Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Жал ми е што прв пишувам за ова на темата, ама денес имаше огромна некоректност од натпреварувачите кои свесно одеа во првиот термин и покрај тоа што сите бевме уредно поделени по термини СО ПРИЧИНА, но исто така имаше огромен пропуст кај организаторите што не се замараа за ова и не ни проверуваа кој кога трча, свесно си пуштаа во еден термин да се набутани сите, а во другите да нема жив човек, сам да си стартуваш. Работата беше дојдена до тој степен кога ме прашуваа зошто дури тогаш завршувам кога завршив, се чудеа сите зошто сум бил будала и зошто не сум дошол во првиот термин за да избегнам гужва. Браво за тие што беа коректни и не им пречеше цела трка да поминуваат луѓе цик цак, па и разбирам некој да тргнал порано дека некаде се брзал, ама 99% од луѓето отидоа првиот термин свесно кршејќи ги сите протоколи само за да избегнеле гужва, нема врска што ко сардини беа наредени на старт и не можеше да се спроведе предвидената дистанца од 2м, битно гужва да се избегнело дур трчале. Исто така супер што мора сите со маски да влагаме, ама нитуеднаш не се нагласи дека од страна имаме црни ќеси за да ја фрлите маската ако ни пречи во трчање (ако имало на старт, дека јас на финиш ги видов само), јас во џеб си ја носев, ама знам дека некој ќе ја фрли на било кое место за да не му се плетка, не знам што менуваше да се нагласи. Со температурата мерење беше комедија, ако си 37.5 те пушта, ако си 37.6 те враќа и ти вика ајде оди прошетај и пак дојди. Потоа видоа дека нема никој да проверат со тоа темпи и дека во 8:45 десет души се пуштени само, и прашуваа да креваме рака кои биле проверени, па све живо и диво крена рака, пола неизмерени поминаа. Труд вложен да, ама толкави пропусти во организација што едноставно искрено сметам дека целиот настан не требаше воопшто да се одржи, бар не на ваков начин. Точно народот е таков каков што е, ама организацијата е таа што треба да превземе мерки за да се справи со тој народ. Среќа позитивниот вајб не држи сите нас, па овие пропусти брзо ќе ги заборавиме.

Да не испадне дека од гомно подолу ги направив, јас сум трчал на трки каде што редарите те праќале во погрешна насока да трчаш, само сакам да посочам огромни аномалии, кои сметам дека најголемата спортска атлетска манифестација во Македонија не треба да ги дозволи, особено не кога котизација за трките е по 20 евра и имаме изградено одлична репутација кај странските и домашните тркачи. Е сега, има и добри страни, после 2016 година беше овозможена најдобра гозва на финиш, буквално имаше се што може да му е потребно на еден тркач(вода,електролити, кроасани,банани, лимони, чоколадца, смоки, минерали во прашеста форма, гелови за масирање после трка...), полицајците (бар тие јас на кои наидов) од петни жили се трудеа да ги сопрат дивите возачи на скопските улици со итни потреби во недела во 9 сабајле, имаше голем број на фотографи на многу места.

Браво за публиката што излезе и не бараше изговор во сонцето за да остане дома, јас имам доста трки трчано без публика, се имам навикнато, така да не ни очекувам атмосфера и секој глас и подршка ми е изненадување. Но срце ми се полни кога гледам како некој на финиш оди, се распаѓа и ти со твоето “браво, ајде уште малку, не се давај, метри се во прашање“, ќе го мотивираш да почне пак да трча. Ни рекорди, ни медаљи, ни истрчани трки, никое чувство не е поубаво од ова, ќе ти го разубави денот. Браво за @Feisty, @Ilumious, @Krk1 (ако не сум те помешал :D ) кои ги сретнав денес, како и за останатите кои не ве знам, ама сигурен сум дека сте дале се од себе и дека му пркосевте на жешкото до финална победа.

