Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
Епа не се пријавувај ако ти е страв, што прашувате, сешто. Некој на форумов да ти каже пријави се, да ти бидне нешто и после на форум Кајгана така ми кажаа. Не сте деца сами да не можете да донесете една одлука.
Ај прочитај уште еднаш и види кај има прашалник.. прашав мислење дали ќе се одржи не дали се пријавам...
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Барам еден совет, повеќе е за психолог, ама ете, да прашам тука:

Имам голем проблем при трчање, ме фаќа анксиозност/паника кога трчам и пример, на саатот што го носам пулсот ќе се качи над 165, 170, 171...
Мислам дека ќе ми се слоши, ќе ми отиде 220 или дека ќе ми се случи нешто ако е толку висок на подолг период. Од паника го вадам саатот и продолжувам така да трчам.
Физички, не чувствувам дека имам тегоби со таков пулс. Ниту пак сум изморен физички претерано кога ми се случува тоа.
Исто, ми е страв да се измерам рачно на каротидата во тој момент. Овој проблем не ми е откако трчам, ми се случувало и порано кога играм фудбал или имам некоја захтевна физичка активност. Како да имам фобија од висок пулс, не знам како да објаснам.

Знам дека решението е да не го носам часовникот, ама сепак би сакал да си го носам додека трчам. Еден куп корисни статистики ми вади.
Исто така, знам дека можно е да не е точно мерењето и да е "cadence locked".

Не знам што да правам у пм...
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041

Па не глеј пулс. Трчај док можеш. :D Чат пат ја читам темава глеам ти давале совети као да почнеш да трчаш, имаш 170км истрчано, ако ти е само за слабеење и кондиција батали пулс, трчај 5-6 км на 7.0 темпо или колку и да ти е нормалното што можеш да го издржиш и чао.

Ова сигурно е глуп совет ама ја се водам по мене, ја трчам 10км на 5.0 темпо со обична штоперица на рака. Нит пулс знам колку ми е нит ништо. :D

Иам еден другар исто е опседнат со пулс со темпо. Конкретно се пријавил штафета на маратонов, 13км ќе трча а нит тренира сериозно нит ништо, некад со мене ќе искочи и ќе истрча 4-5-6км и толку. И му викам као планираш бе да истрчаш 13км, коа макс ти е 6 и тоа на секои 2-3 дена.
И ми вика брат па на 6.0 темпо ќе трчам или на 6.30 макс, ќе внимавам на пулсот, да не ми иде над толку и толку и ќе ги истрчам, нема да иам проблем. А НИКАД У ЖИВОТ НЕМА ТОЛКУ ИСТРЧАНО, макс му е 8ца на 5.0 темпо. Уште 2-3 пати да искочам на тренинг и спремен ќе сум.-И му викам ко ќе ти откажат мускулите ќе се чудиш да ти ебам пулс ја твој.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Трчањето колку што си бара физичка подготовка толку бара и психичка.

Јас на пример прв пат кога трчав 10к на маратон претходно немав истрчано повеќе од 6-7к. Ама претежно трчав на пострмни патеки. Така што без проблем ги истрчав тие 10к со темпо 5:10 или 5:15 (така нешто). Можев и побрзо ама бидејќи тогаш ми беше прв пат не знаев што да очекувам и не сакав да форсирам, посебно на старт (нели да не ме понесе толпата :) ).
И тоа тогаш не користев ниту часовник ниту алка, само мобилниот на рака, слушалки, музика и трчај :)

Се има плус и минус. Добро е да знаеш колку ти е пулсот, темпото итн. ама ако премногу се замараш со тоа повеќе ќе ти одмага отколку што ќе ти користи. Посебно за дистанци до максимум 10-15к
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Барам еден совет, повеќе е за психолог, ама ете, да прашам тука:

Имам голем проблем при трчање, ме фаќа анксиозност/паника кога трчам и пример, на саатот што го носам пулсот ќе се качи над 165, 170, 171...
Мислам дека ќе ми се слоши, ќе ми отиде 220 или дека ќе ми се случи нешто ако е толку висок на подолг период. Од паника го вадам саатот и продолжувам така да трчам.
Физички, не чувствувам дека имам тегоби со таков пулс. Ниту пак сум изморен физички претерано кога ми се случува тоа.
Исто, ми е страв да се измерам рачно на каротидата во тој момент. Овој проблем не ми е откако трчам, ми се случувало и порано кога играм фудбал или имам некоја захтевна физичка активност. Како да имам фобија од висок пулс, не знам како да објаснам.

Знам дека решението е да не го носам часовникот, ама сепак би сакал да си го носам додека трчам. Еден куп корисни статистики ми вади.
Исто така, знам дека можно е да не е точно мерењето и да е "cadence locked".

Не знам што да правам у пм...
Ако е рачен сензорот на саатот може и да греши, не е секогаш точен.
Ако се чувстуваш добро физички и не осеќаш дека имало некакво нагло забрзување на пулсот немаш гајле. Башка не е многу висок пулс 170 за трчање, јас на полумаратон вадам просек 183-185 :D. Мој совет не се замарај со пулсот се додека се чувствуваш нормално.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ако се покачува де, не е ништо страшно. Како што повеќе трчате во таква зона (сега не некој да му експлодира аортата ебате), така повеќе се намалува resting heart rate и се формира брадикардија (google it, ме мрзи да објаснувам а и ме удри пивото : D )
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
196
Поени од реакции
364

Ја поише испаничив за нискиот resting HR (40-50), отколку на трчање кога се дешавало да ми отиде 170 :D Не обраќајте многу внимание на HR дур трчате, ако се осеќаш добро - терај си, слушај го телото. Ми се дешавало на лесни трчања да лупа околу 160, а при брзо темпо да се движи околу 145-150.

