Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Во Ми Стор Amazfit GTS беше 7700 денари. Бест бај.

Инаку, јас стигнав до шеста недела, трет ден по C25K (5 минути одење, 22 минути трчање, 5 минути одење). Првпат откако почнав да трчам средината на мај (со огромна пауза во јуни) истрчав 20 мин без застанување. На Страва како што забележав додека трчав ми даваше темпо 6.08/km. Севкупно 7.38/км трчање+одење. 5км за 37 минути.

Во петокот ми се деси мало срање, денеска со страв трчав. И порано ми се има случувано, од анксиозност знае паника да ме фати ако не ми се смирува срцето после физички напор.

Друго нешто што забележав како мал напредок - кога почнав да го мерам пулсот со саатот, ми одеше до 185-190. Неќна кога трчав држеше стабилно 170, па на крај кога ми дојде напор се качи до 180... Дефинитивно ми е симнат за 10BPM или така нешто.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325

Мал совет ... ако ти рипа над 170 т.е. се доближуваш до 180 застани, успори.

185-190 претпоставувам ти е MAX HR ... тоа да го држиш подолго од неколку минути и не е баш препорачливо.

Такви тренинзи со откуцаи до Макс. се прават поретко, 1 неделно да речам ... интервали од 400м до 1000м нели зависи од спремноста, каде стигаш до Max HR, па имаш одмор 2-3мин и идеш пак неколку повторувања.

Тешко е на почеток да го држиш низок пулсот ... но подобро да трчаш (или одиш) 7-8мин за Км ... на 150 отколку 6мин Км со пулс 170.

Мое лично мислење :) може и да грешам, поздрав
 
Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
И не само тоа, тоа е блиску ако и не е lactate threshold, т.е напор на кој се ствара висока концентрација на млечна киселина во мускулите, и наредниот ден има да си воспален ептен. Затоа зборев јас да не се замара многу со колометрите и со брзината, од еден искусен спортист кој трча и маратони и вози точаци ко луд, советот кој го добив кога почнав и јас да трчам а бев прилично активен (претежно HIIT ) беше најбитно на почеток е времето поминато на нозе, безразлика дали ке трчаш или одиш. Затоа за почетници е лошо да се преоптоваруваат со јако темпо. Кардио кондицијата се развива баш на мало оптоварување од <140 BPM. Јас не сум некој искусен трчач, ама не гледам поента да брефташ и да се преоптоваруваш и наредниот ден да неможеш да одиш и да си воспален vs. да си трчаш лагано темпо кај што можеш да го контролираш дишањето а со тоа и HR-тот и да уживаш во тие половина до саат време спорт. Знам и мене многу ми се брзаше лани кога почнав прв пат да трчам и да се спремам за скопски маратон - трчав полу јас, ама јас имав вежбано Insanity 5x2 месеци и бев во добра форма, ама трчањето е ептен различен тип на кондиција и си треба време за прилагодување. Затоа годинава си фатив лагано да си трчам по 5/6/7 и еднаш неделно 10км ама споро темпо, оти можам да се испукам и јас 5км за 25мин ама наредни 2 дена да неможам да одам.... Уживај во трчањето и не се претегај трчај полека.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Во Ми Стор Amazfit GTS беше 7700 денари. Бест бај.

Инаку, јас стигнав до шеста недела, трет ден по C25K (5 минути одење, 22 минути трчање, 5 минути одење). Првпат откако почнав да трчам средината на мај (со огромна пауза во јуни) истрчав 20 мин без застанување. На Страва како што забележав додека трчав ми даваше темпо 6.08/km. Севкупно 7.38/км трчање+одење. 5км за 37 минути.

Во петокот ми се деси мало срање, денеска со страв трчав. И порано ми се има случувано, од анксиозност знае паника да ме фати ако не ми се смирува срцето после физички напор.

Друго нешто што забележав како мал напредок - кога почнав да го мерам пулсот со саатот, ми одеше до 185-190. Неќна кога трчав држеше стабилно 170, па на крај кога ми дојде напор се качи до 180... Дефинитивно ми е симнат за 10BPM или така нешто.
Ајде вака, колку е твој максимум на ХР ќе си пресметаш сам мн фактори играат тука, за некој е 150 за друг може да биде и 200 зависи и големина на тело, твоја висина старост и слично. Али да 180 е високо, 170 исто е високо ама чим согледуваш дека се намалува на прав пат си (би ти рекол да намалиш малку ама тоа ќе беше да беше на почеток на програмата не после 3 месеци кога телото веќе стекнало некоја рутина)
Инаку се што ти пишаа другите е исправно

е сега за да не успоруваш на сред програма јас би ти рекол да внимаваш малку повеќе на дишење (висок пулс може да биде и од неправилно дишење) па ако го подобриш тој дел очекувам дека би спуштил барем до 160 (не дека тоа е ниско ама со вежбање ќе намалиш после и повеќе)
Незнам како дишиш ама длабоко вдишување и длабоко издишување воопшто не е препорачливо и секогаш гледај да се асиметрични пример две вдишување 3 издишување
Пробај на нос да дишиш, два чекори зимаш воздух, еднаш вдишуваш на едниот чекор следниот чекор исто
Потоа 3 чекори издишуваш на уста (никако континуирано)
Значи баш како темпото на трчање
Стапало удира подлога вдиши одредена количина (никако фул да се наполниш), следен допир со подлога пак вдиши
Е после тоа 3 пати на секој допир со подлога ќе испушташ дел од воздухот што си го внел (на почеток ќе е тешко да знаеш колку да испуштиш за да имаш за 3 чекори ама се е рутина
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Ова за дишењето ќе го пробам обавезно.
Јас и сега дишам недлабоко (длабоко не ни можам), само да го ускладам по некоја рутина.
Имам јас неправилна назална шуплина јас т.е рскавицата ми е крива внатре. Бившиот ми тетин е оторинолог и рече дека е пожелно да се направи операција за да немам проблем на постари години, ама сега за сега немам намера да ми кршат рскавици. Пола живот носот ми е полузатнат, што од пролетна алергија, што од синуси, што од анатомскава деформација. Имам проблем со вдишувањето јас, тешко ми е преку нос кога имам напор.
Затоа и грлото ми се суши превише, 60% од вдишувањата ми се преку уста.

Што се однесува до темпото - таман ми е, барем така мислам/се осеќам. Не се забрефтувам на крај од трчање, ниту пак наредниот ден сум укочен во нозете. Сепак не бев улежан и пред да почнам со трчањево т.е пред коронава (март, почнав да трчам во мај).

Што се однесува до пулсот - нареден пат ќе се измерам мануелно и ќе споредам. Сумњам колку е точен саатов и не знам дали точно го местам на зглобов (го местам малку поназад од зглобот). Воопшто не се чувствувам како е да 170, на пример.
Мада јас како што сум паничар - ќе се измерам 170 и од паника дека ми е пребрзо ќе се качи на 190. Ова е проверено :)
Неќна од суво грло не можев да си ја голтнам плунката после трчање и паника ме фати...
 
Последно уредено:
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Ако имаш време и те интересира читни
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Ме исплашивте со пулсов, неќна ве послушав и малку успорив. Се држеше околу 150-155. Го истрчав истиот ден од C25K програмата (5 мин одење, 22 минути трчање, 5 минути одење).
@wiksa - Го пробав дишењето, не е лошо, како да ми се смири и пулсот малку.... Само на пример, ќе го терам 5 минути и после по старо, губам концентрација во тој дел, не ми е рутина.

Овие се од апликацијата на Амазфит

IMG_20200806_164935.jpg

IMG_20200806_164952.jpg

И од Страва

IMG_20200806_165009.jpg

А овака беше претходно, со малку побрзо темпо и побрз пулс

IMG_20200808_104407.jpg
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Ме исплашивте со пулсов, неќна ве послушав и малку успорив. Се држеше околу 150-155. Го истрчав истиот ден од C25K програмата (5 мин одење, 22 минути трчање, 5 минути одење).
@wiksa - Го пробав дишењето, не е лошо, како да ми се смири и пулсот малку.... Само на пример, ќе го терам 5 минути и после по старо, губам концентрација во тој дел, не ми е рутина.

Овие се од апликацијата на Амазфит

Прегледај го приврзокот 261703

Прегледај го приврзокот 261704

И од Страва

Прегледај го приврзокот 261705

А овака беше претходно, со малку побрзо темпо и побрз пулс

Прегледај го приврзокот 261708
Види дишење е мн тешко да стане рутина, треба да се навикне мозок, тело, бели дробови има мн работа тука тоа што еднаш си пробал и си се губел не значи дека треба да прекинеш да обрнуваш внимание на тоа. Сети се еднаш и трчањето не ти беше рутина нели :)
Јас и после неколку години од кога почнав да трчам и да го практикувам ваков стил на дишење некогаш едноставно се исклучувам и се губам па дишам „нормално“ 1-за-1 вдиши издиши ама чим приметам (а некогаш се и минути во прашање) дека сум забегал од рутината на дишење одма почнувам да се фокусирам на тоа. Јас на твое место би се фокусирал доста на тоа за да ми биде полесно и не толку напорно.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
570
Поени од реакции
862
Пробај истото темпо да го истрчаш во 6 сабајле да видиш колку ќе биде понизок пулсот. Не го потценувај топлото време, тешко за дишење и т.н.
Кај мене се случува во 7 попладне пулсот да се движи во просек 155 па последни километри и 170-175 а во 6 сабајле истото темпо да го испукам со просек 135. Многу игра улога свежината на воздухот и самото тело колку го дига пулсот за да се олади

едит:никогаш не трчај преоблечен
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
После 5-6 години легачење и НУЛА спорт, решив да трчам по 2 пати неделно.
ВО последниве месец дена имам истрчано 8-9 пати, во кругови на стадион.

Првиот пат истрчав 8 кругови, мала пауза па уште 6. Покажа 5.77км за некаде 39:50 ако не се лажам. Стопирано на паузата.
Дишењето колку толку го контролирав, ама се гледаше дека легачењето од 5 год си го земало данокот.
Од третиот пат наваму, правам 12-3+ кругови без престан. Мислам дека од 4-5то трчање наваму, трчам по 15 кругови, со подобрување на времето.
Последниве 2 пати, истрчав 15 кругови без одмор или 6.24км, со темпо 5-45 по километар.
Околу 36 мин некаде.

Не планирам да бидам маратонец или спринтер, па некој совет ако може.
Мислам дека треба да променам нешто, ама нз шо.
Дали да трчам ист број кругови за побрзо време или па да пробам да трчам 20 кругови, за 6-30 по километар на пример?
Пулсот нз колку ми е ама не верувам дека се оптеретувам нешто многу, оти последните 200-300 метри имам сила секогаш и ги трчам спринт, а дишењето во 90% од случаевите ми е иправно. Ако се изморам малце, успорувам темпо па пак забрзувам и така во круг.

Ако нешто менува, 189 сум висок и сум некаде околу 98-99кг. Имам малце стомак ама во глобала сум онака по крупен, не дебел.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Има непишано правило дека одредена дистанца треба да ја истрчаш 3 пати пред да накачиш километража. :D Исто така, ако планираш да си трчаш неколку пати неделно, остави еден ден за long run - поголема километража ама со константно темпо, да не осцилира брзината.
Можеш еднаш неделно да трчаш и интервали, пример 10 мин загревање, минута брзо темпо во стил да не знаеш кај се наоѓаш, минута одење, ова 10 пати повторено и потоа 10 мин ладење. Како пример го дадов ова, има куп интервали по интернетов само не го прави ова повеќе од еднаш неделно зошто истоштува.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
После 5-6 години легачење и НУЛА спорт, решив да трчам по 2 пати неделно.
ВО последниве месец дена имам истрчано 8-9 пати, во кругови на стадион.