Јас немав некој резултат за вечно паметење, ама среќен сум што си ја истрчав трката и покрај сите отежнати околности, пред се сонцево и мојата огромна тркачка пауза од 11 месеци до овој септември, па овој еден единствен месец немав време да направам база и да удрам повеќе на километража, вратив малку од брзината и отидов на Скопски, бидејќи ко дрога е трчањето, ти бара телото малку адреналин :D
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
И Дарио е од улица....а што сакаш во овие услови со манџи и пици како исхрана да се направи незнам.
Можеби не ми ја разбра поентата, јас му симнувам капа на Дарио на мотивацијата и резултатите со оглед на сите негови околности. А само тој си знае од кај ја влече мотивацијата и уште можеби пар луѓе и спонзори што му помагаат. Поентата ми е дека има деца што имаат градба и параметри за атлетика а не тренираат, а наместо тоа во првите 10 во МК ќе видиш еден куп луѓе што почнале да тренираат аматерски атлетика и тоа на 30год, имаат нессодветна градба, неправилна техника, спори се во интервалите пример не можат да истрчаат 60сек 400м итн.
Инаку Дарио почна доста касно на 18год и со тоа прескокнал многу чекори и основи што на пример ги имаше Бибиќ од Србија кој успеа да влезе во елитни атлетичари. Државата мора да ја гледа атлетиката на вистински начин како што е во западен свет, инфраструктура, училишни клубови, кросеви, потоа стипендии и државна помош преку стипендирање во школување и потоа вработување на атлетичарите во државни служби како војска, полиција итн, каде би имале услови да тренираат професионално. Тоа не чини многу едноставно треба одговорните да имаат свест за овој спорт.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ејјјј ти ли беше тоа, баш со другаров со кој трчавме прокоментиравме во стил цајканов треба со пендрак да му влезе на дебилот ама не знаевме дека го пропуштил. Ѓупштана права еј, 3 саати во недела, еден ден во неделата не можат да се стрпат.
Јас се држев до Аеродром, т.е. до делон каде што се искача на Јане Сандански, после тоа крах :tapp:

Како и да е, кога гледам дека куп луѓе што ги знам а си газат се откажале, се повеќе го ценам истрчаното денес. Многу захтевен ден.
На рекорд на враќање беше тоа на раскрсницата после бината... џандарот го пушти дебилот на еден метар од мене пројде да не успорев ке ме удреше.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
На рекорд на враќање беше тоа на раскрсницата после бината... џандарот го пушти дебилот на еден метар од мене пројде да не успорев ке ме удреше.
таму, таму, едно 100 метра зад тебе сум била значи. Кретени, тоа е. Да сум јас директорка на маратонов да видат дали ќе може да се спрдаат така, има полицаец на секој излез на зграда да ставам, не па раскрсница. Кога не им смета што во среде работен ден секакви покондурени ги враќаат дома или ги носат на работа, нема да им смета и во недела да останат дома барем до 12.
 
Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
Лани немаше вакви гужви и глупости по раскрснициве.. Претоставувам дека годинава го протуркаа маратонов преку замижани очи. Реално според како ја викаат "епидемиолошката" ситуација и не требаше да се одржи. Немаше никаква медиумска покриеност, ни МРТВ не снимаа ни пренесуваа како лани. А и од организаторите имаа пишано дека оваа година не ги потикнуваат луѓето да излезат на улица за подршка. Од аспект на поставени мерки за безбедност имаше.. ама нормално македонска работа не се спроведоа како што треба. Тоа со мерењето темп беше глупост. На сонце.. на топло па уште пред маратон кај што луѓе се Загреваат... праат шпринтови итн нормално ќе качиш температура и за повеќе од 2 степена дур да почнеш да се потиш. Нејсе за гужвите со колите мислам дека многу не ни разбраа дека ќе има маратон и дека ќе е блокиран цел град, настрана тие што и да разбрале мора со кола 2км да отиде до негде...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Инаку интересна ствар, пред трката и после трката со другар ми се меревме и дваицата имаме ослабнато цело кило.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
нов рекорд на популарната 5ка во женска категорија, фасцинатен атлетицизам и техника! Сега рекордот стои 14:06!
https://www.youtube.com/watch?v=MB1O0G64S9E

едит: нашите јуначки PB-a на 5К сега уште посмешно личат :)
 
Последно уредено:
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не знам што си трошите време за анализа на Кираџиев. Мизерија од чоек. Само читаш од него изговори, хејтање држава, сојузи, општества, поединци...никогаш за себе ништо да не признае.
Штом чоек не може да разбере каков провинцијален шампион е, во државиче од едвај 1,5 милиони со ужасно лоша спортска култура и инфраструктура и си мисли дека со победа на локален настан е господ бог, поише би рекол дека е за греота.
Не знам дали му дошло памет, одамна го имам блокирано на фејсбук за да не му ги читам коментарите, пошо не само што му се полни со злоба и фрустрација, туку е и невидено вулгарен и прост.
Дарио не го познавам, ама не сум чул дека имал таков испад, а овој ако сте чуле дека ја јадел бурек, баш на него личи тоа. И воопшто, голем дел од нив се огромни суети, меѓусебно испокарани, испцуени...знам дека добар дел од вас трчаат од кеиф и лично исполнување и ова им изгледа прилично апсурдно, ама тоа е реалноста наша.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Не знам што си трошите време за анализа на Кираџиев. Мизерија од чоек. Само читаш од него изговори, хејтање држава, сојузи, општества, поединци...никогаш за себе ништо да не признае.
Штом чоек не може да разбере каков провинцијален шампион е, во државиче од едвај 1,5 милиони со ужасно лоша спортска култура и инфраструктура и си мисли дека со победа на локален настан е господ бог, поише би рекол дека е за греота.
Не знам дали му дошло памет, одамна го имам блокирано на фејсбук за да не му ги читам коментарите, пошо не само што му се полни со злоба и фрустрација, туку е и невидено вулгарен и прост.
Дарио не го познавам, ама не сум чул дека имал таков испад, а овој ако сте чуле дека ја јадел бурек, баш на него личи тоа. И воопшто, голем дел од нив се огромни суети, меѓусебно испокарани, испцуени...знам дека добар дел од вас трчаат од кеиф и лично исполнување и ова им изгледа прилично апсурдно, ама тоа е реалноста наша.
Дарио е злато дете. Ептен скромен, секогаш прибран, никаде не се истакнвуа, пример за фер плеј и коректност. Еднаш неговиот тренер МЦ имаше нешто искоментирано за Кокан преку метафора и Дарио пиша коментар во стилот “доста е со вакви ствари, сите сме спортисти и треба да се почитуваме“, мислам ова многу кажува за неговата големина.

Сега баш во последно време има големи фракции, делби, бифови, реферати по статуси и некако многу луѓе заборавија дека трчањето е индивидуален спорт и дека на крајот на денот не е битно во кој клуб си и дека се што ќе постигнеш е само благодарение на тебе. Дали тренинзите ги гледаш од нет или плаќаш за нив или ги добиваш од другар бесплатно, на крај многу малку менува во приказната, ти самиот знаеш што си поминал трчајќи и на замрзнато, и на снегови, и на 300 пм10 честици и на 30+ степени, така да причиве оваа група против таа група, и целиот хејт што се прави се многу вишок во атлетиката и немаат никаква смисла.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
570
Поени од реакции
862
Не знам што си трошите време за анализа на Кираџиев. Мизерија од чоек. Само читаш од него изговори, хејтање држава, сојузи, општества, поединци...никогаш за себе ништо да не признае.
Штом чоек не може да разбере каков провинцијален шампион е, во државиче од едвај 1,5 милиони со ужасно лоша спортска култура и инфраструктура и си мисли дека со победа на локален настан е господ бог, поише би рекол дека е за греота.
Не знам дали му дошло памет, одамна го имам блокирано на фејсбук за да не му ги читам коментарите, пошо не само што му се полни со злоба и фрустрација, туку е и невидено вулгарен и прост.
Дарио не го познавам, ама не сум чул дека имал таков испад, а овој ако сте чуле дека ја јадел бурек, баш на него личи тоа. И воопшто, голем дел од нив се огромни суети, меѓусебно испокарани, испцуени...знам дека добар дел од вас трчаат од кеиф и лично исполнување и ова им изгледа прилично апсурдно, ама тоа е реалноста наша.
Не го познаваш човекот и немаш право да коментираш вакви работи за човек што не го знаеш. Кираџиев и не само он туку тука спаѓаат сите што трчаат по 2 пати дневно(професионално) не се поддржани никако од сојузот и државата. Секој ден стануваат 3 саати порано од сите нас, за да направат утрински тренинг, одат на работа, па после работа уште еден тренинг. Пробај 2 дена вака живеј па пиши го истото за Кираџиев дека е таков или ваков. Човекот до годинава беше национален шампион по не знам кој пат во државава а патики си купува сам цел живот, малце е глупо. Среќа кај овие луѓе љубовта кон спортот и тоа што го прават е на високо ниво и го трпат со години тоа.
Дарио е златно дете, водено од погрешен негативец. Дарио има дострел за многу повисоки ствари моментално и генетски е надарен за тоа. Едноставно некои луѓе го имаат тоа, а некои колку и да тренираат неможат да го постигнат. Затоа никој не е повеќе шампион од другиот се додека жртвата е горе доле иста.Место да хејтаме како рекреативци треба да им се поклониме на луѓето што држат под 3:55 42километри. Мој совет, земи точак, и следи еден неделен долг тренинг на било кој од горе споменатите ќе сфатиш која е тежината.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
Не знам што си трошите време за анализа на Кираџиев. Мизерија од чоек. Само читаш од него изговори, хејтање држава, сојузи, општества, поединци...никогаш за себе ништо да не признае.
Човекот ги познавам, твроглав е и нема влакна на јазикот и искрено го кажува тоа што го мисли и според мене е во право за поголем дел од работите. Голем работник е и крв плука да ја надокнади брзинската инфериорност во споредба со ривалите. Со тек на време се избруси и веќе не прави лични прозивки и слично. Како што кажа и Филип доста е поделби и негативни работи, време е да си подадат рака сите. Не е проблемот со МК атлетиката(клубска и аматерска) некој си Кираџиев, МЦ, Дарио, Кокан итн, туку немањето слух од одговорните за инвестирање и правилно третирање на овој убав спорт. Кога сите ќе се обединат можеби ќе се помрднат работите.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Конкуренција е здрава работа. Големите ривалства во сите спортови, па и воопшто во животот раѓаат големи резултати. Не треба никакво обединување, туку меѓусебна почит и тоа елементарна.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Конкуренција е здрава работа. Големите ривалства во сите спортови, па и воопшто во животот раѓаат големи резултати. Не треба никакво обединување, туку меѓусебна почит и тоа елементарна.
Се сложувам делумно. Конкуренциајта е супер работа но ако е здрава конкуренција како што спомна, во моментов кај нас има се само не здрава конкуренција, се создава цело време канцерогена околина и некои од луѓето кои треба да бидат пример за жал придонесуваат во таа канцерогена околина. Ривалство секогаш треба да има, но ривалство со почит, тука кај нас нема почит, голем број луѓе егото ги води и енергија вложуваат во правење раздори, место во градење меѓусебна почит. Обединување треба, бидејќи само со заеднички сили и сите ако ги употребиме различните врски кои како индивидуи ги имаме за колективно добро на атлетичарите, ќе може да процвета сцената и да има подобри услови за наредните генерации, дотогаш ќе имаме ситуации кога некој ќе знае дека нешто не е добро, ама нема да реагира и да се труди да смени, бидејќи ќе си рече “што има јас да се мешам, тој и тој се занимава со тоа, нема да придонесувам па да испадне он дека успеал во иницијативата“. Тоа е жалната реалност. Тешко е да се пружи рака и да почнат да се почитуваат меѓусебно како атлетичари (не мора како луѓе), но тоа е единствениот начин ако сакаме да видиме подобри услови и да нема више пропаднати генерации и таленти, поради мизеријата во која живееме и немање слух за инвестирање во спортот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom