1 км
5 км
10 км
Кое време е below average, average,above average, за секоја од наведе дистанци?
Мојата прва 5ка на кеј беше 21:17 (тие истите трки се враќаат на кеј, организирани од Кокан, распрашајте се само дали се отворен карактер, ги препорачувам на сите ако се), без никакво тренирање трчање (спремање) претходно, единствено фудбал играње маалски и тегови/вратило понекогаш по дома, ама да се земе во предвид фактот што бев мноооогу слаб, 57кг на 175цм висина, олеснителна околност е доста тоа. Уствари претходно имав трчано на Скопски 5км трките како средношколец што не носеа од школо, но трчав со Ванс патики, во гужви и таму имав времиња од 22-24 минути. Вака други врснаци исто што игравме фудбал, ама нормална килажа, првите 5ки им беа по 25-32 минути. За 10ка, 41 минута ми беше првата ама тука веќе имав неколку месеци тренинзи, па не е баш референтна точка, би ти рекол дека 50-55 минути би требало да е првата кај некој со ваква активност. Многу зависи моментот и колку пешачиш, јас цел живот откога знам за себе одам по 5-10км на ден, до скоро и немавме кола па пешки ми беше најчесто превозно средство. А и како мал бесни глисти ептен дете бев, од тие што со фен ги сушат по родендени и гo пресоблакаат, плус по 5 саати нон стоп игри со трчања надвор секој ден. Технички иако не сум тренирал како сега, сепак сум бил прекумерно активен, најдобро да сподели некој што немал ич физички активности. За 100м навистина не би знаел, ама ако почнеш да се спремаш добро за 5ки, 10ки, има добра веројатност 100м да ти е полошо времето, бар за мене кажувам во споредба со 2017 на 100м сум некако послаб, како да сум ја изгубил таа експлозивнсот поради толку многу километражни тренинзи, како подефанзивно да трчам на шпринтови.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom