Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Да викнеме некој професионалец што се специјализира на 5км од ранкот на овие Кенијциве, сигурно ќе има време под 10 минути.
Ficiani брат извини сеа вака малце груб и без интерпункција брат ама немој да тепкаш барем од тебе очекував малце да гуглаш пред да збориш кога не знаеш ффс
 
А

Атомската мравка

Гостин
Сега сфатив. Работава зашто е така е што сите професионалци (читај: црнци :D) се специјализираат во полу маратонски и маратонски трки... На 5км беа претежно Балканци и рекреативци. Да викнеме некој професионалец што се специјализира на 5км од ранкот на овие Кенијциве, сигурно ќе има време под 10 минути. BTW:

42km: SAMAL Emmanuel, 1989, KEN, , 02:14:24, 3:11 m/km
5km: KELLEZI Ilir, MKD, 00:16:34, 3:18 m/km
Малце потешко дека 5км ќе истрчаат под 10 минути, моменталниот светски рекорд е 12:37 на Бекеле..
А кај нас нема такви времиња оти не идат професионалци (нема богати награди) а тие што победуваат кај нас трчањето им е рекреативно
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.964
Дечки годинава со време од 1:48:41 по мое лично убедување го сметам настапот за прилично неуспешен, планот ми беше да бидам барем неколку минути побрз од претходната година. Годинава сум побрз за цели 26 секунди :facepalm:
Како и да е повеќе фактори одлучуваа што годинава со 14 тренинга не сум многу подобар од претходната каде отидов на полумаратон со само 6 тренинга. Сонцето не' утепа годинава, додека претходната времето за трчање беше перфектно, последните три недели со само три трчања бев поради работни обврски и тоа имаше свој удел во слабиот напредок во однос на претходната година.
Се' на се' трката ми се допадна, сепак мислам дека претходната година повеќе умор осетив иако сонцето годинава беше голем непријател. Пакетите беа нешто побогати, организацијата ми делуваше ок, имавме добра поддршка од гледачите и неколку транспаренти што измамија насмевки :) Од утре или евентуално задутре се враќам на мојата примарна активност и секојдневие, тежинскиот тренинг, секако и по нешто кардио ;)
@sajSiGa
Јадев од новиот бар со црно чоколадо и многу сум задоволен од вкусот, со 35% протеин се добива солидна количина бидејќи еден бар е 60 грама, останува да видиме колку ќе бидат финансиски исплатливи за да ги внесеме во поредовна исхрана ;)

Тоа е за годинава, I'll come back next year to fail better ;)
 
СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52

Moи времиња претходниве три години:
2012 - 1:44:42
2013 - 1:48:22
2014 - 1:55:12

Бар не идеш назад >.<

П.С. Новиот чоколаден бар од ванила го пробав, и ми беше одвратен.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Оваа година без ниеден тренинг истрчав трчав на 5км и онака бев просечен за 24 минути истрчав, прошла истотака без тренинг 23 истрчав, ама оваа изгледа многу торта јадев деновиве и тоа ми влијаеше на брзината или некој детали во темпото. :D Ептен добри фотки има, иако мене на фотките ме има само како клечам, добро е што не сум паднат :rolleyes: Свака им част на момците кој беа во количка и истрчаа и за оние со даунов синдром, истотака браво за сите што трчаа со мали дециња, или со бебиња во количка, ептен мотивационо делуваат, во стилот чим можат они можеш и ти :) Оваа година ми е втора што се пријавувам на 5км, планирам за следна веќе да се спремам полека за да постигнам што подобро време, па за некој 3,4 години и на полумаратон да залутам :) И свака им част на Македонците што остварија пласман и завршија на полумаратонот и маратонот :cuc: :cuc:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Ficiani брат извини сеа вака малце груб и без интерпункција брат ама немој да тепкаш барем од тебе очекував малце да гуглаш пред да збориш кога не знаеш ффс
Добро де, претпоставка беше.. ете не сум утнал за многу, 12:37 мин бил рекордот на некој Кенениса Бекеле :)
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Додека ме држи еуфорија и водено нервоза за проблемот што ми се задеси, кажувајте каде можам да купам евтини/аматерски комплет за трчање :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Член од
21 октомври 2007
Мислења
99
Поени од реакции
58
Сега ги гледам резултативе и не ми е јасно, што е разликата меѓу Time и Net time? Зашто некои со послабо време се на списоков пред некои со подобро.
Инаку супер беше маратонот, се надевам дека идната година ќе има повеќе публика што ќе ги бодри натпреварувачите.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414

Не знам кај гледаш time и Net time зашто има clock time и chip time. Како и да е, на истото се однесува. Едното време е од кога пукнал пиштолот за старт а другото е откако натпреварувачот поминал преку стартна линија.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Тука гледав http://www.sportido.hu/timing/result.nsf/Event.xsp?clientid=36&raceid=257&eventid=3, ама во меѓувреме видов дека ги објавиле резултатите и на официјалниот сајт, така што сфатив, фала во секој случај
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
Јас трчав на 5км со време под 30 минути :D Бидејќи првпат учествував немам некои замерки, едино на идиотите што на свиокот на Илинденска према Рузвелтова кратеа бааги од патеката. Која е поентата? Самиот ќе се лажеш со подоброто време?

Со тоа мало спремање што го имав сум задоволен од истрчаното. Без запирање/одење, со одредено темпо и забрзување при крајот. Наредна година здравје можно е да се пробам на полумаратон.
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Очекував многу повеќе од себе годинава ама ете ја платив цената што трчам само кога е свежо, поточно ноќе... сонцето ме утепа и наместо зацртаните саат и 35 мин само 1:40 што е подобрување за 5 минути во однос на претходната година ама сепак. Како и да е, одлична беше атмосферата како и секогаш, маратонците се сите кул луѓе зошто би било поинаку? :P
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Најдобро пласиран Македонец на маратонската трка беше Александар Кираџиев кој го освои петтото место.

Браво за типов, секоја му чест, кој и да е :cuc:
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Додека ме држи еуфорија и водено нервоза за проблемот што ми се задеси, кажувајте каде можам да купам евтини/аматерски комплет за трчање :)
Значи за трчање најбитно е патиките да ти бидат за трчање по асфалт. Би требало можеш да најдеш по скопските продавници за 2.000 и нешто денари стари модели (барем јас наоѓав такви Рибок во МегаСпорт, позади Ајриш паб). Другото ти се шорц, маичка... тие битно е да ти бидат комотни. Ако се навлечеш ќе почнеш да купуваш патики од 100€ шорцеви и маички од по 2.000 ден :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom