Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992

Мислам дека на сите ни е добро познат овој момент.

@Feisty истото го пишав. Мене ми е јасно, ама нема поправање чоек што како дете не е воспитан на време. Некои од младиве деца ми се многу симпатични и се надевам дека нема да тргнат по тој пат. Многу ме радуваат некои резултати што ги постигнаа во последниов период. Дали уште ги води младешкиот ентузијазам и допрва ќе ги тресне реалноста, не можам да кажам.
Мое мислење е дека во поразвиените држави исто функционира клановски, но самиот систем внатре во федерациите е помасивен, има на располагање повеќе пари и е пореално управуван од страна на соодветните институции на државата, додека овде доволно е еден да се врзе партиски или мафијашки и го гуши цел спорт. Типичен пример е Јовица Угриновски кој е вечен претседател на ФПСМ и истиот си го гласа една банда, а резултатите му се 0. Слично беше со Зинго, а најексплицитно е со Циле Топурковски кој го води МОК на 50 олимпијади све со вајлд карти и резил на наши спортисти на истите.
Проблемот е културолошки, системски, генетски....има многу layer-и.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Можеби е малку офтопик, но некој да каже збор два околу ленти за трчање ако има некакво искуство. Знам дека ништо не го заменува трчањето надвор, меѓутоа услови, време и слично прават некогаш да е малку покомплицирано, посебно во зима. Дали се исплаќа инвестирање во ваква машина, а да не е *про* (многу скапа), брзо се расипуваат можеби или кои слабости ги имаат, други предности и недостатоци надвор од очигледните?
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Ja би бегал што подалеку од таа направа на Ѓаволот .
Доколку имаш садо-мазо тенденции можеби ќе ти одговара :)
Јас лично прво би се угушил надвор отколку да трчам на трака.

Најдобра алтернатива ти е Водно ... пр. Пантеле-Средно или обратно, моеш и накај Марково да зацепаш или по козјите, одлично се маркирани.
Друга алтернатива е да вежбаш по дома, многу запоставен аспект од 90% од трчачите вежби за Core т.е. Труп па и нозе.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Се сложувам, за ова со вежбање дома колку и да звучи нереално. За тие 4 месеци кога е загадено, сум трчал по еден тренинг неделно ниво, односно по 4-5 тренинга месечно, ама и сум вежбал стомак секој втор ден, видеа на Youtube од Athlean X (10 минути се максимум). Скоро ич не бев паднат во форма во март месец кога се намали загадувањето и почнав пак да трчам.

Друга година, за тие 4 месеци, не сум вежбал ниту стомак ниту сум трчал, така дома седев кмишев јајца, кога почнав да трчам умирање ми беше трчањето скоро цел месец, колку и лесно да трчаш ти е мачење. Така да ич не е сеедно. Нека не ве демотивира тоа што е зима и не можете редовно да трчате, бидејќи секој тренинг значи и еднаш седмично да отидете некаде да трчате, дали да начекате кога е сончево па не е загадено, дали на Водно (или друга планина), сепак правите многу голема работа и не ви е за џабе.
 
Последно уредено:

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Ja би бегал што подалеку од таа направа на Ѓаволот .
Доколку имаш садо-мазо тенденции можеби ќе ти одговара :)
Јас лично прво би се угушил надвор отколку да трчам на трака.