Првиот пат истрчав 8 кругови, мала пауза па уште 6. Покажа 5.77км за некаде 39:50 ако не се лажам. Стопирано на паузата.
Дишењето колку толку го контролирав, ама се гледаше дека легачењето од 5 год си го земало данокот.
Од третиот пат наваму, правам 12-3+ кругови без престан. Мислам дека од 4-5то трчање наваму, трчам по 15 кругови, со подобрување на времето.
Последниве 2 пати, истрчав 15 кругови без одмор или 6.24км, со темпо 5-45 по километар.
Околу 36 мин некаде.

Не планирам да бидам маратонец или спринтер, па некој совет ако може.
Мислам дека треба да променам нешто, ама нз шо.
Дали да трчам ист број кругови за побрзо време или па да пробам да трчам 20 кругови, за 6-30 по километар на пример?
Пулсот нз колку ми е ама не верувам дека се оптеретувам нешто многу, оти последните 200-300 метри имам сила секогаш и ги трчам спринт, а дишењето во 90% од случаевите ми е иправно. Ако се изморам малце, успорувам темпо па пак забрзувам и така во круг.

Ако нешто менува, 189 сум висок и сум некаде околу 98-99кг. Имам малце стомак ама во глобала сум онака по крупен, не дебел.
Како што ти пиша @Ilumious прво постави си цел, пример 10км без престан и не се оптеретубај со времето (океј нели да не биде 10км за 3 саати со 100 ќебапи у меѓувреме). Кога ќе ја оствариш таа цел види ги времињата што ги имаш и според нив постави си разумно време на темпо што сакаш да го имаш па пробувај да стигнеш до тоа. Интервали се супер тренинг ама јас би ти рекол тоа подоцна кога ќе билдаш темпо кога билдаш дистанца. Може е непишано правило 3 пати дистанцата пред да зголемиш, ама јас би советувал да го слушаш телото, по готово што трчаш на стадион прелесно е да зголемиш постепено. Пример сега трчаш 15 викаш, ако после нив не осетиш замор следен пат зголеми на 16 круга (мали зголемувања и не се проблем, лошо е да рипнеш од 15 на 20-25 кога не си го познаваш организмот), и вака со мали покачувања ќе идеш до посакуваната дистанца
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
8AEC627E-00BF-4F99-8D3B-871168A4E66D.png
Трчањето покрај девојка ми не го бројам со нејзиното темпо и барање на најрамната патека е мн полесно, искрено мислам дека не е убаво измерено искачувањето зашто онаму каде што се гледа дека ми е темпото заникаде е доста долга и стрмна угорнина а според апликацијава е едвај 30 метра (мада мислам дека тоа е искачување а не дожина, должината на тој дел е сигурно барем 250-300м)
Искрено знаејќи дека долго не сум трчал (а и со девојка ми ретко трчам) ова ми е одлично време (иако на себе си викам дека е мизерно и дека морам мн да подобрам :) )
Ќе се потрудам да сум малку поактивен со трчање, а може и да дадете препорака за апликации кои најчесто ги користите за да се за следиме и мотивираме
А наскоро се надевам ќе се подноват и со саат за трчање па ќе биде уште подобро нема да носам телефон :)))

пс некој од поискусни е саатџии дај те препорака (чекам да видам што ќе презентираат apple, ама ако не е добро се мислам за garmin vivo active 4,или може некои xiaomi (кај овие единствено што не ми се допаѓа е што се прилично големи оние подобрите модели)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom