Еј немојте многу да се потпирате на вообичаените временски услови за тој и тој месец, пример минатиот мај идеално беше за трчање на Скопски, а важи за маратон со пеколни услови, оваа зима ни з видовме од зима, скоро цело време во плус, снег не видовме. Исто во март, гледам пред некој ден слики таму снег имало пред неколку години, сега со кратки се шетаат луѓе 22 степени беше денес. Така да ништо не е гаранција дека и во октомври нема да пукне 30+ степени и дека ќе е претопло на трката, се е пореметено со климатските промени, на се бидете спремни. Мој совет е да си трчате и на топло и на ладно, да ви е навикнато телото, последно што сакате е шок да доживее токму на трка, бидете спремни на се, а надевајте се на идеално време.