- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.052
- Поени од реакции
- 12.936
Жал ми е што прв пишувам за ова на темата, ама денес имаше огромна некоректност од натпреварувачите кои свесно одеа во првиот термин и покрај тоа што сите бевме уредно поделени по термини СО ПРИЧИНА, но исто така имаше огромен пропуст кај организаторите што не се замараа за ова и не ни проверуваа кој кога трча, свесно си пуштаа во еден термин да се набутани сите, а во другите да нема жив човек, сам да си стартуваш. Работата беше дојдена до тој степен кога ме прашуваа зошто дури тогаш завршувам кога завршив, се чудеа сите зошто сум бил будала и зошто не сум дошол во првиот термин за да избегнам гужва. Браво за тие што беа коректни и не им пречеше цела трка да поминуваат луѓе цик цак, па и разбирам некој да тргнал порано дека некаде се брзал, ама 99% од луѓето отидоа првиот термин свесно кршејќи ги сите протоколи само за да избегнеле гужва, нема врска што ко сардини беа наредени на старт и не можеше да се спроведе предвидената дистанца од 2м, битно гужва да се избегнело дур трчале. Исто така супер што мора сите со маски да влагаме, ама нитуеднаш не се нагласи дека од страна имаме црни ќеси за да ја фрлите маската ако ни пречи во трчање (ако имало на старт, дека јас на финиш ги видов само), јас во џеб си ја носев, ама знам дека некој ќе ја фрли на било кое место за да не му се плетка, не знам што менуваше да се нагласи. Со температурата мерење беше комедија, ако си 37.5 те пушта, ако си 37.6 те враќа и ти вика ајде оди прошетај и пак дојди. Потоа видоа дека нема никој да проверат со тоа темпи и дека во 8:45 десет души се пуштени само, и прашуваа да креваме рака кои биле проверени, па све живо и диво крена рака, пола неизмерени поминаа. Труд вложен да, ама толкави пропусти во организација што едноставно искрено сметам дека целиот настан не требаше воопшто да се одржи, бар не на ваков начин. Точно народот е таков каков што е, ама организацијата е таа што треба да превземе мерки за да се справи со тој народ. Среќа позитивниот вајб не држи сите нас, па овие пропусти брзо ќе ги заборавиме.
Да не испадне дека од гомно подолу ги направив, јас сум трчал на трки каде што редарите те праќале во погрешна насока да трчаш, само сакам да посочам огромни аномалии, кои сметам дека најголемата спортска атлетска манифестација во Македонија не треба да ги дозволи, особено не кога котизација за трките е по 20 евра и имаме изградено одлична репутација кај странските и домашните тркачи. Е сега, има и добри страни, после 2016 година беше овозможена најдобра гозва на финиш, буквално имаше се што може да му е потребно на еден тркач(вода,електролити, кроасани,банани, лимони, чоколадца, смоки, минерали во прашеста форма, гелови за масирање после трка...), полицајците (бар тие јас на кои наидов) од петни жили се трудеа да ги сопрат дивите возачи на скопските улици со итни потреби во недела во 9 сабајле, имаше голем број на фотографи на многу места.
Браво за публиката што излезе и не бараше изговор во сонцето за да остане дома, јас имам доста трки трчано без публика, се имам навикнато, така да не ни очекувам атмосфера и секој глас и подршка ми е изненадување. Но срце ми се полни кога гледам како некој на финиш оди, се распаѓа и ти со твоето “браво, ајде уште малку, не се давај, метри се во прашање“, ќе го мотивираш да почне пак да трча. Ни рекорди, ни медаљи, ни истрчани трки, никое чувство не е поубаво од ова, ќе ти го разубави денот. Браво за @Feisty, @Ilumious, @Krk1 (ако не сум те помешал ) кои ги сретнав денес, како и за останатите кои не ве знам, ама сигурен сум дека сте дале се од себе и дека му пркосевте на жешкото до финална победа.
Јас немав некој резултат за вечно паметење, ама среќен сум што си ја истрчав трката и покрај сите отежнати околности, пред се сонцево и мојата огромна тркачка пауза од 11 месеци до овој септември, па овој еден единствен месец немав време да направам база и да удрам повеќе на километража, вратив малку од брзината и отидов на Скопски, бидејќи ко дрога е трчањето, ти бара телото малку адреналин