Штета ме осакатија повреди цела година и не можам да фатам конзистентност. На скопски да даваа награда за најпропаднат тркач, годинава ја зимав со сигурност :D Се надевам само дека ќе ме послужи ногата и ќе успеам да истрчам без некоја голема болка. Амин
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
Screenshot_20200920_192759_com.strava.jpg

Галичица Ултра
12 часа 55минути
Од 13 саата 12 скроз сам трчав без многу форсирање, арно ама бев обложен со еден дека под 12 саата ќе истрчам и почнав да трчам јако накај 55ти км :D трчај 500м пешачи 200
Ја мислев дека е јако кога ќе видам пејс 8:00-8:30 :D

На Велестово веќе ме стемни и викам сигурно нозе нема да искршам по темново и до крај попешачив. Последниве 7км ги терав саат и 45 ама баш со пазење секој чекор каде газам. У нормални околности ова се трча за 45-50минути. Тука изгубив многу време инаку околу 12:00-12:15 ќе финиширав.

Одлична маркација, организација само мала замерка што многу доцна почна 66ката од 7:30. И јас а и многу други мислам не би имале проблем да почнеме и од 4 сабајле саат два по темно кога си свеж, него ли вака.
И мислев дека лошо ќе ми е денес у смисла на скали симнување, ама тоа само после Титов врв скајрејс ми се деси 3 дена одвај одев.
А денес и една 5ка лабава истрчав, доказ дека вчера не сум гинел со 110 посто, што е одлично :D и дека сум се хидрирал на време и геловите на време сум ги земал.
Се ближи првата 100ка за година-две се надевам

Трчаше некој?
 
Последно уредено:
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Трчаше некој?
Ако може да се нарече трчање :) ... многу лош терен за трчање, освен делот Асан Џура до Летница, а и таму малку зезаа кравите :)
Не сум навикнат да трчам по толку карпести предели и камењар.
Имав проблем со стомакот од 32К до Асан Џура, таму здрвив една кока кола и се опраив
https://www.strava.com/activities/4084561148

1600695015637.png

@Feisty мислам дека си печен за 100че :) ... 3-4 месец фокусиран тренинг нема да имаш мука.
 
Прегледај го приврзокот 267427

@Feisty мислам дека си печен за 100че :) ... 3-4 месец фокусиран тренинг нема да имаш мука.
Супер си и ти, имаше и многу откажувања, солидно е ова :D

Тренинг никаков немам јас, шо се однесува на висини, водно 42 и пелистер 31 и тоа е ни еден км трејл немам, а оттогаш има 5 и 8 недели :D
Да не збориме за здрава храна
 
Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
Маратонци кажете исхрана пред трката денот , денот на трката и за време на трката што јадете? Гелови сте користеле и какви? Лани една банана и кафе имав пиено пред Скопски - полу и кај 16 изгубив енергија скроз(се лупнав у зидо) за време на трка само вода.. среќа имаше таму при крај шеќер и електролити па се вратив у живот, па гледам овој пат да го избегнам ова.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
Макарони, шпагети, ориз такви јагкехидрати недела две пред трка. Не секој оброк, туку зголемено у споредба со нормално што јадеш. Јас не јадам, 2 саата пред трка може 30-40грама бадеми и една банана пола саат пред трка и така терам. Гелови од Полео Спорт ми се добри, ама прво пробај ги на тренинг да не имаш некои проблеми. За полумаратон и еден ти е доволен кај 13-14ти км, само одма пиеш вода коа ќе го испиеш гелот. За цел маратон два, еднаш претерав пред 4-5 години со 4 и ме болеше стомак, џабе гелови ко прејако тргнав :D
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Маратонци кажете исхрана пред трката денот , денот на трката и за време на трката што јадете? Гелови сте користеле и какви? Лани една банана и кафе имав пиено пред Скопски - полу и кај 16 изгубив енергија скроз(се лупнав у зидо) за време на трка само вода.. среќа имаше таму при крај шеќер и електролити па се вратив у живот, па гледам овој пат да го избегнам ова.
Неколку дена пред ако моеш и недела дена ... храни се поздраво, појше овошје зеленчук и колку моеш намали акохол
Meне житарки ми одговараат сабајлето пред трка (едно 2 саата пред трка).
Рецепто

За време трка на секој 10К по еден гел ... значи на старт, па на 10 ... 20 ... 30К.
Треба да си пробаш секој е различен.
Ги нарачувам од NoLimit ... PowerBar или Amix, еднаш земав и ISOSTAR.

п.с. Електролити имаат добри во NoLimit од PowerBar ... шумечи.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Deneska trcev 3500metri za 20 minuti..mozam li do maj 2021 da se spremam za 5km na Skopje marathon..mislam da imam sansi za pobeda..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom