Друже продолжи така и мој добронамерен совет ти е да не се оптоваруваш со дистанцата. Со редовни тренинзи се ќе си дојде само по себе.
Јас цел живот спортувам ама со трчање почнав пред некои 3-4 години.
Секако аматерски (и се уште сум на тоа ниво
) прво истрчав 5к па 10, па 21.
Ниту сум имал тренер ниту сум бил преоптоварен со тоа. Едноставно си го слушаш телото и немаш гајле.
Лично сметам дека со редовни тренинзи и нормална исхрана секој аматер може да истрча полумаратон.
42к е веќе нешто друго и тука нема простор за отстапки (храна, строго дефинирани тренинзи итн.). Затоа и засега немам цел да трчам маратон иако никогаш не вели никогаш