A
Avenger99
Гостин
Кој е овој аутлет кај Лисиче? Онај на СпортВижн на булевар Србија одма до Еуроимпекс?Ако имаш лопата стапало како што пиша, тогаш Lunarglide е патика за тебе, тоа со U и V што имам зборено, беше дека Pegasus V форма е напред, додека Lunarglide е U. Ама овие што ти ги кажав не се во истиот ценовен ранг со Downshifter, Downshifter е во ценовен ранг со Revolution пример од Nike. Претпоставувам дека сакаш рекреативно од време на време да се бавиш со трчање, па гледаш нешто ефтино да убодеш, едната опција ти е во Лисиче аутлетот (првиот од улицата) да висиш цело време бидејќи јас сум купил и Lunarglide и Pegasus за 2к-2.5к, а обично се 4к-5к-6к, новите модели ги бустаат и до 10к (што нормално ако даваш веќе толку пари за патика за трчање нема теорија за овие два модели да се даде), а и двете се каде каде подобри патики од Downshifter. Другата опција ти е да одиш со патиче како Downshifter, e сега Downshifter многу често се наоѓа за таа цена, бидејќи и нормалната ако не се лажам обично им е 3.7к така да често ги спуштаат. Не сум сигурен дека Downshifter ќе е добра за твоето стопало, мислам дека би имал мака напред според ова што пиша (тесно би ти било на прстите, ноктот од едниот ќе ти се забива во кожата на другиот прст, гној, рани и такви ствари), но најдобро е да пробаш, напред би требало да е нешто измеѓу Lunarglide и Pegasus, е сега за другото, лесна патика е, брзо се троши според мене (се губи заштитата и веќе ако лошо трчаш немаш никаква подршка, и оптеретуваш зглобови и колена, на бетонот на кеј би било многу лошо, ако имаш вишок килажа + истрошена патика + бетонот има шанси за сериозна беља). Пак ќе ти кажам ако трчаш еднаш во неделата, или еве 6-7 пати месечно некој просек, и секако ако ти е добра на нога, зимај ја, но ако трчаш почесто 5-6 пати во неделата на пример, те советувам да не ја зимаш и да начекаш нешто на попуст поквалитетно. И секако, зимајте на попуст повеќе пара кога има добри зделки, за да имате тогаш кога ќе нема попусти.