Најдобра алтернатива ти е Водно ... пр. Пантеле-Средно или обратно, моеш и накај Марково да зацепаш или по козјите, одлично се маркирани.
Друга алтернатива е да вежбаш по дома, многу запоставен аспект од 90% од трчачите вежби за Core т.е. Труп па и нозе.
Благодарам на мислењето :) Ти ја разбирам поентата, но не сум од Скопје и немам толкав избор. Не планирам сериозно да трчам, но колку што можам трчам барем 1-2 неделно да одржувам некаква форма. Лента за трчање мислев на нешто како комплементарно. Но можеби не е толку добра идеја, или орбитрек би ја вршел истата работа.
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
На брод имав колега поранешен профи боди билдер и ми викаше типот дека ако види некој негов другар или другарка да трча на трака ќе им отиде и ќе ги истепа. Трчањето на трака било неприродно за телото и порано или подоцна страдале колена или глуждови.
Јас така си го заебав левиот глужд ден пред или после нова година и од тогаш наваму немам трчано :(
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Може не е лошо за indoor да земеш степер или фиксен точак. Пак е кардио тренинг, ангажирани ти се мускули на нозе и не ги трошиш зглобовите....кога веќе бараш нешто за внатре.
Пола саат на точак, во потешки степени, има квалитетно да се испотиш.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Дечки планирам зимава за трчање на отворено да купам јакна (шушкавец) и зимска капа. Некоја препорака каде да барам освен во стандардните Спорт Вижн, Д-спорт и Спорт-М?
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Да се навратам на темава - не сум трчал 1 месец.
Ми се издешаваа двеста срања, едвај почнав да се чувствувам психички повесело и порасположено.

Барам еден совет, повеќе е за психолог, ама ете, да прашам тука:

Имам голем проблем при трчање, ме фаќа анксиозност/паника кога трчам и пример, на саатот што го носам пулсот ќе се качи над 165, 170, 171...
Мислам дека ќе ми се слоши, ќе ми отиде 220 или дека ќе ми се случи нешто ако е толку висок на подолг период. Од паника го вадам саатот и продолжувам така да трчам.
Физички, не чувствувам дека имам тегоби со таков пулс. Ниту пак сум изморен физички претерано кога ми се случува тоа.
Исто, ми е страв да се измерам рачно на каротидата во тој момент. Овој проблем не ми е откако трчам, ми се случувало и порано кога играм фудбал или имам некоја захтевна физичка активност. Како да имам фобија од висок пулс, не знам како да објаснам.
Ова сум го напишал на 18.09. Последно сум трчал на 07.10.
Од тогаш навака направив - детална крвна слика, ЕКГ, ехо на срце, тироидна и каротиди, стрес-тест, гастроскопија.

Се потврди она што претпоставував - тахикардиите што ми се јавуваат се исклучиво од лизгачката кила на желудник што ја имам (веќе трета гастроскопија за 8 години). Се качува нагоре дел од желудникот преку дијафрагмата, го допира и го иритира срцето. Ова ми се случува и при трчање, затоа го цитирам постот погоре (покрај саатот, престанав да го носам).
Ми утврдија и воспалено дванаесетпалачно црево заради премногу желудочен сок и мали ерозии на хранопровод.
Еден месец се измачив. Уште сум на терапија за рефлуксот, прилично обемна.
За психичко смирување пиев Деметрин (1х дневно) и дефинитивно ми помогна.
Од суплементи пијам и Витамин Ц 1000мг, ZMA, селен, Maгнезиум директ + Б-комплекс, Калциум + D12...
Мислам дека ги смирив тахикардиите, а и подобро ми е со желудникот.

- ЕКГ на срце сосема уредно.
- Од ехо на срце ми утврдија дека имам прилично големо и здраво срце (како на спортист). Имам мал пролапс (веќе ми е утврдено пред 5-6 години) на митрална валвула, ама ништо страшно.
Ехо на каротидите докторот се зачуди колку се проодни, вика „Како автопат ти се“.
- Стрес тестот го поминав одлично. Од 11 минути како некој максимум да изодам со зголемување на напорот на интервали, изодив 9 и кусур, кардиологот го прекина тестот затоа што го достигнав тој замислен максимум број на откуцаи (220 минус годините, во овој случај 220-33).
Почнав со пулс над 100-ка (заради возбуда таму во ординација, а-у) и 120/80 притисок, при крај на тестот стигнав до 185 пулс и 160/100 притисок.
Бидејќи мерат и 2-3 минути по завршување на тестот - пулсот (релативно брзо) и притисокот посебно ми се стабилизираа како што требало.

