Не сум толку утепан кондициски (т.е не баш couch lvl), не престанав со теретана/кардио до февруари годинава.
Лани до октомври може и да бев во најдобра форма кондициски, се убивме играјќи фудбал цело лето, се осеќав како да сум основно школо после распуст. Кога почнавме во мај 2019 да играме, едвај издржував едно полувреме од пола саат на игралиште. Во септември се осеќав спремен да изиграм 2 утакмици по ред со здраво трчање.
Го почнав трчањево за здравје, кондиција, да ми даде мотивација да ја пазам и исхраната и да се чувстувам дека имам цел во животов и да се придржувам кон тоа (да скинам 10кг), како и веќе ми здосадија теретани. Се враќам/враќав (работам од дома) во Штип од Скопје во 17:30, во теретана до 19:30 минимум.
Свесен сум дека ќе залади за некој месец и дека пак ќе морам да влезам до теретана и нема да има услови како сега за трчање, ама до тогаш, здравје Боже, да се посветам и одделам нешто од слободното време на она што го пишувате над мене.
Благодарам на сите за досегашните совети.