Ова повеќе испадна здравствен пост отколку тркачки, ама сакав да напишам во контекст дека конечно се испитав од физиолошки и анатомски аспект и мислам дека можам да почнам пак да трчам.
Уште не знам после 8 години дали анксиозноста и депресивноста што знае да ме фати на есен доаѓа од проблемите со хијаталната хернија, рефлуксот и тахикардијата или е обратно :) Сепак мислам дека е второво - анксиозноста повлекува се друго.

Со кето (пак) почнав на 21.09 годинава со 97кг.
Моментално сум 88кг. Имам кетони во урината кога правев крвна слика+урина, така да знам дека ја терам правилно...
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Дечки планирам зимава за трчање на отворено да купам јакна (шушкавец) и зимска капа. Некоја препорака каде да барам освен во стандардните Спорт Вижн, Д-спорт и Спорт-М?
Asics и Salomon има продавници во City mall. Со цени како што е познато какви се.
Има и во продавнициве за планинарска опрема, Prosport во Соравија, Scout и Outdoor кај Лира кафаната се сега. Најдобра варијанта за ова е Decathlon, ама во моментов тоа е неверојатна опција, инаку за тие пари што ќе ги дадеш само за шушкавец таму би купил и ракавици и хеланки, па и кусур ќе ти остане.
Порано беше проблем во градов да се најде опрема. На пример, шушкавец сум барал пред 10-15 години, имаше некои безвезни шарени фудбалерски lotto или kappa, широки, што како едро ти се мафтаат на тебе....сега има понуда, ама и трговците се у небо пошо и ќоро и сакато спортува (што не е лошо), ама и побарувачката е голема и може да си држат високи цени.
На пример, јас сум запрепастен луѓе какви пари фрлаат за патики, а и не живеат баш во тој дух, ниту пак изгледаат дека спортуваат. Посебна приказна ми се бајкерине кои од Водно не мрдаат подалеку, а имаат опрема за Tour de France...ама тоа е глобализација, комерцијализација...
 
Фала ти друже на инфо.

За Декатлон ми беше во план уште минатата зима ама тогаш ми излегоа некои други работи што морав да ги завршам во меѓувреме и си велев ајде ќе одам следниот викенд и на крајот не отидов а и цела зима ја поминав без спортување. Сега од овој аспект со короната и границите, јасно е дека тоа беше погрешна одлука :) .

Инаку баш поради тоа што ги гледам цените тука кај нас колку се кренати во плафон и прашав. Хеланки и горен дел имам, ама без шушкавец и капа е студено дури и сега а не пак во зима. Само тоа е што е, баш како што кажа, помодарството ги крена и цените ...
Често се шегуваме во друштво, боље нека спортува нацијава и нека тера инста мода отколку да глави по кафани и кладилници.
 
Шушкавец или елек и капче ... и слична опрема за поладно ќе те служи со години, тркни до Скаут фукни си кеш, ќе си напраиш кеиф.
Ја земав од Скаут тенок шушкавец (ветровка) и една софтшел јакничка уште пред 4-5 години ... душата им ја извадив од носење зимно време, ко нови се.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
Уште не знам после 8 години дали анксиозноста и депресивноста што знае да ме фати на есен доаѓа од проблемите со хијаталната хернија, рефлуксот и тахикардијата или е обратно :) Сепак мислам дека е второво - анксиозноста повлекува се друго.
на тие проблеми кои ги имаш чудо е човек да не биде анксиозен. Иако не се прикажува, јавна тајна е дека барем половина од луѓето се анксиозни, депресивни, имаат вртоглавици, едноставно тоа е болест на модерниот начин на живот. Добро е што знаеш што ти е маката, очигледно се трудиш на живееш здраво и додатно со трчањето стварно можеш да успееш и да ги надминеш тие бариери :ајнапиво:
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Ти благодарам за добрите зборови.
 
Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
Зимно време кеј мене не ме гледа.. ама затоа користам убави денови Водно да качам. Кажете ми предлог за добри обувки. Што е подобро траил патики или спортска цокула/чизма? Немам купувано траил патики, водоотпорни се? Гледав адидаски до кај 4к.. Искуства со terrex чизми?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom